Отсекување на главата на Пророкот, Претеча и Крстител Господов Јован

Свети Јован израснал во јорданската пустина, закрепнувајќи со духот, хранејќи се со акриди/скакулци и див мед. Потоа излегол меѓу народот и крштевал со покајно крштение. Кога го крстил Самиот Господ наш Исус Христос, пророкот Јован ја завршил и како да ја запечатил својата пророчка служба. Тој безстрашно и строго ги осудувал пороците, како на простите луѓе, така и на силните на овој свет.

По Крштението Господово, Ирод Антипа, четворовластник, управител на Галилеја, го фрлил свети Јован Крстител во затвор, каде што поминал околу една година. (По смртта на Ирод Велики римјаните ја разделиле територијата на Палестина на четири делови и во секој дел поставиле управител. Ирод Антипа − син на Ирод Велики, ја добил во власт Галилеја од императорот Август). Божјиот пророк отворено го укорувал Ирод затоа што ја оставил својата законска жена − ќерката на арапскиот цар Арета, и незаконски живеел со Иродијада − жената на својот брат Филип. На својот роденден Ирод приредил гозба. Ќерката на Иродијада, Саломија играла пред гостите и му угодила на Ирод. Како благодарност кон девојката, тој се заколнал дека ќе ѝ даде сè што таа ќе посака, дури до половина од своето царство. Саломија, посоветувана од својата мајка Иродијада, побарала веднаш да ѝ биде дадена на сад − главата на Јован Крестител. Ирод се нажалил. Тој се плашел од Божјиот гнев заради убиството на пророкот, кого порано и самиот го слушал. Се плашел тој и од народот кој го сакал светиот Претеча. Но, заради гостите и невнимателната клетва, тој заповедал да му биде отсечена главата на свети Јован и да ѝ ја предадат на Саломија.

Благочестивата Јована, жената на иродовиот домоуправител Хуз, ја погребала светата глава на Јован Крстител во глинен сад, на Елеонската гора, каде што Ирод имал свое парче земја. Наоѓањето на главата се празнува на 24 февруари.

Светото тело на Јован Крстител уште истата ноќ го зеле неговите ученици и го погребале во Севастија, таму, каде што се случило злосторството.

Свети Јован Крстител и денес ни проповеда дека првиот чекор на патот на нашата средба со Господа е покајанието и очистувањето од скверните на гревот. Да се покаеме и да твориме достојни плодови на покајанието.

Во спомен на маченичкиот крај на светиот пророк и Предтеча Јован, Црквата уште во првите времиња на христијанството го вброила овој ден во големите празници, зашто маченичката смрт на праведникот станала врата кон вечната слава, а установила и пост за зауздување на човечките страсти, кои се причина за толку тешки гревови и во спомен на големиот постник кој постел цел живот.

Кондак на Предтечата, глас 5

Славното отсекување на Предтечата беше Божествена промисла; да им го проповеда и на оние во адот доаѓањето на Спасителот. Нека рида Иродија, која беззаконото убиство го измоли: зашто – не Божјиот закон, ни живиот век го засака – туку притворниот, привремениот.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s