Да се положи душата за својот брат

Двајца монаси отишле на пазар да продадат домашни предмети. Кога се разотишле, едниот од нив паднал во блуд. На враќање, другиот му рекол: – „Да одиме во нашата келија, брат!” – „Не одам” – одговорил тој. – „А, зошто?” – прашал братот. – „Затоа што, кога замина ти, паднав во грев.” Сакајќи да го придобие него (Мт. 18,15), братот почнал да му зборува: „И мене истото ми се случи, кога се разделивме. Но, да отидеме, да се покаеме грижливо и Бог ќе ни прости.”

Кога се вратиле, им раскажале на старците што се случило со нив. Старците им дале заповед; да се покајат. И едниот се каел за другиот, како тој самиот да згрешил. Бог, гледајќи го таквиот подвиг на неговата љубов, заради големата љубов на братот што не згрешил, Му простил на оној што згрешил. Ете тоа навистина значи: да се положи душата за својот брат! (Јн. 15,13). ≡ „Древен Старечник”

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s