Изјава на Естонската Православна Црква-МП во врска со одбивањето да биде примена во КЕЦ

Естонската Православна Црква на Московската Патријаршија сo длабока недоумица го дочека известувањето дека нејзиното барање да се зачлени во КЕЦ (Конференциja нa Европските Цркви), е одбиено од Извршниот комитет. Своевремено, кога барањето беше разгледувано и нѐ посети работна група на комитетот, не беа видени никакви пречки за наше стапување меѓу членовите на КЕЦ и полноправно учествување во неговата работа, а бидејќи положбата на ЕПЦ-МП и нејзините односи со другите христијански организации на Естонија по ништо не е изменета, причината за таквото решение ни изгледа двојно политичка. Ние ја изразуваме својата грижа заради тоа што во механизмот на донесувањето на решенија на толку достојниот христијански форум се вмешале некои очигледно нехристијански, неевангелски околности и се покажала недостижна простата правичност, која би нашла свој израз во рамноправното учество и на ЕПЦ-МП и на ЕАПЦ (Естонска Апостолска Православна Црква, под јурисдикција на Цариградската Патријаршија) во работата на Конференцијата. Истовремено, ние не се откажуваме од својата намера да влеземе во КЕЦ и, надминувајќи ги тие неразбирливи пречки, ќе се потрудиме да влеземе во тоа „единство во многообразноста” какво што е Конференцијата. Во овој момент ние целосно го поддржуваме решението на Руската Православна Црква да ги ограничи своите контакти со Конференцијата до разрешувањето на појавената неправда.

Извор: Заявление Эстонской Православной Церкви МП касательно отклонения заявки на вступление в Конференцию Европейских Церквей Исполнительным Комитетом КЕЦ

One thought on “Изјава на Естонската Православна Црква-МП во врска со одбивањето да биде примена во КЕЦ

  1. Во ноември 2007 г., eстонската црковна структура на Константинополската патријаршија била вклучена во Конференцијата на Европските Цркви (КЕЦ). Тоа не било толку просто заради краjно емоционалната реакцијата на претставниците на Руската Православна Црква на секое појавувавње на претставници од конкурентната естонска Црква на меѓуцрковните заседанија. Во последните неколку години стана вообичаено повлекувањето на претставникот на РПЦ како реакција на појавувањето на претставник од ЕАПЦ.
    Сепак, кога противењето на РПЦ МП во КЕЦ било совладано, РПЦ МП се обидела да одговори симетрично: да ја воведе во составот на КЕЦ својата естонска црковна структура (ЕПЦ МП). Но, разгледувањето на таа работа се развлекло и конечно, КЕЦ одговорила негативно на барањето на РПЦ МП, при што, решението било објавено на денот на посетата на Патријархот Московски во Константинопол, така што РПЦ МП немала време за дипломатски маневри. Дали е ова уште еден неочекуван удар нанесен на РПЦ МП од Константинополската патријаршија?
    Свештеникот Всеволд Чаплин вели дека идејата да се одложи примањето на ЕПЦ-МП во Конференцијата до достигнување на согласност меѓу Константинополскиот и Московскиот патријарх (односно како ЦК на КЕЦ може да најде решение кое би било прифатливо и за сите страни) била „искажано само од претседателот на КЕЦ, пасторот Жан-Арнолд де Клермон и од претставниците на Константинопол, додека многу други членови на ЦК искажале несогласност по ова прашање.”
    „Согласност меѓу Московскиот и Константинополскиот патријархат е постигната, и тоа пред многу години. Патријархатите се договорија дека двете црковни јурисдикции можат да сопостојат без оглед на тоа што тие не си ги признаваат целосните називи еден на друг и статусот кој секоја од нив си го присвојува” – вели отец В. Чаплин.
    Сега пак, според неговите зборови, претседателот на Конференцијата тврди дека решение може да биде донесено само во случај ако решението го задоволува Константинопол.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s