Веронаука во државното школство

Да разгледаме неколку прашања кои излегуваат зад рамката на воведувањето и предавањето на Веронаука во државното школство. Тоа се прашања воопшто за нашиот воспитно-образовен систем, за нашата младина, за иднината на нашата земја, за нашата Црква, за нашето општество…

1. Дали се загрозува секуларноста на државата?

Приговор: Р. Македонија е секуларна/световна држава. Затоа, во државните училишта нема место за религија.

Одвоеноста на Црквата од државата ја означува взаемната независност на основите и организацијата, взаемното немешање во внатрешните работи на Црквата и граѓанската власт: за државните работи не се бара црковна санкција и обратно. Црквата и државата (секој вид држава; монархија, република) имаат различни основи, кои ако се мешаат една со друга е погубно како за едната, така и за другата страна.

Но, води ли таквата разделеност во антагонизам, изолација, отсутство на заеднички интереси и дела? Секоја организација од граѓанскиот живот делува според свој внатрешен поредок и правила, не мешајќи се во работата на другите организации. Сепак, во практиката тие дејствуваат заедно, заради општата цел и благосостојбата на луѓето.

Црквата во Македонија е одделена од државата, но не е одделена од општеството и сочинува со него (или со поголемиот негов дел) едно цело. Затоа, Православната Црква (и другите легални конфесии) треба да учествуваат во воспитанието и образованието.

2. Световно или атеистичко?

Приговор: Сепак, нашето законодавство содржи јасно укажување на светскиот карактер на образованието во државните институции. Влегувањето на религијата како Веронаука, го прави образованието религиозно.

Лажното спротивставување на „секуларното/светското” образование наспроти „религиозното” е исто толку погрешно, колку и спротивставувањето на „високо-калорична” диета наспроти «растителна»: едно е енергетската вредност на храната, а друго – нејзиното потекло. Истото важи и за образованието.

На световното образование спротивност му е духовното образование: она образование што се добива во духовните училиштаа, богословијата, медресата и сл. Сосема природно, за државните учебни институции останува световното образование. А, на религиозното образование му е спротивно антирелигиозното образование, во кое нема место за религијата и за Бога, т.е. атеистичкото образование.

Не треба да нè чуди ваквата алтернатива: ако се изгони Бог, тогаш останува безбожноста. Во епохата на социјализмот/комунизмот секое државно образование било нужно антирелигиозно; денес не постојат причини за тоа, но враќањето на религијата во школата – при зачувување на секуларниот (световниот) карактер на образованието – бара определен напор и време. Пример се многу земји во Европа, каде предавањето на религија со ништо не го попречува световното образование на учениците и студентите, а служи како гаранција за успех.

3. „Историја на религиите” наместо Веронаука?

Постои длабока разлика меѓу предметот „Историја на религиите”, од една страна и Веронауката, од друга. Првата дисциплина носи истакнато абстрактен, безличен карактер, таа на сите нивоа е одвоена од реалното битие на конкретна личност. А, „Веронауката” е насочена лично кон секого од нив, пробудувајќи го интелектот и стимулирајќи го чувството врз основа на материјалот, кој му е близок на умот и срцето, како на учениците, така и на нивните родители и учители.

Во целите на Веронауката, меѓу другото, спаѓаат: личната/егзистенцијална благосостојба, националната интеграција и социјална адаптација на индивидуата. „Историја на религиите” не се однесува на ништо од тоа. Замената на Веронаука со „Историја на религиите” е еднаква на замена на часовите по фискултура со гледање на спортски програми.

4. Преоптовареност на учениците

Приговор: Децата, уште од прво одделение се претоваруваат, што е штетно и за учењето и за воспитувањето.

Да, современите школски програми се пренатрупани со учебен материјал. Секој учител ќе ве убедува дека токму неговиот предмет е најнеопходен и не може да се скратува. Но, педагошката и психолошката наука јасно сведочат дека товарот мора да биде скратен, прераспределен и диференциран, за „да не се стрижат сите ученици под ист чешел”, туку секој да учи зависно од неговите склоности и способности.

Како имено тоа ќе се направи – ќе покаже иднината, но може да бидете уверени дека Веронауката во секој случај ќе заземе видно место во мнозинството учебни програми.

5. Учете да бидете различни

Приговор: Веронауката може да развива нетолеранција меѓу учениците и меѓуверска омраза.

Ваквите мисли говорат за недостаток на познавање на теоријата и практиката на воспитувањето за толеранцијата. Всушност, воспитувањето за толеранција е неразделно поврзано со плурализмот, со широкиот спектар на светогледи и лични карактеристики. Но, може ли со едната рака да му се аплаудира на на плурализмот, а со другата истиот да се отфрла? – Токму тоа и го прават противниците на Веронауката. Предавањето на Веронаука, како православна, така и на другите конфесии, истовремено со можноста да биде одбиена од оние што не припаѓаат на ниедна од нив, го помага развојот на плурализмот преку религиозното самоосознавање и продлабочување на процесот на самоидентификација на младото поколение заедно со нивните родители.

Конфликтите за кои се зборува во приговорот, всушност се неизбежни – ако не се преземаат координирани напори за просветување и воспитување на луѓето во религиозна култура, за воспитување на способноста да се биде различен и да се живее во светот еден со друг.

Слична тема: Православна веронаука

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s