Во Москва умре Александр Исаевич Солженицын

«Одно слово правды весь мир перевесит // Еден збор на вистината, целиот свет ќе го претежне» – овие зборови од Нобеловското слово на Александар Солженицин може да се постават како епиграф на целиот негов живот.

Во ноќта на 3/4 август умре големиот руски писател, историчар, публицист, лауреат на Нобелевата награда, Александар Исаевич Солженицин. Патријархот Московски и на цела Русија Алексиј II испратил писмо, во кое им изразува сочувство на вдовицата на писателот, неговите роднини и блиски:

„…Молюсь Владыке жизни Господу нашему Иисусу Христу о упокоении души новопреставленного раба Божия Александра в обителях небесных, где нет ни болезни, ни печали, ни воздыхания, но жизнь бесконечная…”

Пред пет години, на 04 август е упокоен и истакнатиот проповедник и црковен публицист, Митрополитот Сурожски Антониј (Блум). Панихиди за негов спомен вчера биле отслужени во руските православни храмови на Западноевропскиот егзархат на Константинополската патриаршија, а исто така, и во многу храмови на РПЦ МП.

Митрополитот Антониј бил единствениот архиереј на Московската патриаршија, кој се осмелил во денот кога Александар Солженицин бил прогонет од СССР, да отслужи молебен за негово здравје. Големиот писател се упокои на истиот датум со архиерејот, пет години подоцна.

Прилог: Изјави на светски лидери во врска со упокојувањето на А.И. Солженицин

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s