Старец Серафим (Тjaпочкин)

Архимандрит Серафим (Тjaпочкин) се родил на 1/14 август 1894 г. во благочестиво дворjaнско семејство. Бил наречен Димитриј и бил последното дете во големото и дружно семејство Тjaпочкин.

На седум години, пред потребната возраст, Димитриј бил примен во Духовното училиште. Од рана возраст момчето го чувствувало Божјиот повик и желбата да биде свештеник.

Во 1911 г., добивајќи благослов од родителите, Димитриј започнал да учи во духовната семинарија. Во 1917 г., по завршувањето на семинаријата, тој го продолжил школувањето во Московската Духовна Академија.

По затворањето на Академијата во 1919 г., Димитриј Тjaпочкин пристигнал во Екатеринослав. Таму се запознал со својата идна сопруга Антонина. Тие се венчале во 1920 г., и истата година Димитриј бил ракоположен за ѓакон, а потоа и за презвитер. Тоа биле годините на најжестока борба на безбожната советска власт против Црквата. Насекаде се осквернувале светињите, се уривале храмови и манастири, се прогонувале свештенослужителите.

Во 1933 г. од туберкулоза умрела возљубената сопруга Антонина Викторовна. На грижата на отец Димитриј останале три мали ќерки.

Во 1941 г. баќушката бил уапсен и осуден на десет години. Крстниот пат на отец Димитриj започнал во еден од казахстанските логори. За својот логорски живот отец Серафим не сакаше да раскажува, но од неговите блиски беше познато дека, иако бил во логор, тој го продолжувал своето служење како верен пастир на Христовата Црква: разговарал со затворениците, ги крштевал новообратените, исповедувал, ги погребувал умрените. Сето тоа тоа било строго забрането од логорското раководство. За нарушување на правилата се казнувало со самица, од која и не мoжело да се излезе. Затоа, богослужбите ги вршеле во најстрога тајност. Пееле самите затвореници. Тие за отец Димитриј изработиле епитрахил и наракавци од платно, зашиле и крстови на нив. Во тие логорски години отец Димитриј чувствувал дека тој, како чаша, постепено, капка по капка, се полни со благодатна љубов кон Бога и ближните. А наедно, неговото срце се хранело со простота и детска незлобност. Тоа го чувствувале во разговорите со него затворениците, дури и кривично осудените стекнувале доверба во него.

По десет години поминати во логор, пред ослободување, службеникот го прашал отец Димитриj: „Што ќе правиш на слобода?” Отец Димитриј одговорил: „Ќе служам како свештеник, како што и служев.” „Па, што е така, – решил службеникот – остани уште.” И на отец Димитриј му додале пет години, испраќајќи го во во Красноjaрскиот крај.

По ослободувањето од логорот во 1955 г., епископот Јероним го зел баќушката во Кујбишевската епархија. Во 1956 г. се случил настанот што го потресол целиот православен свет – познатото „Зоино стоење.”

Ќе спомнеме накратко за тоа чудо.

Некоja Зоja решила со пријателите да чека Нова година. Нејзината мајка – христијанка била против веселбата во Божикниот пост, но Зоja не ја послушала. Се собрале сите, а младоженецот на Зоја некаде се задржал. Музиката засвирела, младите танцувале, само Зоја немала со кого да игра. Налутена на младоженецот, таа ја симнала иконата на светителот Николаj и рекла: „Ако не е овде мојот Николаj, ќе танцувам со свети Николај.” Посоветувана од пријателката; да не го прави тоа, таа дрско одговорила: „Ако постои Бог, нека ме казни!” Со тие зборови таа заиграла. На третиот круг, собата одеднаш ја исполнил силен шум, задувал виор, како молња светнала заслепувачка светлина и сите во страв се разбегале. Само Зоja останала со иконата припиена на градите, скаменета, студена како мермер.

Не можеле да ја поместат, нејзините нозе како да сраснале со подот. Иако не покажувала надворешни знаци на живот, Зоja била жива; нејзиното срце чукало. Оттогаш таа не можела ни да пие, ни да јаде. Лекарите вложувале секакви напори и грижи, но не можеле да направат ништо.

Веста за чудото бргу се раширила низ градот, многумина доаѓале да го видат стоењето на Зоја. Но, за некое време градските власти го забраниле пристапот кон домот и крај него поставиле дежурни милиционери. На љубопитните што пристигнувале, им одговарале дека таму нема никакво чудо, а и ништо не се случило.

Дежурните ја слушале во ноќите Зоja како викала: „Мама! Моли се! Во гревови умираме! Моли се!” Медицинското испитување потврдило дека работата на срцето на девојката не престанала, иако таа била скаменета. Не можеле ни инекција да ѝ стават – иглите се кршеле. Повиканите свештеници по прочитаните молитви не можеле да ја одземат иконата од нејзините вкочанети раце. Но, на празникот Рождество Христово дошол отец Серафим (тогаш сè уште со името Димитриј), отслужил молебен и ја осветил целата соба. Потоа тој ја зел иконата од рацете на Зоја и рекол: „Сега треба да се чека знак на Великиот ден (т.е. на Велигден)”.

Пред празникот Благовештение, некој благообразен старец ги замолил стражарите да му дозволат да влезе. Го одбиле. Тој се појавил и следниот ден, но и другатa смена не го пуштила. Третиот пат, на самиот ден Благовештение, стражата не го задржала. Дежурните слушале како старчето ѝ зборувал на Зоја: „Но што, се измори стоејќи?” Поминало некое време, а старецот не излегувал. Кога погледнале во собата, тој не бил таму. Сите сведоци на настанот се убедени, дека тоа бил самиот светител Николај.

Зоja стоела 4 месеци (128 денови), до празникот Пасха. Во ноќта на Светлото Христово Воскресение, Зоja силно викала: „Молете се! Страшно, земjaта гори! Целиот свет во гревови загинува! Молете се!” Од тоа време таа почнала да оживува, нејзините мускули омекнале. Ја поставиле во постела, но таа продолжила да вика и да ги моли сите да се молат за светот што загинува во гревови, за земјата што гори во беззакониja.

– „Како преживеа?” – ја прашувала. – „Кој те хранеше?”

– „Гулаби, гулаби ме хранеа” – одговарала Зоja.

По молитвите на светителот Николаj, Господ ја помилувал, го примил нејзиното покаjaние и ѝ ги простил гревовите… Сè што се случило, толку ги поразило жителите на Кујбишев и околината, што многу луѓе се обратиле во верата. Брзале во црква со покаjaние, некрстените се крштевале, оние што не носеле крст, почнале да носат.

По одземањето на иконата од Зоја, баќушката бил уапсен. Тој бил во затвор две години. Му забраниле да раскажува како ја одзел иконата од Зоја, а по затворскиот рок, го испратиле го зафрлено село.

Подоцна, кога архимандрит Серафим го прашувале за неговата средба со Зоја, тој секогаш избегнувал да одговори. Баќушката тоа го криел од смирение. А и властите можеле повторно да го прогонуваат заради доаѓање на многубројни поклоници, што сакале да се поклонат на чудотворната икона на светителот Николаj, коja секогаш била во храмот, каде што служел отец Серафим. Со текот на времето, властите заповедале иконата да се тргне, да се сокрие од народот, па таа била пренесена во олтарот.

На 26 октомври 1960 г., во селото Соколовка, епископот Курскиј и Белгородскиј Леонид, извршил постриг на протоереjот Димитриj во монаштво, со името Серафим. Следната година јеромонахот Серафим бил произведен во чин игумен.

Во неговиот храм во селото Ракитно, на богослужбите прво немало никој, понекогаш две-три старици. Ѕидовите на олтарот биле покриени со иње, а озгора паѓал снег. Очигледно, било неопходно да се направи реновирање, да се бараат луѓе, средства, материјали. Но, баќушката не правел никакви видливи напори во тој правец, освен – секојдневната молитва. И постепено пристигнала помош. Господ испратил добротвори, помошници, работници – сè што било потребно.

Старец Серафим ја сакал богослужбата, благочестивата строгост во исполнување на црковниот типик. Во олтарот старецот стоел со трепетен страв, литургијата секогаш ја вршел во молитвена состоjбa. Може да се рече дека богослужбата за него навистина била свештенодејствување. Тој пред богослужбата, час-два се сосредоточувал, се подготвувал. Се чувствувало дека со таков страв и трепет тој се подготвува за средбата со Самиот Господ. Пред неделната богослужба, најверојатно, подготовката траела цела ноќ. Тој тогаш спиел сосема малку.

Неговата келија била преполнета со луѓе што сакале да споделат молитвено општење со старецот. Една духовна ќерка на старецот раскажува: „Бев кај баќушката на вечерна молитва во келијата. Тој стоеше на коленa, ние читавме кој како знае, пелтечевме, со грешки. Баќушката никого не поправaше, стоеше тивко, со наведната глава. Често се молеше до утрото. Во пет – станување и на заедничка молитва, а ние со него.” Оние што, по Божјата милост, се удостојувале да се исповедат кај старецот, чувствувале како неговиот поглед проникнувал длабоко во нивното срце и им помагал чистосрдечно, детски да ја отворат својата душа. Отец Серафим од искуство знаел, дека човек, без помош од горе, не може да го принесе должното покаjaние пред Бога. Затоа, често со солзи, тивко го молел Бога; Тој да им ја испрати благодатта на покаjaнието на оние што грешеле. Исповедувајќи, баќушката не укорувал строго, не давал епитимии, не наложувал особени молитвени правила или постови, туку умеел да придонесе – човекот да почувствува дека е неопходно да го измени животот, да го замрази гревот и да ја следи Божјата волја која ги повикува грешниците во спасение.

За неизоставен дел од богослужбата отец Серафим ја сметал проповедта. Тој постоjaно проповедал во храмот. Говорел продлабочено и убедливо. Секому му се откривало своето, она што му било неопходно токму во таа минута. Баќушката некако рекол, дека би сакал да го прими највисокиот ангелски образ – схима, но притоа просолзил и додал, дека заради своите духовни чеда и народот што страда од духовни болести – тој не може да си го дозволи тоа, бидејќи схимата бара осамување заради постојана молитва.

Господ го удостоил отец Серафим со мирен, блажен, христијански крај. На Господа Му било угодно да ја земе при Себе светлата душа на отец Серафим во потполна тишина, во 17 часот и 30 минути, на 19 април 1982 г., на вториот ден од Светлото Христов Воскресение.

Отче Серафиме, моли Го Бога за нас!

Извор: Старец Серафим Тяпочкин

Links:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s