Научно-богословска приказна

Прашањето; како Бог го створил светот, односно со помош на какви – ако може така да се каже, технологии – е многу сложено. Попросто е да се истражува резултатот на тоа творење – денешниот свет.

Една од предназначеностите на светот се состои во тоа, што тој треба да биде за човекот огромна училница, во која едни или други објекти и појави ќе помагаат да се усвојуваат различните вистини, особено богословските. Така, и преку видливиот свет Господ Бог ни се обраќа со приказни.

Да го разгледаме протонот – многу важна честица, која влегува во составот на нашите тела и која практично живее вечно. Тој се состои од три кваркови, соединети меѓу себе неразделно, неслиено, нераздвојно, неизменливо, претстаавувајќи груба, но сепак, значајна аналогија на соединувањето на Личностите на Пресвета Троица. Господ како во приказна раскажувана преку природата, ни покажува Кој го создал светот: Бог Троица. Електричниот полнеж на протонот е +1. Освен протонот, во состав на атомите влегуваат неутрони и електрони. Неутронот, исто така, се состои од три кваркови, но неговата сума на полнежите е 0. И ако протонот ја претставува вистинската вера (полнеж: +1), тогаш неутронот (полнеж: 0) ќе биде – верата без дела, која е мртва. Слично, и во протонот и во неутронот има по три кваркови, (што е аналогија со Божјиот образ во секој човек), но без вера нема спасение: и навистина, само протонот живее вечно од сите три – честици кваркови. Другите честици релативно бргу се распаѓаат.

Освен тоа, протонот се состои од токму три честици, а не повеќе или помалку…

Треба да се додаде уште дека, трите кваркови во протонот се однесуваат како слободни честици (научниците говорат за т.н. асимптотична слобода). Слободата во богословието на Источната Црква непосредно е сврзана со љубовта. Така, протонот – како проста, а може да се каже и главна честица што влегува во составот на нашето тело, ни јавува преку себе богодадено укажување на Љубовта меѓу Личностите на Пресвета Троица; ни укажува на Бога, Кој е Љубов. И бидејќи секој протон во нас содржи во себе укажување на образецот на Творецот, не го повикува ли Господ со тоа човекот кон обожување?

Постои, исто така, укажување и на „Троица” во „Единица” и „Единица” во „Троица”. Погледнете ја сликата: три кварка – полиња во едното големо поле – протонот: не е ли тоа „троица” во „единица” и „единица” во „троица”, ако границата се протега по краевите на збирот на означените три кваркови? // Извадок од: Николай Петров-Павлов, Мир как созданная Богом-Троицей огромная учебная комната для богословного и научного просвещения человека

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s