Анегдоти

Од книгата: „Дети пишут Богу” на Михаил Дымов

А “двојката” во училиште – дали таа е мој грев? Ако “да”, тогаш може и да се пропуштат часовите. Во смисла – подалеку од гревот. Костја, 3 одд.

Ги читаш, Господи, на гробишта написите и се прашуваш; А, каде ли ги закопуваат лошите луѓе? Олег, 4 одд.

А кога спиеме, зашто и тоа ни се смета за живеење? Неправедно е тоа. Во сон дури не ни јадеме. Жења, 4 одд.

Дај ми послушни родители. Аљоша, 2 одд.

Толку сум изморен од животот: учиш, учиш, учиш. Како будала! Сења, 3 одд.

Во различни книги Тебе различно Те опишуваат. Каде може да се добие Твоја фотографија? Барем од пред потопот. Раја, 3 одд.

Навистина ли, пред Тебе луѓето биле мајмуни? Сергеј, 4 одд.

* * *

Некој човек умрел и тргнал кон Небесата. Ангел го сретнал крај раскошна порта и му рекол:

– За да поминеш низ оваа врата, мораш да собереш 100 поени. Ти кажувај ми ги сите твои добри дела што ги направи на земјата, а јас ќе ти ги кажувам поените што ќе ги добиваш.

– Добро, – рекол мажот, – проживеав со својата жена цели петнаесет години и ни еднаш не ја изневерив, ниту во моето срце.

– О, тоа е прекрасно! – рекол ангелот. – За тоа добиваш цели 3 поени!

– Три поени?! – се зачудил мажот. – Но, добро, во црква одев целиот мој живот, редовно давав милостина и учествував во богослужбите.

– Чудесно! – рекол ангелот. – Тоа вреди 2 поена.

– Само два?!! – запрашал мажот. – А, што ќе кажеш за ова: јас организирав бесплатна трпезарија и работев во дом за стари.

– Фантастично! Со тоа заслужуваш 4 поени, – рекол ангелот.

– Четири?!! – извикал во очајание мажот. – Во таков случај на Небесата може да се стигне само заради Божјата благодат!!!

– Минувај!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s