За поменувањето на упокоените според Уставот на Православната Црква

Заупокоjните молитви најмногу се засилуваат во двете така-наречени вселенски задушници пред неделата Месоотпустна и пред празникот Педестница. Во тие два дена живите членови на Црквата се повикуваат да се заборават самите себе и скратувајќи го до минимум спомнувањето на светите Божји угодници, во засилена и умножена молитва за умрените непрославени членови на Црквата, родни и туѓи, знајни и незнајни, од сите возрасти и состојби, од сите времиња и народи, воопшто — сите порано починати, во вистинската вера упокоени — потполно да ја пројават својата братска љубов кон нив. Во тие две вселенски саботи, според Црковниот Устав, сосема се оставаат службите од минејот, а чествувањето на светите во тој ден, макар и да е свет со полиелеј или дури со бдение, па и оддавање на Сретение, се пренесува на друг ден, а во саботата задолжително се извршува целата заупокоjна служба, која е многу умилителна и трогателна, исклучителна според својата содржина, и е особено составена само за тие два дена.

Особената заупокоjна служба е една и иста за обете саботи /задушници/. Особено е изразителна четвртата фалитна стихира во саботата месоотпустна. Таа започнува со пасхалниот восклик: “Христос воскресна!”. Колку е карактеристичнo, тој радосен восклик за прв пат да се чуе толку рано пред Пасха, токму во ден за споменување на упокоените! Тоа е како основа на нашата молитва за упокоените. И наедно — тоа е радосно благовестие за споменуваните, со кое светата Црква брза (таква е нејзината љубов) да им се обрати на упокоените порано отколку на живите. “Христос воскресна… бидете смели сите мртви”.

Во саботата на Педесетница се други стихири, таму го нема тоа особено пасхално воскликнување. Но, таму тоа и не е неопходно, зашто на сите — и на живите и на умрените, во ушите сè уште им одекнува безброј пати повторуваното: Христос воскресна!

За верните, ободрени со надежта на воскресение, осмелувајќи се во воскреснатиот Христос, да не станат безгрижни, сега, (по многукратното благовестие “Христос воскресна”), во фалитните стихири во саботата пред Педесетница”, толку е природно напомнувањето за тоа, дека “страшен е смртниот крај и ужасен е судот на Господарот”.

За секој од нашите блиски ние обично правиме посебни помени секоја година во деновите на нивното упокојување. Понекогаш се прави помен и во именденот на упокоениот. Но, и за оние порано-упокоените наши браќа во Христа, кои веќе немаат на земјата роднини и пријатели, кои за нив се молеле и ги помнеле деновите на нивното упокојување и именден, за и тие да не останат без годишен посебен помен, светата Црква од сите денови за поменување, особено одделува два — двете вселенски саботи, кога живите се повикуваат да вознесуваат заупокоjни молитви, пред сè, за сите упокоени, “да и неким случаем особые не получившие узаконенных (т. е. оние за кои немало поединечно поменување), ныне общею памятию и они помянутся”. Не се забранува притоа и не се отфрла истовремено поменување и на своите блиски. Но, сите православни треба да знаат и добро да помнат (а, клирот е должен обстојно и подробно тоа да го разјаснува), дека во двете вселенски саботи, првенствено пред сите други случаи на поменување на упокоени, нивен долг е да се молат, пред сè, за сите од века упокоени православни христијани, за, исполнувајќи ја заповедта на Црквата и поддржувајќи го нејзиното установување, како и за себе, кажано на световен јазик, да си го гарантираат запазувањето (извршувањето) на тоа свето установување во иднина, да го обезбедат поменувањето на нашите сакани упокоени до крајот на времето и да вложат некој залог во ризницата на Црквата на својата сметка, за да бидеме и самите поменувени, за да се исполни и на нас вистинитото Христово слово: “со каква мерка мерите, со таква ќе ви се одмери и вам” (Лк.6,38.).

Избор од: Отрывки из книги «О поминовении усопших по Уставу Православной Церкви»

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s