Почитување на светите мошти

Христијаните од древноста ги чувале и благочестиво ги почитувале сите остатоци од светите; во вид на коски, прашина или пепел, а ги нарекувале свети мошти.

Воздаваќи им почитување на Божјите угодници, кои со своите души се на Небесата, светата Црква исто така, ги чествува и моштите или телата на упокоените Божји угодници.

Црквата ги почитува моштите на светите како храмови на Светиот Дух, во кои Бог живее со својата благодат и по телесниот крај на светиот.

Според учењето на Црквата, моштите не можат да творат чуда самите по себе и не заради заслугите на упокоените. Седмиот Вселенски Собор во своите акти, вака утврдил по ова прашање:

Нашиот Спасител Христос ни ги дарувал како спасителни извори, остатоците од светите, кои на различни начини изливаат добротворства за достојните. И тоа е преку Христа, Кој во нив престојува.

Чувањето на моштите на мачениците се разбира како нивно продолжително присуство во црковната општина, како манифестација на победата над смртта, што била извршена од Христа, а е повторена во маченичкиот подвиг. Тоа разбирање придонело да се празнува споменот на маченикот и да се извршува света Евхаристија над неговиот гроб. Чувањето и почитувањето на моштите, исто така, е тесно поврзано со верувањето во воскресението со тело.

Во Стариот Завет немало почитување на телата на праведниците, бидејќи и самите праведници сè уште го очекувале своето избавувавње.

Во Новиот Завет, по воплотувањето на Спасителот, возвишен е не само поимот за човекот во Христа, туку и значењето на телото, кое станува живеалиште на Светиот Дух. Самиот Господ, Божјото Слово, се воплотил и примил човечко тело. Затоа и христијаните се повикани; не само со нивните души, туку и со телата кои се осветени со светото крштение и примањето на Пречистите Тело и Крв Христови, да станат вистински храмови на Св. Дух.

Св. ап. Павле пишува: „Зарем не знаете, дека вашите тела се храм на Светиот Дух кој живее во вас” (1.Кор. 6:19). И затоа, телата на христијаните кои живееле праведен живот или станале свети преку нивната маченичка смрт, достојни се за особено уважување и чествување.

„Христос ни ги дарувал моштите на светите како спасителни извори, кои точат најразлични добротворства и изливаат благомирисно миро. И никој да не се сомнева!… Според Законот секој што ќе се допре до мртов, се сметал за нечист; но светите не се мртви. Зашто, откако Оној Кој самиот е живот и Причинител на живот, бил сместен меѓу мртвите, ние веќе не ги нарекуваме мртви тие што починале во надеж на воскресение и со вера во Него” – вели св. Јован Дамаскин.

Светата Црква во сите времиња, раководејќи се со светото Предание, ги чествувала светите тела на упокоените. Тоа се изразувало во

  • побожно собирање и чување на телата на Божјите угодници, како што е познато од записите од II век и од наредните векови,
  • свечени откривања и пренесувања на светите мошти,
  • градење на храмови врз светите мошти,
  • установувањето на празници во нивен спомен,
  • поклонички патувања до светите гробници,
  • правилото на Црквата – во основите на олтарот да ставаат мошти од свети маченици или да се ставаат свети мошти во антиминси, на кои се извршува Божествената Литургија.

Чествувањето на телата на упокоените Божји угодници има цврста основа во тоа, дека Самиот Бог благоволил да ги прослави со многу знаци и чуда, посведочени во текот на целата историја на Црквата.

Уште во Стариот Завет, кога светите сè уште не биле почитувани со посебно прославување, постоеле знаци и чуда од телата на упокоени праведници. Така, во Светото Писмо е забележан случајот, кога по допирањето до коските на пророк Елисеј во неговиот гроб, телото на некој умрен човек веднаш оживеало и мртвиот воскреснал (4.Цар. 13:21). Светиот пророк Илија бил вознесен на небо со своето тело, уште додека бил жив. Неговата наметката пак, што му припаднала на Елисеј, со својот допир ја разделила водата на реката Јордан, кога преку неа сакал да премине Елисеј (4Цар. 13:21).

Во Новиот Завет, во книгата Дела апостолски, читаме дека врз болни луѓе поставувале делови од облеката на св. ап. Павле и болните оздравувале, а демоните излегувале од нив (Дела. 19:12).

Богословското осмислување на почитувањето на моштите се засновува на разбирањето на созданието како добро Божјо дело, во кое начелно се содржи добрата волја на Творецот, (Божјата замисла за спасението на светот) и неговото преобразување во идното Небесно Царство. Моштите на светите се честица од таа преобразена материја, исполнета со Божествената благодат. Небесното Царство видливо присуствува во нив уште во сегашниот век. Св. Амвросиј Милански ги нарекува светите мошти „семиња на вечноста.”

Светите Отци и црковните учители сведочат за чуда од остатоците од светите, а нивните современици ја потврдувале вистиноста на тие соопштенија. На пример, св. Амвросиј кажува дека при откривањето на моштите на св. Гервасиј и Протасиј; „вие дознавте и дури сами видовте многумина што се ослободија од демони, или такви кои со самиот допир до облеките на светите беа исцелени од своите болести. Се возобновија чудесата од древно време, откако на земјата се изли најизобилна благодат заради доаѓањето на Господ Исус на земјата.”

Слични сведоштва може да се прочитаат кај светите Григориј Богослов, Ефрем Сириски, Јован Златоуст, блажени Августин и др.

Веќе од почетокот на II век постојат записи за чествувањето на христијански остатоци од светите. По маченичкиот крај на св. Поликарп, епископ на градот Смирна, откако неговото тело било запалено, христијаните ги „собрале коските на св. Поликарп, како ризница подрагоцена од дијаманти и почиста од злато и ги положиле… за да биде празнуван денот на неговото мченичко раѓање и за поука и утврдување на идните христијани.”

Црковните собори повеќе пати забранувале (на пр., Московскиот собор 1667 г.) да се прогласуваат за свети некои упокоени луѓе, само затоа што се покажале како негнилежни. Но секако, негнилежноста на телата на праведниците е еден од Божјите знаци за светоста на тие упокоени.

Остатоците од светите се почитуваат, независно дали се гнилежни или негнилежни, туку заради светиот живот или маченичката смрт на светиот, а уште повеќе, кога се очигледни знаци за исцелување добиено преку молитвите кон светите, а заради нивното застапништво пред Бога.

Links:

Holy Relics

St. John the Baptist

St. John Maximovitch

St. John Iacob the Hozevite

Fr. Ilie Lacatusu

St. Parascheva

St. Dimitry of Bassarbovo

Various

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s