Покров на Пресвета Богородица

„Дева денес претстои во црквата и со соборите на светите невидливо за нас се моли на Бога, Ангели со архиереите се поклонуваат, апостолите пак, со пророците ликуваат: зашто, заради нас Богородица го моли Предвечниот Бог.” – Ова чудесно јавување на Божјата Мајка се случило во 910 година, во Константинопол, во Влахернската црква, каде што се чувале ризата на Богомајката, нејзиниот покров за главата (мафориј) и дел од појасот, кои биле пренесени од Палестина во V век.

Во 910 година, при императорот Лав Премудар и патријархот Макариј, византиската империја водела војна со сарацените – муслимани и Константинопол бил загрозен. За време на опсадата на градот од Русите (во тоа време – пагани) Богородица распрострела над Константинопол бел покров (омофор) и вознела молитва за спасение на светот од страдања.

Во неделен ден, на 1 октомври, за време на сеноќно бдение, кога храмот бил преполн со народ, свети Андреј јуродив заради Христа во четвртиот час од ноќта погледнал кон небото и ја видел во воздухот Пресвета Богородица, осветлена со небесна светлина и окружена со Ангели и собор од светители. Свети Јован Господовиот Крстител и свети апостол Јован Богослов ја придружувале Небесната Царица.

Пресветата Дева ги преклонила колената и почнала со солзи да се моли за христијаните и долго време останала во молитва. Потоа, пристапувајќи до Престолот, ја продолжила својата молитва. Кога ја завршила молитвата, таа од својата глава го симнала покривалото и го распрострела над нажалените луѓе во храмот, заштитувајќи ги од видливите и невидливите непријатели. Пресветата Владичица сјаела со небесна слава, а покровот во нејзините раце блескал „повеќе од сончевите зраци”. Свети Андреј со трепет го созерцувал прекрасното видение и го запрашал својот ученик, блажениот Епифаниј, кој стоел крај него: „Ја гледаш ли, брат, Царицата и Госпоѓа како се моли за целиот свет?” Епифаниј одговорил: „Гледам, свет отче и се ужаснувам.” Преблагословената Богородица го молела Господа Исуса Христа да ги прими молитвите од сите луѓе кои го повикуваат Неговото Пресвето Име и прибегнуваат кон Нејзиното застапништво. „Цару Небесен – велела Сенепорочната Царица во молитвата во воздуот со Ангелите стоејќи – прими го секој човек што Те моли Тебе и го повикува моето име на помош, да не замине од Мојот Лик празен и нечуен.” Свети Андреј и Епифаниј, кои се удостоиле да ја созерцуваат Богомајката како се моли, „долго време ги гледале покривалото распрострено над народот и славата Господова што блескала како молња. Додека била таму Пресвета Богородица, било видливо и покривало; по нејзиното заминување и тоа станало невидливо, но земајќи го него со себе, Таа ја оставил благодатта што била таму.”

Историја на установување на празникот

Се претпоставува дека овој празник го празнувале грчките православни цркви во текот на раното Средновековие, но подоцна бил оставен. Повеќето истражувачи ја поврзуваат историјата на појавувањето на празников со киевскиот кнез Андреј Богољубски.

Во 1164 година кнезот победил непријатели. Читајќи го Житието на Андреј Јуродив, словен кој живеел во Цариград во Х век, кнезот се запознал со расказот за ова чудесно видение на подвижникот во влахернскиот храм. Во Словото за установувањето на празникот Покров на Пресвета Богородица, кнезот Андреј напишал: „Се убо егда слышах, помышлях: како страшное и милосердное видение бысть без празднества. Восхотех, да не без праздника останется святой Покров Твой, Преблагая.”

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s