Свети Јован (Максимович) Шангајски и Сан-Франциски Чудотворец

Архиереjскиoт Собор на РПЦ на вчерашното заседание (24. 06. 2008 г.) донел решение за општоцрковно прославување во соборот на светите на светителот Шангајски и Сан-Франциски Јован (Максимович) – јерарх на Руската Задгранична Црква, канонизиран од неа на 02. 07. 1994 г. Учесниците на Соборот се согласиле, името на свети Јован да се вклучи во месецесловот на Руската Црква – соопштува официјалниот сајт на Архиереjскиoт Собор на РПЦ.

Архиепископот Јован се родил на 4/17 Јуни 1896 г. на југот на Русија, во селото Адамовка, во Харковската губернија. На светото Крштение го добил името Михаил, во чест на архистратигот на Небесните Сили − архангелот Михаил. Од детството се одликувал со длабока побожност, во ноќите долго стоел на молитва, усрдно собирал икони и црковни книги. Најмногу сакал да ги чита житијата на светите. Михаил ги засакал светите од сето срце, до крај бил проникнат со нивниот дух и почнал да живее како нив. Светиот и праведен живот на момчето оставил длабок впечаток на неговата гувернантка − французинка католичка, па таа го примила православието.

Во годините на прогонот, по Божјата Промисла, Михаил се нашол во Белград, каде на Универзитетот се запишал на Богословскиот факултет. Во 1926 г. Митрополитот Антониј (Храповицки) го пострижал за монах, давајќи му го името Јован, во чест на неговиот предок, светителот Јован (Максимович) Тоболски. Уште во тоа време охридскиот епископ Николај (Велимировиќ), за него велел: „Ако сакате да видите жив светител, одете во Битола кај отец Јован.” Отец Јован постојано се молел, строго постел, секој ден служел божествена Литургија и се причестувал. Од денот на монашкиот постриг, никогаш не легнувал. Понекогаш, наутро го наоѓале задреман на подот пред иконите. Тој со вистинска татковска љубов ја вдахновувал својата паства со високите идеали на Христијанството и на Света Русија. Неговата кроткост и смирение потсетувале на оние кои се овековечени во житијата на најголемите аскети и пустиножители. Отец Јован бил редок молитвеник. Тој се задлабочувал во зборовите на молитвата како да разговарал со Господа, со Пресвета Богородица, со ангелите и со светите, кои стоеле пред неговите духовни очи. Евангелските настани му биле толку познати, како да се случиле пред неговите очи.

Во 1934 г. јеромонахот Јован бил воведен во чинот епископ, по што тој заминал во Шангај. По сведоштвотоо на митрополитот Антониј (Храповицки); „епископот Јован бил огледало на аскетската цврстина и строгост во нашето време на сеопшта духовна раслабеност.”

Младиот владика сакал да ги посетува болните и тоа го правел секојдневно, исповедајќи ги и давајќи им Света Причест. Ако состојбата на некој болен се влошувала, владиката доаѓал кај него во кој било час од денот или ноќта и долго се молел крај неговата постела. Познати се многу случаи на исцелување на безнадежно болни, по молитвите на светителот Јован.

Со доаѓањето на комунистите на власт, Русите во Кина повторно биле принудени да бегаат, мнозинството − преку Филипините. Во 1949 г. на островот Тубабао, во логорот на Меѓународната организација на бегалци, имало 5.000 Руси од Кина. Островот се наоѓал на просторот на сезонските тајфуни кои минуваат на тој сектор на Тихиот Океан. Сепак, во текот на сите 27 месеци од постоењето на логорот, тој само еднаш бил загрозен од тајфун, но и тогаш тајфунот го сменил правецот и поминал покрај островот. Кога еден Русин во разговор со филипинци им кажал за својот страв од тајфуните, тие рекле, дека нема зошто да се плаши, бидејќи; „вашиот свет човек секоја ноќ го благословува логорот од четирите страни.” Кога логорот бил евакуиран, страшен тајфун го зафатил островот и целосно ги уништил сите градби.

Русите во дијаспората, во лицето на владиката имале силен застапник пред Господа. Надгледувајќи ја својата паства, светителот Јован го правел и неможното. Тој сам патувал во Вашингтон, за да се договори за преселувањето на бездомните руски луѓе во Америка. По неговите молитви се случило чудо! Во американските закони биле внесени поправки и поголемиот дел од логорот, околу 3.000 луѓе, биле примени во Америка, а останатите во Австралија.

Во 1951 г. архепископот Јован бил назначен за архиереј на Западноевропскиот Егзархат на Руската Задгранична Црква. Во Европа, а потоа, од 1962 г. во Сан Франциско, неговата мисионерска дејност, цврсто заснована на постојаната молитва и чистотата на православното учење, донела обилни плодови.

Славата на владиката се проширила, како среде православните, така и меѓу инославното население. Така, во една од католичките цркви во Приз, местниот свештеник ги вдахновувал младите со следните зборови: „Вие барате докази, вие велите дека денес нема ни чуда, ни свети. Зошто да ви давам теоретски докази, кога денес по улиците на Париз оди свети Јован Босиот.”

Владиката го знаеле и го почитувале во целиот свет. Во Париз диспечерот на железничката станица го одложувал тргнувањето на возот, додека да пристигне „Рускиот Архиепископ.” Во сите европски болници знаеле за овој епископ, кој за луѓето на умирање се молел по цела ноќ. Него го повикувале крај постелата на тешко болниот независно дали бил католик, протестант, православен или некој друг − бидејќи, кога тој се молел − Бог бил милостив.

Во париската болница лежела болна Божјата слугинка Александра и на епископот му кажале за неа. Тој испратил писмо, дека ќе дојде и ќе ѝ даде Света Причест. Лежејќи во заедничка соба со 4050 пациенти, таа се чувствувала непријатно пред француските дами, бидејќи ќе ја посети православен епископ, облечен во неверојатно износена облека, па уште и бос. Кога тој ја причестил, французинката што лежела до неа, ѝ рекла: „Колку сте среќна што имате таков духовник. Мојата сестра живее во Версај, и кога нејзините деца ќе се разболат, таа ги изведува на улицата по која обично поминува епископот Јован и го замолува тој да ги благослови. По добивањето на благословот, децата брзо закрепнуваат. Ние го нарекуваме светител.”

Децата, без оглед на строгоста на владиката, му биле целосно предани. Постојат многу трогателни преданија за тоа, како блажениот на неразбирлив начин знаел каде може да има болно момче и во секое време од денот и ноќта стигнувал да го утеши и исцели. Добивајќи откровение од Бога, тој многумина спасил од надоаѓачки опасности, а понекогаш се јавувал некому, кому особено му бил потребен, макар што физички таквото преместување изгледало неможно.

Блажениот Владика, светител на руската дијаспора, и истовремено руски светител, на богослужбите го спомнувал Московскиот Патријарх заедно со Првојерархот на Синодот на Руската Задгранична Црква.

Свртувајќи се кон историјата и проѕирајќи ја иднината, светителот Јован велел, дека во тешкото време Русија толку западнала, што сите нејзини непријатели биле убедени дека таа ќе биде смртно поразена. Во Русија немало цар, власт и војска. Во Москва власта била во рацете на туѓинци. Луѓето паднале во малодушност, ослабнале и спасението го чекале само од странците на кои им се умилкувале. Гибелта била неизбежна. Во историјата нема таква длабочина на падот на државата и толку брзо, чудесно станување, кога луѓето духовно и морално востанале. Таква е историјата на Русија, таков е нејзиниот пат. Подоцнежните, тешки страдања на рускиот народ се последица на предавството на Русија на самата себе, на својот пат и на својот повик. Русија ќе воскресне повторно, како што воскреснала и порано. Ќе воскресне, кога ќе се разгори верата, кога луѓето духовно ќе востанат, кога повторно ќе им биде мила, јасната цврста вера во вистинитоста на зборовите на Спасителот: Барајте го најнапред Царството Небесно и Неговата Правда, и сето друго ќе ви се додаде.

Владиката Јован го предвидел својот крај. На 19 Јуни 1966 г., во денот на споменот на апостолот Јуда, во времето на архипастирското посетување на чудотворната икона на Божјата Мајка КурскоКоренна на градот Сиетл, на возраст од 71 година, пред таа Одигитриа на Руската дијаспора, замина кај Господа големиот праведник. Тагата ги преполнила срцата на многу луѓе во целиот свет. По упокоението на владиката, еден православен холандски свештеник со скрушено срце ми пишуваше: „Немам и не ќе го имам веќе духовниот отец, кој би ми ѕвонел во полноќ од друг континент и би ми рекол: Сега оди на спиење. Тоа, за што се молиш, ќе го добиеш.”

Четиридневното бдение завршило со погребната служба. Епископите што ја служеле службата не можеле да го задржат плачот. Солзите се тркалале по образите, блескајќи во светлината на безброј свеќи околу ковчегот. Восхитувало што притоа храмот го исполнувала тивка радост. Очевидци забележувале, дека изгледало како да не се на погреб, туку на откривање на мошти на новопронајден светител. Наскоро и на гробот на владиката почнале да се случуваат чуда и исцелувања и секаква помош во животот.

Извор: Святитель Иоанн Шанхайский и Сан-Францисский чудотворец

Прилог: St John gave this photo as gift to a Bitola Seminary student. Back of photo says: „Rely on God and put your faith in Him, at the same time serve Him sincerely and diligently Hieromonk John. The day of Sts. Cyril and Methodius, 11. V. 1934.”

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s