Во Москва ќе се спроведе добротворна акција за затворениците

Со благослов на Свјатејшиот Патријарх Московски и на цела Русија Алексиј II, на 14 октомври, на празникот Покров на Пресвета Богородица, во Москва ќе се спроведе добротворна акција на Руската Православна Црква „Ден на милосрдие кон сите затвореници”, со цел да се привлече општото внимание кон потребите на затворениците.

По зборовите на Патријархот Алексиј II, грижата за затворениците останува една од главните насоки на општественото служење на Црквата: „Остварувајќи го своето служење во местата лишени од слобода, Христовата Црква нема намера да им биде судија на престапниците на законот, туку доаѓа да ја лечи нивната душа, повикувајќи ги на покајание и дејствено преродување на целиот живот — вели Патријархот. — Затоа, свештеникот и катехизаторот (вероучителот) стануваат неопходни во затворите, зашто преку нив затворениците го слушаат гласот на Господ Кој ги повикува: ‘Немаат здравите потреба од лекар, туку болните… Јас дојдов да ги повикам — не праведниците, туку грешниците — на покајание’” (Мт. 9:12-13).

По завршувањето на празничните богослужби во истражните затвори на градот, на кои ќе присуствуваат и затворениците, свештенослужителите и лаиците oд престолнината ќе ги посетат келиите на затворените, за да им го честитаат празникот Покров на Пресвета Богородица и да им предадат празнични подароци. // извор: patriarhia.ru

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s