Преподобен Јоаким Осоговски

Преподобен Јоаким се подвизувал во втората половина на XI век, на Осоговска планина, на местото Сарандопор (затоа е нарекуван и Сарандопорски). Сакајќи го од младоста подвижничкиот живот во осаменост, тој тргнал од родниот крај кон пустината на Осоговската гора.

Воден од Божји ангел, една вечер Јоаким пристигнал во домот на еден болјарин во селото Градец. Во малата црква на тоа село, тој најпрво топло се помолил на Бога, па седнал пред црквата да се одмори од долгото пешачење. Кога го виделе таму некои болјари, му пристапиле. Tој ги замолил да му покажат некое место во планината, што би било погодно за подвиг и осамување. Тие му укажалe на подножјето на Осоговската Планина, покрај реката Скупица. Tаму, крај потокот наречен Бабин Дол, се наоѓала една осамена пештера, погодна за живот каков што посакувал преподобниот. Кога слушнал за тоа место, свети Јоаким му се заблагодарил на Бога и на Пресветата Владичица, па тргнал кон тоа место. Кога стасал на местото наречено Сарандопор, се населил во пештерата и останал таму до крајот на животот.

Во таа пештера преподобниот се подвизувал многу усрдно и строго, минувајќи ги деновите и ноќите во постојана молитва, бдеење, коленопреклонувања и топли солзи. Пред крајот на земниот живот, го посетиле некои ловци. Светителот ги благословил, па тој ден тие уловиле многу богат лов. Тогаш преподобниот ги замолил повторно да го посетат. Кога дошле повторно, го нашле мирно упокоен во Господа. Тие чесно го погребале, а и подоцна доаѓале на гробот. Преподобен Јоаким се упокоил, како што тој соопштил во свое јавување на сон, „осум години пред големиот мрак (т.е. затемнување на сонцето)” односно 1115 г.

Во времето на византискиот цар Михаил I Комнин (1143-1180) преподобниот Јоаким бил многу прославуван, па тогаш било обновено и местото каде што се подвизувал.

Таму пристигнал и вдовецот свештеник Теодор од с. Осмидол, овчеполско. Тој се замонашил со името Теофан и собрал многу браќа. Тие изградиле црква и манастир посветен на свети Јоаким. За прв игумен на братството бил избран јеромонахот Теофан. Потоа, светителот му го открил на Теофан местото каде што биле неговите свети мошти, а му покажал и дрво во шумата, од кое требало да направи ковчег и во него да ги пренесе светите мошти во манастирот. Сето тоа отец Теофан го извршил со беспрекорна послушност. Браќата со свечена литија ги пренеле моштите на преподобниот Јоаким во манастирот. Светите мошти ги положиле во црквата посветена на свети Јоаким. Преку нив почнале да се случуваат многубројни чуда, како во тоа време, така и подоцна, до денешни денови.

Најраните зачувани икони на св. Јоаким се од 14 век, во Земенскиот манастир, Лесновскиот манастир, во црквата во кривопаланечкото село Псача.

Тропарь, глас 7.

Пустынный житель, и в телеси ангел,/ и чудотворец явился еси, Богоносе отче наш Иоакиме,/ постом, бдением, молитвою, Небесная дарования приим,/ исцеляеши недужныя и души верою притекающих ти./ Слава Давшему тебе крепость,/ слава Венчавшему тя;/ слава Действующему тобою всем исцеления.

Кондак, глас 2.

В молитвах не усыпая, преподобие,/ восприем силу на сопротивнаго врага,/ терпением бо своим, отче Иоакиме преподобие,/ возшед на Небеса/ и жизнь тленную оставив на земли,/ на нетление преселился еси Небесное./ Темже тя хвалами вси прославляем.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s