Житие на светата великомаченичка Марина

Светата великомаченичка Марина се родила во Мала Азија, во градот Антиохија, во семејство на пагански жрец. Во детството таа останала без својата мајка, а татко ѝ ја дал да ја чува дадилка, која ја воспитала Марина во православната вера. Кога дознал дека неговата ќерка станала христијанка, таткото со негодување се откажал од неа. За време на гонењата против христијаните од императорот Диоклитиан (284-305), света Марина на петнаесетгодишна возраст бил фатена и заклучена во затвор. Со цврста надеж на Божјата волја и Неговата помош, младата затвореничка се подготвувала за претстојниот подвиг. Управникот Олимвриј, восхитен од убавината на девојката, се обидувал да ја наговори да се откаже од Христовата вера и да стане негова жена. Но светата, без колебање ги отфрлила лажните предлози. Тогаш, разгневениот управник ја предал светата маченичка на мачења. Сурово избиена, светата ја приковале со клинови на штица и со трозапци го кинеле нејзиното тело. Самиот управник, не можејќи да го издржи тој ужас, го покрил своето лице со рацете. Но, светата маченичка останувала неколеблива. Фрлена да преноќува во затворот, таа се удостоила со Небесна посета и била исцелена од раните. Потоа, врзана за дрво, маченичката ја гореле со оган. Едвај жива, светата се молела: „Господи, Ти ме удостои за Твоето Име да поминам низ оган, удостој ме да поминам и низ водата на светото Крштение.”

Кога го слушнал зборот „вода,” управникот заповедал да ја удават светата во огромно буре. Маченичката го молела Господа; таа казна да биде за неа свето Крштение. Кога ја ставиле во водата, одеднаш засветела светлина и белоснежна гулабица слетала од Небото, носејќи во клунот златен венец. Оковите со кои била окована света Марина, самите се раскинале. Маченичката стоела во водата на Крштението, славејќи ја Света Троица − Отецот, Синот и Светиот Дух. Света Марина излегла од водата сосема здрава, без никакви траги од палењето. Поразен од чудото, народот почнал да го слави Вистинскиот Бог и многумина поверувале. Тоа го разгневило управникот и тој заповедал да бидат уништени сите што го исповедаат Христовото Име. Тогаш биле убиени 15.000 христијани, а светата маченичка Марина била обезглавена. Страдањата на великомаченичката ги опишал очевидец на настаните, по име Теотим.

До заземањето на Константинопол од крстоносците во 1204 г., моштите на великомаченичката Марина се наоѓале во манастирот Пантепонт. Според други податоци, тие се наоѓале во Антиохија до 908 г. и оттаму биле пренесени во Италија. Нејзината честна рака била пренесена на Атон, во Ватопедскиот манастир.

Во Албанија пак, на планината Ланга, над Охридското Езеро, се наоѓа манастир на Света Марина со дел од нејзините чудотворни мошти. Во овој манастир се случувале и се случуваат многубројни чуда. За нив сведочат не само христијаните, туку и муслиманите.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s