Започнува подготовката за Третиот храм

02 јули 2008 г. Институтот на Храмот пристапил кон подготовка за градење на Третиот храм во Ерусалим, на гората Морија, на местото “Купола над карпата” и џамијата “ал-Акса”. Во денешно време со „полна пареа” се одвива правењето на свештенички облеки, во неопходното количество за вршење на службите, соопштува израелската инфо-агенција MIGnews.

Облеките на свештенците не се користеле од моментот на уривањето на Вториот храм од римјаните во 70 г. по Христа и не можат да се користат сè додека не биде изграден Третиот храм.

За кохени, (директни потомци на Мојсеј и неговиот брат Аарон), институтот на Храмот ги признава лицата, чии дедовци по татковска линија ги чуваат религиозните прописи. Денес тие имаат специјални религиозни задолженија, а во минатото, како што тврдат специјалистите на Институтот, ги исполнувале најважните задолженија во Храмот.

Околу третина од заповедите во Тората не можат да бидат исполнети без Храмот, вклучително и заповедите на кохените.

Засега Третиот Храм изгледа како мечта, заради политичките конфликти и периодичните скандали, поврзани со Храмовата гора.

Но, Равинот Јехуда Глик, директор на Институтот на Храмот, вели дека, веројатно, многу муслимани ќе го поддржат проектот на изградбата, кога сè ќе биде подготвено за градење на Храмот. “Кон нас веќе се обраќаат некои муслимани. Тие ќе ја поддржат изградбата на Третиот храм, па тоа е општосветска светиња која ќе го измени нашиот свет” – вели тој.

Според православното предание, навистина ќе биде изграден и третиот еврејски храм, во кој пред самиот крај на светот ќе биде крунисан антихристот, кој ќе започне да ги гони Христијаните. Многу свети отци на православната Црква, од првите векови на Христијанството, па до наши денови, ги претскажале овие настани.

Јудеите пак, во склад со своето талмудско учење, исто така, веруваат дека на Храмовата гора ќе биде подигнат третиот храм. Но, во него, според нивното верување, ќе биде крунисан месијата/христос, кого тие сè уште го чекаат, не прифаќајќи го нашиот Господ Исус Христос за Месија и Спасител на светот.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s