Свети Фануриј Новојавен и Великомаченик

…не им бил познат на старите синаксаристи. Станал познат во XIV век, кога на Родос бил откриен стар храм. Таму имало многу оштетени икони, а меѓу нив била пронајдена многу добро зачувана икона, на која се читало името „ο άγιος Φανώ.” На иконата светиот бил претставен како војник, кој во десната рака држел крст, врз кој светела свеќа и околу иконата 12 мачеништва, како што вообичаено се сликаат светите. Митрополитот Нил II (1355-1369) го обновил храмот и го посветил на свети Фануриј и веројатно, ја напишал неговата служба.

Од Египет потекнува предание дека неговата мајка била голема грешничка. Тој честопати го молел Бога за нејзино спасение, дури и повеќе отколку за своето. Светиот маченик Фануриј настрадал заради верата во Христа. Бил каменуван од назнабошците. Пред да умре, од дното на душата со молитва повикал кон Бога: „Заради овие мои маки, помогни им Господи на сите што ќе се помолат за спасението на мојата грешна мајка.” Според неговиот завет, христијаните го молат Бога со молитвата: „Спаси ја господи мајката на свети Фануриј и помогни ми на мене, грешниот.”

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s