Успение на Пресветата Владичица наша Богородица и Секогаш-дева Марија

Празникот Успение на Пресвета Богородица, кој спаѓа во дванаестте големи празници, се слави на 15 /28 август. На овој ден Светата Црква го споменува праведното упокојување на Божјата Мајка — настан обоен истовремено со тага за завршувањето на животниот пат на Претстоителката за човековиот род и со радост за соединувањето на Пречистата Господова Мајка со Својот Син.

За земниот живот на Пресвета Богородица по Крстната смрт и Воскресението на Спасителот, дознаваме од Светото Предание.

Пред гонењето што било покренато од цар Ирод против Црквата, Пречистата Дева престојувала во Ерусалим, а потоа се преселила заедно со апостолот Јован Богослов во Ефес. Живеејќи таму, Таа го посетувала праведниот Лазар на Кипар, Атонската Гора ја благословила како своја градина. Пред својот крај Божјата Мајка се вратила во Ерусалим.

Таму Секогаш-дева често престојувала и сесрдно се молела на местата со кои се поврзани со најважните настани во животот на нејзиниот Божествен Син: Витлеем, Голгота, Господовиот Гроб, Гетсиманија, Елеон. Според преданието, јудеите се обиделе да ја убијат, заради што на барање од првосвештениците крај Господовиот Гроб била поставена стража, но во критичниот момент на војниците им се одземал видот и тие не можеле да ја видат Богородица.

Еднаш за време на молитва на Елеонската гора, Архангел Гавриил ѝ возвестил на Божјата Мајка за крајот што ѝ претстои за три денови и ѝ предал светло рајско гранче — символ на победата над смртта и пропадливоста. Пресвета Богородица за тоа му раскажала на апостол Јован Богослов, а тој го известил апостолот Јаков, братот Господов, и преку него целата Ерусалимска Црква, во која и се зачувало предание за Успението на Божјата Мајка. Пред упокојувањето Богородица го заветила Своојот скромен имот на девојките што ѝ прислужувале и посакала да биде погребена во Гетсиманија, покрај гробот на Своите праведни родители и праведниот Јосиф Обручник.

Во денот Успение на Богородица, речиси сите апостоли, кои биле отпатувани по разни земји со мисијата за проповед на Божјото Словло, на чудесен начин се собрале во Ерусалим, за да се простат со Неа. Последен пристигнал и апостолот Павле. Отсуствувал само апостолот Тома.

Одеднаш засветлила неискажана светлина и ги помрачила светилниците; покривот на горницата (горната соба) се отворил и слегол Самиот Христос со многу ангели. Пресвета Богородица се обратила кон Господа со благодарствена молитва и молела да бидат благословени сите што го почитуваат Нејзиниот спомен. Таа, исто така, го молела Својот Син да ја заштити од темнаата сатанска сила, од воздушните митарства. Потоа Богомајката радосно ја предала Својата душа во Господовите раце. Притоа се слушало ангелско пеење.

Од Нејзиното благомирисно тело болните веднаш почнале да добиваат исцеленија. Започнало торжественото пренесување на Пречистото Тело од Ерусалим во Гетсиманија. Петар, Павел и Јаков заедно со другите апостоли на рамења го понеле одарот на Божјата Мајка. Апостол Петар го запеал псалмот „На зилегувањето на Израилот од Египет,” се слушнале торжествени химни. Над одарот се појавил круг од облаци во вид на сјаен венец. Тој венец лебдеел над процесијата до самото место на погребување. По процесијата оделе и јудеи кои не верувале во Христа.

Првосвештениците испратиле свои слуги, за да ја разгонат процесијата, да ги убијат апостолите и да го запалат телото на Богомајката, но ангели ги поразиле осквернителите со ослепување. Јудејскиот свештеник Афонија (по други извори: Јефонија или Софонија), се обидел да го преврте одарот на Богородица. Тој бил казнет од ангел кој му ги отсекол рацете, а бил исцелен дури откако чистосрдечно се покајал. Меѓу ослепените прогледале оние што се покајале.

Три денови апостолите престојувале крај гробот на Божјата Мајка, пеејќи псалми. Во воздухот постојано се слушало ангелское пеење. Како што вели светителот Филарет Московски, целосно и совршено утешување апостолите добиле „тогаш, кога на третиот ден по Нејзиното Успение, го отвориле гробот заради апостолот Тома кој задоцнил, но не го нашле пречистото Нејзино тело и веднаш потоа Ја виделе Неа во славата на воскресението и од Неа слушнале утешни зборови: „Радувајте се, зашто со вас сум во сите денови.” Телото на Божјата Мајка било однесено на небесата.

Упокојувањето на Богородица Црквата го нарекува „успение” (заспивање), а не смрт, затоа што смртта како враќање на телото во земјата, а духот при — Бога, „Иже даде его”, не ја засегнала нашата Благодатна Застапничка. „Побеждены законы природы в Тебе, Дева Чистая” — пее Светата Црква во тропарот на празникот — „в рождении сохраняется девство, и со смертию сочетается жизнь: пребывая по рождении Девою и по смерти Живою, Ты спасаешь всегда, Богородица, наследие Твое.” Таа само заспала, за во истиот момент да се разбуди во вечноблажениот живот и по три денови со негнилежно тело да се всели во небесното непропадливо живеалиште. Таа се упокои со лесен сон по нејзиниот тежок живот и „преставилась к Животу”, т.е. при Изворот на Животот, како Мајка на Животот, избавувајќи ги со Нејзините молитви од смрт душите на земнородните, давајќи им преку Своето Успение претчувствување на вечниот живот. (www.patriarhia.ru)

Историја на установување на празникот: За Успението на Божјата Мајка ништо не се говори во Светото Писмо. Расказот за тој настан е зачуван во во Преданието на Црквата и се изразува преку иконата на Празникот и во црковната служба.

Празникот Успение на Богомајката е установен од Црквата во древноста. За него се спомнува во деата на блажени Јероним, Августин и Григориј епископ на Тур. Во IV век тој веќе насекаде се празнувал во Византија. По желба на византискиот император Маврикиј, (кој на 15 август 595 г. ги победил Персијците, т.е. на денот на Успението на Богомајката) празникот станал општоцрковен.

Но, првично празникот не се празнувал истовремено: на едни места – во јануари, на други – во август. Така, на Запад, во Римската Црква (VII в.) на 18 јануари се празнувало „упокоението на Дева Марија”, а на 14 август – „заминувањето на небо.” Заедничкото празнување на Успението на 15 август, во повеќето источни и западни Цркви се установува во VIII-IX в.

Основна цел на установувањето на празникот било прославувањето на Богомајката и Нејзиното Успение. Кон оваа основна цел во IV-V в. се присоединува и друга – осуда на заблудите на еретиците кои посегнувале по достоинството на Богомајката, конкретно, заблудите на колиридијаните, еретици од IV век, кои ја одрекувале човечката природа на Пресвета Дева (заради што одрекувале дека таа и се упокоила на земјата).

Во V век, Анатолиј патријарх Константинополски напишал стихири за овој празник, а во VIII век – два канона напишале Косма Мајумски и Јован Дамаскин.

Тропарь, гл.1. В рождестве девство сохранила еси, / во успении мира не оставила еси, Богородице, / преставилася еси к животу, Мати сущи Живота, / и молитвами Твоими избавляеши от смерти / души наша.

Кондак, гл.2. В молитвах неусыпающую Богородицу, / и в предстательствах / непреложное упование, / гроб и умерщвление не удержаста: / якоже бо Живота Матерь, к животу престави, / во утробу Вселивыйся приснодевственную.

Величание. Величаем Тя, / пренепорочная Мати Христа Бога нашего, / и всеславное славим успение Твое.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s