Успенски пост

Успенскиот пост е востановен пред големите празници Преображение Господово и Успение на Божjата Мајка. Трае две недели — од 14 до 27 август.

Успенскиот пост дошол до нас од древните времиња на Христијанството. Прво укажување на Успенскиот пост се сретнува во Типикот на Николо-Касуланскиот манастир (XII в.). Таму за први август има ваква белешка: „Постои кај нас друг пост, наречен по Пресвета Богородица, кој почнува од првиот ден на август. Сепак, во него се вели, дека најстарото спомнување за Успенскиот пост треба да се бара во делата на Собор одржан во 920 г.

Свети Симеон Солунски пишува дека «Постот во август (Успенскиот) е уреден во чест на Мајката на Божјото Слово, Која, дознавајќи за Своето преставување/преселување, како и секогаш што се подвизувала и постела за нас, иако, како света и непорочна, немала потреба од пост; така Таа особено се молела за нас кога се подготвувала да премине од овдешниот живот во идниот и кога Нејзината блажена душа требало преку Божествениот дух да се соедини со Нејзиниот син. Затоа и ние мора да постиме и да ја воспеваме Неа, подражавајќи го нејзиниот живот и поттикнувајќи Ја со тоа на молитва за нас. Некои, впрочем, говорат, дека овој пост е уреден по повод двата празника; Преображение и Успение. И јас исто така, го сметам за неопходно споменувањето на овие два празника, едниот — како таков што ни дава осветување, а другиот — смилостивување и застапништво за нас».

Успенскиот пост не е толку строг како Великиот, но е построг од Петровденскиот и Божикниот пост.

Црковниот Устав/Типик за Успенскиот пост пропишува; од понеделник до петок — храна без масло. Во саботите и неделите — се дозволува вино и масло.

До празникот Преображение Господово, кога во храмовите се осветува грозјето, Црквата нè задолжува да се воздржуваме од тој плод. Според преданието на светите отци, «ако некој од браќата јаде грозје пред празникот, да прими забрана за непослушноста и да не вкуси грозје во текот на целиот месец август».

На празникот Преображение Господово, според црковниот Устав/Типик се дозволува на трпезата риба.

Успенскиот пост започнува со празникот «Происход (изнесување) на честното дрво на Животворниот Господов Крст». Впрочем, таинствениот израз «происходење на Крстното дрво» означува просто крстен ôд.

Во Часослов од 1897 г. вака се објаснува потеклото на овој празник: «Заради болестите што многу често се случуваат во август, во Константинопол одамна е утврден обичаj да се изнесуав Честното Дрво – Крстот на улиците за осветување на местата и за прогонување на болестите. Навечер, изнесувајќи го од царската ризница, го положувале на светата трпеза на Великата Црква (во чест на Света Софиа – Божjата Премудрост). Од овој ден и понатаму, до Успението на Пресвета Богородица, правеле литии по целиот град, а потоа го предложувале него (Светиот Крст) на народот за поклонување. Тоа и е происходењето на Честниот Крст».

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s