Домостроителството на Светиот Дух

„Мaжите, жените, децата се длабоко разделени во однос на раса, народ, јазик, начин на живот, труд, наука, звањa, богатства… – и сите нив Црквата ги пресоздава во Духот. Врз сите нив таa го запечатува образот на Божеството. Сите добиваат од неa една, неразрушлива природа – природа, врз коja немаат влиjaние многубројните и длабоки разлики меѓу луѓето. Со тоа сите се возвишуваат и соединуваат навистина соборностно. Во неа никој никако не е одделен од општото, сите како да се раствораат еден во друг со простата и неразделна сила на верата…” (Св. Максим Исповедник)

Светиот Дух е испратен во светот, или поточно – во Црквата, во име на Синот (“Утешителот, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име” – Јн. 14:26). Значи, треба да го носиш името на Синот, да си член од Неговото тело, за да Го примиш Духот.

Според омилениот израз на свети Иринеј Лионски, Христос со ссебе го возглавил човештвото. Тој стана Глава, Почеток, Ипостас на обновената човечка природа, која е Негово Тело. Затоа, истиот свети Иринеј, Црквата ја нарекува “син на Бога”. Таа е она единство на “новиот човек” кого ние го достигнуваме “облекувајќи се во Христа”, станувајќи преку крштението членови на Неговото Тело. Таа природа е една и неразделива, таа е – “единствениот човек”.

Христовото дело се однесува на човечката природа коja што Тој ја возглавува во Својата Ипостас. Меѓутоа, делото на Светиот Дух се однесувa на човечките личности, се обраќа посебно кон секоја од нив. Светиот Дух во Црквата им ја предава на човечките ипостаси Божествената полнота на единствен, личен начин, приспособен кон секој човек како кон личност што е создадена според образот Божји.

Св. Василиј Велики вели, дека Светиот Дух е “Извор на осветување” и “не пресушува од многумината што се причестуваат”.

Тој “целиот присуствува во секое нешто и целиот е секаде. Не се намалува од разделувањето и кога се приопштуваат кон Него останува непотрошен, слично на сончевото светење, на чиja светлина небаре се насладуваме само ние, а таа всушност ја осветлува земjaта и морето и се растворa во воздухот. Така и Духот престојува во секој од оние што Го примаат како само нему да му е својствен, а врз сите ја излива целосната благодат, на коja што се насладуваат причестниците – зависно од нивната сопствена приемчивост, а не според мерката можна за Духот”.

Првото соопштување/давање на Светиот Дух е насочено кон целата црковна севкупност, кон Црквата во нејзината полнота, зашто таa е едно тело; или поконкретно, Светиот Дух е даден на сите апостоли, на кои Христос истовремено им ја дава и свештеничката власт да врзуваат и разрешуваат. Тоа не е лично присуство на Светиот Дух, туку е како службено во однос на Христа, Кој Го дава Него. Св. Григориј Нисаски го толкува како “врска на Црковното единство”. Светиот Дух им е подарен на апостолите во нивната севкупност, како врска и власт на свештеноначалството. Тој не се однесува кон одделни личности и не им придава никаква лична светост. Тоа е оној конечен завршеток, кој што Христос го заветува на Црквата, пред да ја напушти земjaта.

Николај Кавасила установува аналогиja меѓу создавањето на човекот и восстановувањето на нашата природа од Христа, Кој ја создад Својата Црква: “Тој нè пресоздаде, не од материјата од која што нè создаде; прв-пат нè створи земајќи прашина од земjaта, а вториот пат го даде своето сопствено Тело и пресоздавајќи го животот, не душата во природата ја направи подобра; туку изливајќи ја Својата Крв во срцата на оние што го примаат таинството, во нив го раѓа Својот сопствен живот. Тогаш го вдахна, како што е кажано, здивот на животот, а потоа ни го jaви Својот Дух. Такво е Христовото дело, кое се однесувa на природата, на Црквата, зашто таa е Негово Тело.

Давањето на Светиот Дух при Неговото лично слегување е сосема поинакво: сега Тој доаѓа како Лице на Пресвета Троица, Кое е независно од Синот според Своето ипостасно потекло, макар што е испратено во светот “во име на Синот”. Се јавува во вид на “огнени јазици”, кои се разделени и почиваат врз секој од присутните, врз секој член на Христовото Тело.

Тоа веќе не е соопштување на Светиот Дух на целата Црква како на Тело. Овде тоа соопштување /давање/ не може да биде функциja на единството. Светиот Дух се дава Себе Си на личностите, обележувајќи го секој член со печатот на сопствениот и неповторлив однос кон Пресвета Троица, и станувајќи “присутен” во секоја личност. Како?

Тоа е тајна, тајна на понижувањето, на кеносисот на Духот што слегува во светот. Ако во кеносисот на Синот ни се jaви Лицето, Чие Божество остануваше скриено под “видот на слуга”, Светиот Дух при слегувањето ја открива општата природа на Пресвета Троица, но го крие зад Божеството Своето Лице. Тој останува неоткриен, останува некако скриен во Својот дар, за тој дар да биде целосно усвоен од нас.

Во една од своите химни св. Симеон Нов Богослов вака го прославувa Светиот Дух, Кој таинствено се соединува со нас и ни ја соопштува полнотата на Божеството:

“Ти благодарaм, бидејќи Ти Кој си Бог над сè, стана еден дух со мене, неслиено, непроменливо, неизменливо и Самиот стана за мене сè и во сè: неискажана храна давана како дар коj незапирливо се излива во мојата душа и обилно тече во кладенецот на моето срце; сјајна облека што ме покрива, ме чува и ги гори демоните; очистување што ме мие од секоја скверна со непресушни и свети солзи, подарени од Твоето присуство во оние што Те примаат. Ти благодарaм што стана за мене ден безвечерен и сонце незаодно – Ти, Кој нема каде да се скриеш. Та, Ти никогаш од никого не си се криел, никогаш од никого не си се гнасел, но кога не сакаме да дојдеме при Тебе, ние самите се криеме од Тебе”.

За мистичното предание на источното христиjaнство, Педесетница коja што им го соопштува на човечките личности присуството на Светиот Дух – е почеток на нивното осветување, ја означува последната цел, крајот и истовремено го обележува почетокот на духовниот живот.

Со Неговото вселувањето во нас, Светиот Дух нè преобразува во престојувалиште на Света Троица, зашто Отецот и Синот се неразделни од Божеството на Духот. Ние го примаме, според зборовите на св. Симеон Нов Богослов, “непокриениот оган на Божеството, како што вели Самиот Господ: ‘Оган дојдов да симнам на земjaта’ (Лука 12:49). Каков е тој оган, ако не – едносуштниот според Божество Дух, со Кој заедно влегува во нас и е созерцуван и Синот со Отецот. “

Со слегувањето на Светиот Дух, Пресвета Троица живее во нас и ни дава обожение, ни ги предава Своите нестворени енергии, Својата слава, Своето Божество, онаа предвечна Светлина, кон коja треба да се приопштиме.

Зато св. Симеон Нови Богослов вели дека благодатта не може да остане скриена во нас, дека присуството на Пресвета Троица во нас не може да не се проjaви. Како што тврди овој голем мистик, “ако некој почне да вели дека секој од нас верните, го добил и го носи Духот, без да го осознава и без да го чувствува тоа, тој богохулствува, бидејќи го прави лажливец Христа, Кој рекол: “Ќе стане во него извор на вода што тече во живот вечен” (Јн. 4:14), и уште: “од утробата на тој што верува во Мене ќе потечат реки од жива вода” (Јн. 7:38). Така, ако изворот тече, тогаш сигурно и реката што извира и истекува од него река е видлива за оние што имаат очи. Но, ако тоа се случува во нас, а ние не чувствуваме и не осознаваме ништо во себе, jaсно е дека никако нема да го чувстуваме ни вечниот живот кој е последица од тоа, ниту ќе ја видиме светлината на Светиот Дух, туку ќе останеме мртви, слепи и безчувствени и во идниот живот, какви што сме во сегашниот. Така ќе се покаже дека нашата надеж е напразна и нашиот ôд залуден, ако сè уште сме во смртта, т.е. остануваме мртви со духот и не го примаме чувствувањето на вечниот живот.

Но, всушност не е така, не е. Ќе го повторам она, што не-еднаш сум го рекол и не ќе престанам да велам: Светлина е Отецот, Светлина е Синот, Ссветлина е Светиот Дух; тројцата се една светлина, безвремена, неразделна, неслиена, вечна, нестворена, незаодна, неизмерлива, невидлива, зашто и е разбрана како надвор од сè што постои и и над сè; никој не може да ja види пред да се очисти, и не може да ja добие пред да прогледа. Зашто, прво треба да биде видена, а потоа да ja стекнуваш преку многу подвизи…”

Од: В.Н.Лосский, ОЧЕРК МИСТИЧЕСКОГО БОГОСЛОВИЯ ВОСТОЧНОЙ ЦЕРКВИ

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s