Совршено смирение

Имаше двајца браќа кои делеа една келија. Нивното трпение и смирение беа ценети од многу отци. Некој свет човек, кога слушнал за тоа, посакал да ги провери и да види дали имаат совршено смирение. Тој отишол да ги посети. Тие го примиле со радост и заедно ги кажале нивните вообичаени молитви и псалми. Потоа посетителот излегол од келијата и ја видел нивната мала градина. Зграбувајќи го својот стап, тој започнал со сета сила да ги уништува сите плодови што ги здогледал и наскоро ништо не останало. Гледајќи го, двајцата браќа − не кажале ни збор. Тие дури не покажале ни натажено или вознемирено лице. Кога се вратиле во келијата, ги завршиле своите молитви на Вечерната и му платиле за честа, велејќи: „Авва, ако сакаш, може да ја земеме едната зелка што остана и да ја свариме, зашто, време е за јадење.” Потоа старецот се поклонил пред нив и рекол: „Му благодарам на мојот Бог, оти гледам дека Светиот Дух почива на вас.” (Word from The Desert)

Веројатна, современа реакција на „деструктивноста” опишана во светоотечката анегдота би бил обид за одземање на стапот и соодветен одговор на провокациите… Ако спаѓаме во „посовршените” и не се решаваме за поагресивната варијанта или упатување навреди, за разумно и потребно би го сметале запирањето на варварската постапка со предупредување за судска разврска на случајот и барање на отштета. Не е нехристијански да се брани својот имот, но добро е да се потсетиме дека постои и патот на совршенството.

Овде гледаме едно однесување кое воопшто не влегува во идеолошкиот шаблон на современото и препорачано граѓанско однесување според модерните општествено-прифатливи норми. Имено, овде станува збор за „вистинско и совршено” христијанско трпение и смирение. Овие две добродетели се суштински во христијанството, па затоа и се неразбирливи за номиналните христијани, а најомразени од нехристијаните.

Православниот психијатар Владета Јеротиќ, вели дека христијанинот се познава уште по првиот рефлекс на својата реакција. Рефлексниот, спонтан израз на срцевиот инстинкт најдобро покажува на кое духовно ниво е човекот. Но, за нас е многу и тоа, ако успееме да го артикулираме гневот уште додека е во умот.

Христијанските добродетели не се цел самите за себе. Во случајов воодушевува и тоа што гледаме пример, не на стоичко смирение што не враќа со иста мерка, туку активно смирение кое процветало со љубовта.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s