Видео-упатство за плетење бројаница

Молитвата кажувана со помош на бројаница е еден од најстарите начини на молитва, што особено ја негуваат православните монаси. Бројаницата има символично значење. Таа се плете од чиста овча волна, што нѐ потсетува дека сме овци на Добриот Пастир, Господ Исус Христос, Кој Самиот како Божјо Јагне страдаше заради нас и нѐ избави од вечната смрт. Мaлите бројаници обично имаат 33 јазли, додека поголемите: 50,100 или 300 јазли.

Освен читањето на молитвите од Молитвеникот во определено време од денот, верните можат да ги дополнат или заменат своите молитви со кратки молитви кои зачестено се повторуваат.

Како да ја започнеме молитвата со бројаница? Откако ќе се прекрстиме и ги собереме своите мисли, во левата рака ја земаме бројаницата и држејќи ги јазлите меѓу палецот и показалецот, со внимание и покајание ја изговараме молитвата: Господи Исусе Христе, Сине Божји помилуј ме, мене грешниот.” Молитвата се повторува онолку пати, колку што ни благословил духовниот отец. Освен кон Господ Исус Христос, може да се молиме и кон Пресвета Богородица: „Пресвета богородице, спаси нѐ”, или кон некој светител: „Свети (името), моли го Бога за мене грешниот.

Основа на молитвата е: вниманието воведувањето на вниманието во зборовите на молитвата и задржувањето на нив. Треба да ги слушаме зборовите на молитвата кои ги произнесуваме само со мислата или гласно, зашто: „ако ти самиот себе не се слушаш, како можеш да се надеваш дека ќе те чуе Бог?

При молитвата со бројаница, светите отци апсолутно забрануваат какво-било мечтаење и замислување на слики//ликови.

Важно е, исто така, да се знае дека нашата молитва ќе биде плодотворна само ако е пoткрепена со дејствениот подвиг на верата преку светите црковни постови, милостина и други дела.

Опасно е да се занимаваме со молитва без редовно исповедање на своите гревови пред духовник//парохиски свештеник, а и без секојдневниот подвиг на смирение и трпение кон ближните. Господ нѐ учи дека прво треба да се помириме со својот брат, па дури потоа да Му принесеме жртва; чиста молитва во смирение и скрушеност на срцето.

Прилог: св Игнатий (Брянчанинов), Дух молитвы новоначального

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s