Фенг шуи — наука, религија или суеверие?

Во последно време многу луѓе се заинтересирани за фенг шуи, па дури може да се рече дека фенг шуи денес е во мода. Но, колку длабоко заинтересираните за фенг шуи ја разбираат неговата природа? Можат ли јасно да одговорат: што е тоа – наука, религиозно учење или обично суеверие? Каде се корените на фенг шуи? На тие и други прашања се обидува да одгвори авторот на оваа статија. На рамнодушните за кои е сеедно во што се верува и кои снобовски ги следат модните текови, малку веројатно е дека таа ќе им буде интересна. Статијата е упатена до оние што сериозно се однесуваат кон својот духовен живот и се сметаат сеебеси христијани, а најнапред до христијаните кои размислуваат да ли да се раководат со фенг шуи во својот живот.

Значи,што е фенг шуи? Фенг шуи од кинески се преведува какоo “ветер-вода”. Тоа учење се појавило во Кина во IX век . Интересно е да се забележи дека Лилиан Ту , популарниот гуру на современото фенг шуи, која неговото потекло го датира во IX век, во некоја своја друга работа пишува: “Кинезите практикуваат фенг шуи со илјадалетија”. Од каде ли ги нашла тие “илјадалетија”, таа не појаснува. Впрочем, како што забележа авторот, во трудовите на Лилиан Ту неретко се сретнуваат доволно противречни тврдења, а со многу од нив ќе се запознаеме подробно понатаму. Така, совремеите следбеници на фенг шуи тврдат дека постојат многу школи, при што “изворниот Фенг шуи се потпира на едни и исти концепции”. Разликите во различните школи за фенг шуи се само во практиката. Обидувајќи се да го определи фенг шуи, Лилиан Ту пишува: “Фенг шуи – тоа е збир древнокинески практични методи на живеење во хармонија со својата околина т.е. со структурата и измените на енергијата што нè окружува” ; “Фенг шуи – е искуство на правилно ползување на космичкото дишење, или ци – силата што циркулира во целата средина што нè окружува”; “Фенг шуи не е само наука за енергијата на “ветрот и водата” (така буквално се преведува терминот Фенг шуи), туку и искуство на ползување, привлекување и генерирање на таа енергија”. Од досега кажаното може да се изведе следното определување на фенг шуи: фенг шуи – е теорија и практика, со помош на кои човекот привлекува и генерира некоја енергија ци, и со помош на таа енергија ја хармонизира својата околина. Зошто е потребно сето тоа? На тоа се дава следниот одговор: “…циклусот на успеси и неуспеси може да биде суштински изменет, ако ги познавате тајните на земните енергии и начините за манипулирање со нив”. Под успех Лилиан Ту подразира: пари, здравје, власт, воопшто процвет. Лилиан Ту пишува: “…зголемувањето на приходите е еден од човечките стремежи кој најпросто се задоволува со помош на Фенг шуи” ; “Ако не ви е судено да станете голем бизнисмен, Фенг шуи ќе ви помогне да се збогатите, но нема да ве направи милијардер. Сè зависи од вашиот небесен успех”.

Се смета дека во основата на фенг шуи лежи учењето за енергијата ци. Да се запознаеме со тоа учење подетално. Ци – тоа е некоја “вибририрачка” енергија, која е распространета насекаде. Таа му ги дава на човек “силата и душата”. Лилиан Ту пишува: “Ци на човекот – тоа е духот што управува со неговата дејност. Вишокот (или недостатокот) на ци во телото го определува здравјето и животоспособноста на човекот… Кај различни луѓе ци се разликува со квалитетот и количеството… Ци на човечкото тело мора да се наоѓа во хармонија со ци на неговата околина”. Во друга книга Лилиан Ту додава: “Имено, ци привлекува изобилство, богатство, процвет, здравје, признание, популарност и среќа”. Од каде е земено учење за ци? Од таоизмот. А штом е така, ќе биде полезно да се види тао-концепцијата за ци.

Неопходно е да забележиме дека таоизмот е национална религија на Кина. Неговите изори лежат во практикувањето созерцание и медитација, кои се ползувале за достигнување на состојба на бестрастие и спокој, а исто така и за достигнување безсмртност. Овде нема подробно да навлегуваме во учењето за тао. За нашите цели ќе бие доволно да се запознаеме само со класичното тао-учење за ци.

Таоизмот е пантеистичен; Ци е енергија што ја проникнува целата Вселена. Класичниот пример што ја објаснува природата на ци, го дава старокинескиот скептик Ван Чун (I век по Хр.); тој тврдел дека материјата и духот се посебни состојби на ци, како пареата и мразот што се посебни состојби на водата. Материјата е “замрзнат” дух, духот е “растопена материја”, т.е. во таоизмот материјата и духот се едносуштни, тие постоеле секогаш и немаат Творец . Човекот живее во ци. Ци него го окружува од сите страни. Таоистите се стремеле да се слеат со ци и преку тоа да станат безсмртни. Притоа треба да забележиме, дека таоизмот учи не за управување со природата, туку поскор за оддавање себеси на неа. Целта не е да се измени светот, туку да се слиеш со него. Од каде таоистите дознале за ци? Преку медитација, како резултат на мистички просветлувања.

Што е фенг шуи за неговите следбеници: религија или наука? Лилиан Ту вака одговара на ова прашање: “Ние Фенг шуи го гледаме како прикладна наука, бидејќи законите Фенг шуи се формирале врз основа на емпириски податоци, собрани во текот на вековите”. И така, следбениците го сметаат фенг шуи за наука. Што се однесува до религиозноста на фенг шуи, се дава ваков одговор: “Фенг шуи не е религија”; “…тој практично нема ништо духовно или мистичко. Од вас не се бара компромис со религиозните верувања или идеолошки принципи, бидејќи во практикувањет не се потребни никакви молитви, жртвопринесувања или верувања”. Лилиан Ту не го смета фенг шуи ни за магија: “…Фенг шуи не е магија. А, не е ни духовна практика што би барала огромна вера во моќта на Фенг шуи или убеденост во неговата ефективност”.

За жал, авторот е должен да забележи дека тврдењето на Лилиан Ту во однос на тоа дека во фенг шуи не треба да се верува, е лага. Лилиан Ту пишува: “Додека немате потреба да верувате во фенг шуи, додека се сомневате, вие го исполнувате просторот околу вас со негативни енергии” ; “Ако сакате да го исползувате фенг шуи за подобрување на својот живот, трудете се да не бидете многу недоверливи. Откако неопходните знаења ќе “легнат на свое место”, вам дури ќе ви изгледа чудно, какоо не сте обраќале внимание на сите тие нешта, за кои се говорело во теоријата на фенг шуи” ; “Методиката на фенг шуи ќе проработи подобро, ако во себе поддржувате доверба кон неа”. Наведените цитати поскоро ги побиваат, отколку што ја потврдуваат изјавата на Лилиан Ту, дека не се бара верување во фенг шуи.

Да видиме сега колку е научен фенг шуи. Лилиан Ту пишува: “Јас морам да признаам, дека не можам точно да објаснам, какоо работи фенг шуи”. Развивајќи го прашањето на односот а современата наука кон фенг шуи, таа продолжува: “Теоријата што стои зад препораката на фенг шуи, може да им изгледа чудна на претставниците на западната научна школа. На пример, многубројните спомнувања за јинг-овите и јанг-овите аспекти на енергијата. Се претпоставува, исто така, прифаќање на фундаменталната претпоставка за тоа, дека целата вселена и сè во неа е створено од Пет Елементи: Земја, Вода, Дрво, Метал и Оган – кои стојат во односи на взаемно уривање и раѓање”. Ако фенг шуи е соодветна на стандардите на академската наука, зошто тоа учење го отфрлаат, како што тоа го признава и самата Лилиан Ту? А, ако тие го отфрлаат, тогаш зошто Лилиан Ту ги воведува во заблуда своите читатели, зборувајќи за научноста на фенг шуи? Каква е таа наука што ја одрекуваат научниците? Мора да се забележи дека науката е изградена на парадигма, од која се изведува научната слика на светот. Фенг шуи е основан на религиозното учење за тао, кој до сега не станал основа за научната слика на светот. Интересно е да се забележи, дека во предговорот на една од книгите на Лилиан Ту, нејзин почитувач пишува: “Фенг шуи е сложен предмет кој бара длабоко познавање на кинеските метафизички науки”. Но, кинеските метафизички науки немаат никава врска со академската наука. Во крајот на предговорот се вели: “Фенг шуи, исто така, се занимава со појавите на динамичките сили и енергии, кои науката уште не ги открила – од земните до вселенските простори”. Ако за науката сè уште само “претстои” откривањето на тие сили, можеби тогаш не вреди тоа да се прогласува за готов факт и фенг шуи да се класифицира како научна дисциплина? Можеби, ќе биде почесно да се каже дека теоретската база на фенг шуи е изградена на кинескиот мистицизам, каков што е таоизмот?

Лилиан Ту ги уверува своите читатели дека во фенг шуи нема никаква религиозност и дека секој човек може да го практикува без никакви компромиси за својата вера. Треба да се забележи дека и таа изјава не е точна. Како што беше укажано, теоретската база на фенг шуи е основана на религиозната доктрина на таоизмот. А зарем може истовремено да се верува во таоизам и притоа да се биде, на пример, христијанин? Не може. За тоа е доволно да се споредат нивните вероученија. Христијанството е монотеистично, таоизмот е пантеистичен. Христијанството учи за Личен Бог – Творец, а во таоизмот воопшто нема Бог. За таоистот Космосот е Бог и Бог е Космос. Идејата за творењето на светот од ништо, основна за христијанството, исто така, се отфрла во таоизмот. Во таоизмот не постои идејата за безсмртна душа, која присуствува во христијанството. Таоистот го восприема светот како непрекинат процес на преминување на едни форми и модуси на енергијата ци во други. Тој процес е вечен и безличен. Воопшто, таоизмот и христијанството се толку различни, што само човек кој не ги познава, може да зборува за сличност на овие два светогледа. Лилиан Ту пишува: “…најдобар пристап кон ползувањето на фенг шуи е развивањето на вистинско благочестие пред енергиите на Земјата и пред самата Мајка – Земја”. А зарем христијанинот не е должен да беиде побожен само пред едниот Бог, а земјата да ја обработува и чува? Предизвикуваат сомневања и главните цели на фенг шуи, кои, согласно христијанското вероучение, може да се класифицираат просто како – стекнување! Христијанството не е против материајалното средување, но не не го поставува тоа за своја цел. Христијанинот го бара пред сè Небесното Царство (Мт. 6:33) и дури потоа, земното благоустројство и тоа, само при услови, ако тоа не ја попречува главната цел. За тоа јасно е кажано во Светото Писмо: “…каква полза има човекот, ако го добие целиот свет, а својата душа ја повреди? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?” (Мт.16:26). А идејата за сепроголтувачката концентрација на стекнување богатство, на што повикува Лилиан Ту, за христијанството е сосема туѓа. На пример, дали советот што им го дава Лилиан Ту на своите ученици, ќе може да го прими и некој христијанин: “За успешно создавање на изобилие, вие морате страстно тоа да го сакате. Морате да се проникнете со таа желба, целосно да се фокусирате на неа. …Колку појасно ќе си го замислете видот на успехот кон кој се стремите, толку поостри и поефективни ќе бидат енергиите што ќе ги создадете”. А како пак еден христијанинот ќе се однесува кон следните препораки од Лилиан Ту: “Свикнувајте да го гледате светот околу себе со очите на с Фенг шуи. Развивајте ја чувствителноста кон моќните, макар и невидливи енергии околу вас” ; “…Вие мора да се обидете да ја почувствувате својата персонална ци, што ви припаѓа само вам. Само по тоа вие ќе можете да се средите на своето поле на силите и космичкото дишење во вас”. Тоа е добар совет за школата на екстрасенсите, но сосема неприфатлив за христијанството. Во фенг шуи се користат и медитативни практики кои, исто така, сосема се неприкладни за христијанството, и макар што Лилиан Ту ги критикува, таа признава дека ги користат учителите на фенг шуи: “Искусните практичари на фенг шуи знаат тајни методи што им дозволуваат да завладеат со големо количество персонална ци, која што тие ја ползуваат за влегување во медитативна состојба за особени консултации по фенг шуи. Тие методи се различни кај различни учители, и судејќи според тоа, дека лично ги имам видено, тие се поблиску до шаманизмот, отколку до техниките на фенг шуи”. Лилиан Ту веројатно не знае дека шаманизмот е татко на таоизмот, токму врз неговата теоретска база е основан самиот фенг шуи. Затоа, учителите по фенг шуи кои го практикувале шаманизмот – не се аномалија, туку норма. Фенг шуи е магиски, како впрочем, што е магиски и таоизмот , и без оглед на тоа што Лилиан Ту одбива да го класифицира како магија, таа сепак, пишува: “Фенг шуи навистина е сроден со магијата; често изгледа дека во реалноста настапува некоја непозната сила”. Ако веќе Лилиан Ту признава дека самата не знае, како работи фенг шуи , тогаш нема причина да не дозволува можност за реално присуство на “непозната сила”? Фенг шуи го признава и учењето за карма, кое никако не е споиво со со христијанството . А како пак, на читателите им се допаѓа идејата за “трансцендентен фенг шуи”? Како што пишува за него Лилиан Ту: “…трансцендентниот фенг шуи… е основан на специајлни техники на визуализации и пеење на мантри”. Самата Лилиан Ту во својата практика користи мантри од будизмот, но нема против; ако нејзините читатели за “очистување” користат, меѓудругото, и христијански молитви . А, во што помога “трансцендентниот фенг шуи”? Како што пишува Лилиан Ту: “Луѓето што страдаат од неизлечливи болести, како сида, рак и други заболувања кои се опасни по животот, можат да си ги замислат тие појави на не-здравје како моќни блокирања во својот систем. Насликајте ги во својата мечта како пречки кои мора да се отстранат… замислете во умот дека блокирањата во вас се распаѓаат”. Така значи, вие сте болни од сида или рак? Нема проблем, замислете си дека вашата болест е само “пречка” во вашето тело и спокојно тргнете во гроб. Секако, вашите шанси да стигнете таму се најверојатни, ако се доверите на фенг шуи и ја игнорирате медицината.

Уште на почеткот од статијата го наведовме тврдењето на Лилиан Ту, дека една од главните цели што стои пред практикантите, е достигнувањето на материјалната благосостојба. Навистина, таму се додава: “Сè зависи од вашиот небесен успех”. А ако “небесниот успех” биде против? Излегува интересна логика: ако стекнете богатство, тогаш вие правилно го практикувате фенг шуи, а во спротивно? Како што пишува Лилиан Ту: “Мене ми изгледа, најдобар начин за распознавање на вистинските специјалисти во областа фенг шуи е изучувањето на биографиите. Кога некој ви ги предлага своите услуги во својство на учител по фенг шуи, погледнете, му помогнал ли фенг шуи на тој човек да ги достигне оние нешта што тој ветува дека ќе ги направи за вас. А ако односниот човек самиот очигледно ништо не добил од добриот фенг шуи, треба да побарате друг. При правилното користиење, фенг шуи секогаш проработува (болдот е на авторот)”. Логиката што ја користи Лилиан Ту – е сосема секташка. Системот секогаш е добар. Ако системот не работи, виновен е човекот. Значи, ако следбеникот на фенг шуи изгубил многу пари и време за наоѓање литература, внимателно ги следел советите на фенг шуи и не добил никакви резултати, самиот си е виновен. Системот секогаш е добар! Со таков пристап, може да се докаже правилноста на кој било систем.

Ќе наведеме неколку совети, кои може да се прочитаат во книгите за фенг шуи. На пример, читателите можат да дознаат дека “…гробот на дедото на Мао Це Тунг се наоѓала “во дланката на небесната богиња месечина”, т.е. положбата на гробот бил толку благопријатен, што тоа придонело за голем успех на внукот, во овој случај – на големиот раководител Мао”. Колку просто: успешно сместениот гроб го однел човекот на врвот од власта. Или друг случај: Лилиан Ту пишува, дека таа се запишувала во школа за бизнис, и и’ билe потребни пари за учењето.

За да добивка на парите: “јас го преместив својот кревет, за да ја израмнам положбата во време на спиењето за добивање благопријатна ци и успех со најдобра насока. Методот не ме изневери и јас добив стипендија од ООН за посетување на школата за бизнис”. Интересно, а зарем не се пријави за добивање на стипендии? Авторот, на пример, долго седеше без пари, се обиде да работи, притоа го премести и креветот и – види “чудо” – парите стигнаа. Прашање за читателите: за ова “чудо” е причина работата или креветот?

Што може да се каже, на крајот од статијата? Да го сведеме она што го дознавме за фенг шуи. Многу изјави на гуруто за фенг шуи Лилиан Ту се противречни самите на себе. Фенг шуи нема никаква врска со науката. Неговите основи се во религиозната доктрина таоизам. Притоа, ако таоистите се стремат да се слијат со ци, современите феншуевци се обидуваат да манипулираат со енергијата ци . Современиот фенг шуи всушност е пародија на таоизмот. Со христијанството фенг шуи не е споиво. А, ако мислите дека во фенг шуи се даваат совети за лечење од сида и рак, тоа може да биде и смртно опасно. Ако човек им поверува на советите од учителите по фенг шуи, ќе го одврати своето внимание од медицината и ќе се “лечи” само со методите на фенг шуи. Според наше мислење, современиот фенг шуи – е типично суеверие. До оние што се занимаваат со него може да се адресираат зборовите од Светото Писмо: “Од безполезни и бабини басни бегај, а вежбај се во благочестието…” (1Тим.4:7).

Извор: ®Питанов В.Ј.

  • 1.Ту Л. Основы Фэн-шуй. Подробное руководство по улучшению ваших отношений с людьми, здоровья и благосостояния. Киев. София. 2000. С.14.
  • 2. Ту Л. Формулы Багуа и Ло-шу в Фэн-шуй. Киев. София. 1999.С.17.
  • 3. Статијата е пишувана според книгите од Лилиан Ту. Со посетување на интернет-форумите на следбениците на фенг шуи, авторот заклучи дека Лилиан Ту е многу авторитетна за фенг шуи. Самите феншуевци кон неа имаат голема почит.
  • 4. Ту Л. Основы Фэн-шуй. Подробное руководство по улучшению ваших отношений с людьми, здоровья и благосостояния. Киев. София. 2000. С.87.
  • 5. Исто. С.18.
  • 6. Ту Л. Фэн-шуй и изобилие: здоровье, любовь, карьера, достаток. Киев. София. 2000. С.34.
  • 7. Исто. С.9.
  • 8. Ту Л. Формулы Багуа и Ло-шу в Фэн-шуй. Киев. София. 1999.С.8.
  • 9. Исто. С.16.
  • 10. Ту Л. Фэн-шуй и изобилие: здоровье, любовь, карьера, достаток. Киев. София. 2000. С.15.
  • 11. Ту Л. Основы Фэн-шуй. Подробное руководство по улучшению ваших отношений с людьми, здоровья и благосостояния. Киев. София. 2000. С.11.
  • 12. Исто. С.18.
  • 13. Ту Л. Формулы Багуа и Ло-шу в Фэн-шуй. Киев. София. 1999.С.16.
  • 14. Исто. С.16.
  • 15. Исто. С.17.
  • 16. Ту Л. Фэн-шуй и изобилие: здоровье, любовь, карьера, достаток. Киев. София. 2000. С.9.
  • 17. Види.: Торчинов Е.А. Пути философии Востока и Запада: познание запредельного. СПб., Азбука-классика. Петербургское Востоковедение. 2005; Торчинов Е.А. Даосизм: опыт историко-религиозного описания. СПб., Лань. 1998.
  • 18. Торчинов Е.А. Пути философии Востока и Запада: познание запредельного. СПб., Азбука-классика. Петербургское Востоковедение. 2005. С.58.
  • 19. Ту Л. Формулы Багуа и Ло-шу в Фэн-шуй. Киев. София. 1999.С.107.
  • 20. Там же. С.113.
  • 21. Ту Л. Фэн-шуй и изобилие: здоровье, любовь, карьера, достаток. Киев. София. 2000. С.17.
  • 22. Ту Л. Основы Фэн-шуй. Подробное руководство по улучшению ваших отношений с людьми, здоровья и благосостояния. Киев. София. 2000. С.13.
  • 23. Ту Л. Фэн-шуй и изобилие: здоровье, любовь, карьера, достаток. Киев. София. 2000. С.17.
  • 24. Исто. С.66.
  • 25. Исто. С.18.
  • 26. Исто. С.15.
  • 27. Исто. С.19.
  • 28. Исто. С.17.
  • 29. Парадигма –тоа е така да се каже норма на научниот опис на светто, на целата научна дејност. Таа ги обединува околу себе сите научници, а секоај дејност што се води надвор од рамките на општопрфатената научна парадигма, се прогласува за ненаучно и дури противнаучно. Види: Питанов В.Ю. Наука и лженаука: преодоление ложного авторитета. http://apologet.narod.ru/
  • 30. Фролов И.Т. Философский словарь. М., Республика. 2001.С.355.
  • 31. Ту Л. Формулы Багуа и Ло-шу в Фэн-шуй. Киев. София. 1999.С.9.
  • 32. Исто. С.14.
  • 33. Ту Л. Фэн-шуй и изобилие: здоровье, любовь, карьера, достаток. Киев. София. 2000. С.17.
  • 34. Види: Питанов В.Ю. Даосизм: от теософских мифов к реальности. http://apologet.narod.ru/
  • 35. Ту Л. Фэн-шуй и изобилие: здоровье, любовь, карьера, достаток. Киев. София. 2000. С.27.
  • 36. «Боящиеся Господа! восхвалите Его. Все семя Иакова! прославь Его. Да благоговеет пред Ним все семя Израиля…» (Пс.21:24).
  • 37. «И взял Господь Бог человека, и поселил его в саду Едемском, чтобы возделывать его и хранить его» (Быт.2:15).
  • 38. Хотя пасторы современного харизматического движения, которое выдает себя за христианское, вполне могут еще и не такое сказать. Но они очень далеки от исторического христианства.
  • 39. Ту Л. Фэн-шуй и изобилие: здоровье, любовь, карьера, достаток. Киев. София. 2000. С.14.
  • 40. Ту Л. Основы Фэн-шуй. Подробное руководство по улучшению ваших отношений с людьми, здоровья и благосостояния. Киев. София. 2000. С.15.
  • 41. Ту Л. Фэн-шуй и изобилие: здоровье, любовь, карьера, достаток. Киев. София. 2000. С.52.
  • 42. Види: Питанов В.Ю. Грани оккультизма: от герметизма до магии и экстрасенсорики. http://apologet.narod.ru/
  • 43. Види: Питанов В.Ю. Мантра-йога, медитация и православная молитва: вопрос совместимости. http://apologet.narod.ru/
  • 44. Ту Л. Фэн-шуй и изобилие: здоровье, любовь, карьера, достаток. Киев. София. 2000. С.52.
  • 45. Торчинов Е.А. Даосизм: опыт историко-религиозного описания. СПб., Лань. 1998. С.218.
  • 46. Торчинов Е.А. Пути философии Востока и Запада: познание запредельного. СПб., Азбука-классика. Петербургское Востоковедение. 2005. С.171.
  • 47. Ту Л. Основы Фэн-шуй. Подробное руководство по улучшению ваших отношений с людьми, здоровья и благосостояния. Киев. София. 2000. С.13.
  • 48. Ту Л. Фэн-шуй и изобилие: здоровье, любовь, карьера, достаток. Киев. София. 2000. С.14.
  • 49. Исто. С.19.
  • 50. Ту Л. Основы Фэн-шуй. Подробное руководство по улучшению ваших отношений с людьми, здоровья и благосостояния. Киев. София. 2000. С.15.
  • 51. Види: Питанов В.Ю. Суд совести: агни-йога против христианства. http://apologet.narod.ru/
  • 52. Ту Л. Фэн-шуй и изобилие: здоровье, любовь, карьера, достаток. Киев. София. 2000. С.103.
  • 53. Исто. С.102.
  • 54. Исто. С.103-104.
  • 55. Ту Л. Основы Фэн-шуй. Подробное руководство по улучшению ваших отношений с людьми, здоровья и благосостояния. Киев. София. 2000. С.18.
  • 56. Ту Л. Фэн-шуй и изобилие: здоровье, любовь, карьера, достаток. Киев. София. 2000. С.22.
  • 57. Дворкин А.Л. Сектоведение. Нижний Новгород. Изд. Братства во имя св. князя Александра Невского. 2003. С.83.
  • 58. Ту Л. Основы Фэн-шуй. Подробное руководство по улучшению ваших отношений с людьми, здоровья и благосостояния. Киев. София. 2000. С.9.
  • 59. Ту Л. Фэн-шуй и изобилие: здоровье, любовь, карьера, достаток. Киев. София. 2000. С.51.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s