No comment!

Aрхиереите од соборот на РПЦ, искажаа загриженост, бидејќи во последно време некои клирици сè почесто расправаат за цркoвни проблеми на интернет, меѓудругото и на блогови. Таа практика, како спротивна – не само на етичките побарувања, туку и на каноните на Црквата – предложено е да се забрани како таква што подлежи на  осуда. Како алтернативa на таа тенденција што сведочи за недостаток на живо општење во Црквата, предложено е; на ниво на епархии да се одржуваат колку може повеќе семинари и средби на клирот за разгледување на најактуелните прашања на црковниот живот и изработка на заеднички став во однос на нив.

Извор: Пресс-служба Архиерейского Собора Русской Православной Церкви 2008 г.

2 thoughts on “No comment!

  1. Ми се чини дека објавениот пост сапак бара коментар и дополнително контекстуализирање. Она што се бара од соборот не е укинување на „православната блогосфера“ (вклучително и форумите, порталите и т.н.) – туку попрво станува збор за осудување на „опсудувањето на внатрешно-црковните проблеми на интернет“ (обсуждения внутрицерковных проблем в Интернете). Тука ми изгледа дека пред се станува збор за соборско санкционирање на дејствување на поедини црковни и „парацрковни“ групи, кои најчесто настапуваат доста агресивно против своите Цркви и епископи. Не секогаш таквото „опсудување“ е со зла намера, но сепак постојат прашања кои остануваат во ингеренциите на Црковните тела чија што работа е да ги опсудуваат, како што се Синодот или Соборот на епископите на определена помесна Црква, а не форумите, блоговите и личните веб-страници.

  2. …Денес, како и во сите времиња, еден од главнитe предизвици на Светото Православие е разномислието во Црквата во однос на различни прашања од црковниот живот. Разномислието лесно може да се обрати во орудие против Христовата Црква, разделувајќи ја на делови, но може да придонесе и за подлабоко осознавање и доживување на црковното единство.
    Свети апостол Павел сведочи: „Треба да има и разномислија меѓу вас, за да се откријат меѓу вас искусните” (1 Кор. 11, 19).
    Кон поделби води наметнувањето од одделна личност или група лица на своето лично мислење на сите други членови на Црквата. Притоа несогласните се обвинуваат за предавство на Православието и отстапување од спасителната Вистина. Пo тој пат оделе сите еретици и расколници, зашто вообразено претпоставувале, дека Светиот Дух говори само преку нивните усти, а не преку соборната Полнота на Црквата.
    Надминувањето на разномислието не е можно, кога се случува трупање (нагнетание) на сомничавост и недоверба меѓу членовите на Црквата. До тоа неизбежно доведуваат навредите и лажните обвинувања, кои сејат отуѓување меѓу верните и го гаснат духот на љубовта, а без него, како што е познато од зборовите на св. ап. Павле, сите останати дарови немаат значење (1 Кор. 13, 1). Црковното единство, исто така, сериозно се подрива со распространување на лажни, непроверени информации, а најмногу, со клевети.
    Напротив, единството на Црквата се поддржува со чување на благочестието и добродетелниот живот, чиј венец е љубовта. Како што напишал светителот Фотиј, патријарх Константинополски, „во љубовта се соединуваат разделените, и се помируваат завојуваните, и уште повеќе се зближуваат родните, и нема место за бунт и завист.”…

    ОПРЕДЕЛЕНИЕ Освященного Архиерейского Собора Русской Православной Церкви “О единстве Церкви”

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s