Раѓање на чесниот, славен Предтеча и Крстител Господов Јован

Слава, глас 8. (Кассии монахини): Исаии ныне пророка глас / днесь в большаго от пророк рождении Иоанна исполнися: / се бо, – рече, – послю Ангела Моего пред лицем Твоим, / иже уготовит путь Твой пред Тобою. / Сей убо, Небеснаго Царя воин, предтек, / яко воистинну правы творяше стези Богу нашему, / человек убо естеством, Ангел же житием сый, / чистоту бо конечно и целомудрие целовав, / имяше убо по естеству, / бежа же яже чрез естество, / паче естества подвизався. / Тому, вси вернии, добродетельми подобящеся, / молити о нас молимся, / во еже спасти души наша.

И ныне, глас тойже: Виждь Елисаветь к Деве Марии глаголющу: / что пришла еси ко мне, Мати Господа моего? / Ты Царя носиши, и аз воина. / Ты Законодавца, и аз законоположителя. / Ты Слова, и аз глас, / проповедающ Царство Небесное.

Времето во кое живеел и ги извршувал своите подвизи светиот Пророк, Предтеча и Христов Крстител Јован, е време на морален распад на еврејскиот народ. Евреите веќе ја беа изгубиле својата политичка независност. Врвната државна власт била во рацете на Римјаните. Еврејските водачи не можеле го закрепнат опаднатиот народен дух. Од една страна безверието го освојувало општеството, а од друга – идолопоклонството и празноверието го заземале местото на вистинското богослужење. Луѓето се натпреварувале до дното да ја испијат чашата на злобата. Совеста кај луѓето речиси сосема избледела, нејзиниот глас не се слушал. Таква била духовно-моралната состојба на еврејскиот народ кога одекнале огнените зборови на големиот пророк низ јорданската околина и по сета Јудеја: „Пoкајте се, зашто се приближи Царството Небесно!”

Евангелието на празникот раскажува дека „во деновите на Ирод, царот Јудејски, имало свештеник од редот на Авија, со име Захарија, а неговата жена била од родот на Арон и се викала Елисавета. Двајцата биле праведни пред Бога, постапувајќи непорочно според сите заповеди и закони Господови”.

Во однос на Захарија и Елисавета, евангелистот неслучајно го употребува изразот „праведни пред Бога”, бидејќи малкумина се такви праведници чија праведност е заснована на искрената вера и љубов кон Бога, за разлика од оние што се праведни само пред луѓето. Во очите на „праведниците”, кои  Божјата правда ја мерат со човечки мерила, Захарија и Елисавета биле грешници, зашто немале деца. Имено, Елисавета била неплодна, а и двајцата веќе биле во преклони години.

Бездетноста во Израилскиот народ се сметала за Божја казна и често служела како повод за укор меѓу луѓето. Тоа мислење е во врска со Божјото ветување на праотците Адам и Ева, дека од нивниот род ќе се роди Спасителот Кој ќе го ослободи човештвото. Според тоа, се сметало дека бездетните семејства се отфрлени од Бога и не можат да се вклучат во родословот на Месијата. Оттука, јасно е дека во Новиот завет кој настапи со Христовото Раѓање, бездетноста не може да се гледа и да се толкува во светлината на старозаветното значење.

Во една прилика, кога свети Захарија богослужел во Ерусалимскиот храм, му се јавил Архангелот Гавриил, застанат од десната страна на кадилниот жртвеник. Тој претскажал, дека на Захарија ќе му се роди син, кој ќе го предвозвести очекуваниот Спасител – Месијата. Захарија се збунил и се посомневал дека во староста е можно да добие син. Тој побарал некаков знак; по што ќе го познае тоа. Знак му бил даден, но тој знак бил истовремено и казна за неговото неверување. Захарија онемел и не можел да зборува додека не се исполниле зборовите на Архангелот.

Света Елисавета зачнала и, плашејќи се од човечки потсмев за доцната бременост, го криела тоа пет месеци, додека не дошла кај неа во посета нејзината подалечна роднина – Преблагословената Дева Марија, за да ја сподели Својата и нејзината радост. Елисавета, исполнета со Светиот Дух, прва ја поздравила Дева Марија и ја признала како Мајка на Бога: „И од каде ми е тоа, мајката на мојот Господ да дојде при мене?” Истовремено со неа, Пресветата Дева Марија и воплотениот Син Божји во нејзината утроба, ги поздравил и свети Јован, така што заиграл во утробата на својата мајка – праведната Елисавета.

Дошло времето и света Елисавета родила син. Сите роднини и блиски се радувале со неа. На осмиот ден, според Мојсеовиот закон, му извршиле обрезание. Мајката го именувала Јован. Сите биле зачудени, бидејќи никој во нивниот род не го имал тоа име. Кога го прашале свети Захарија за тоа, тој побарал штица и напишал на неа: „Јован му е името” (евр. Јоханан = Господ е милостив) и тогаш му се одврзал говорот, како што му кажал Архангелот. Свети Захарија, исполнет со Светиот Дух, го прославил Бога и изрекол пророчки зборови за Месијата Кој дошол во светот и за својот син Јован – Предтечата Господов: „Благословен е Господ, Бог на Изарилот, зашто го посети и го искупи Својот народ… А ти, младенче, ќе се наречеш пророк на Севишниот, зашто ќе одиш пред Господа, за да Му приготвиш патишта, за да му дадеш на Неговиот народ да го познае спасението преку простувањето на нивните гревови”.

По Раѓањето на Господ наш Исус Христос, нечестивиот цар Ирод, плашејќи се за својот престол, заповедал да бидат убиени сите новороденчиња. Кога слушнала за тоа, света Елисавета со својот син избегала во пустината и се сокрила во пештера. Свети Захарија тогаш како свештеник ја исполнувал својата свештеничка служба во храмот, во Ерусалим. Ирод испратил кај него војници, со наредба да го дознаат местото; каде се наоѓаат младенецот Јован и неговата мајка. Тие напразно се обидувале од Захарија да дознаат каде се неговата сопруга и неговиот новороден син и затоа го убиле во храмот. Праведната Елисавета со свети Јован останала во пустината и таму умрела 40 денови по својот сопруг.

Пред да се јави на Израилскиот народ, како што раскажува Евангелието, Јован растел и закрепнувал со духот, крејќи се во пустината. Така, Јован од една страна се зачувал сeбеси во чистота од развратот што ги зафатил луѓето, а од друга страна стекнал особена доверба кај народот како пустиножител и човек со возвишен живот. Токму тој човек требало да им го покаже на луѓето Спасителот на светот, велејќи: „Еве го Јагнето Божјо што го зема гревот на светот.”

Во денот на споменот на проповедникот на покајанието уште еднаш да си спомнеме дека, без покајание не можеме да ја примиме Господовата благодат, и да ги вознесеме нашите молитви кон светиот Предтеча и Крстител Јован; во мир и покајание да ги завршиме деновите на нашиот живот. Амин.

Историја на установувањето на празникот. Од празниците со неподвижен ден на празнување, најстар е празникот на Рождеството Христово. Установувањето на тој празник на 25 декември наскоро го овозможило појавувањето на празникот Благовештение на Пресвета Богородица, на 25 март. Настанот Благовештение се случил во шестиот месец откако бил зачнат Јован Предтеча по јавувањето на ангелот на свети Захарија (Лк.1,26). Врз основа на тоа биле установени два празника: Зачнувањето на Јован Предтеча – на 23 септември и неговото Раѓање – на 24 јуни.

Тропар на Предтечата, глас 4

Пророку и Предтечо на доаѓањето Христово,/ достојно да те восфалиме не можеме, ние што со љубов те почитуваме:/ зашто, неплодноста на таа што те роди и татковата безгласност се разреши/ со славното и честно твое раѓање,// и воплотувањето на Синот Божји на светот му се проповеда.

Кондак на Предтечата, глас 3

Претходно неплодната, денес Христовиот Предтеча го раѓа,/ и тој е исполнување на секое пророштво:/ оти Него пророците го проповедаа,/ на Него во Јордан рака положи,/ се јави на Божјото Слово пророк, проповедник,// наедно и Предтеча.

Величание на Предтечата

Те величаме,/ Предтечо на Спасителот – Јоване,/ и го почитуваме//твоето преславно раѓање од неплодна.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s