Сеправославен самит во Истанбул: перспективи

На сеправославниот форум во Истанбул (10-12. 10. 2008) учествуваа Патриjарсите; Александриски, Антиохиски, Ерусалимски и Московски, Архиепископите; Кипарски, Грчки и Албански, Митрополитот на Чешките земји и Словакија. Претстоителите на Грузиската, Српската, Романската, Бугарската и Полската Цркви имаа свои претставници.

На Екуменскиот Патријарх Вартоломеј, како иницијатор на средбата, му успеа на овој самит да ги постави на една маса претставниците на Московската Патријаршија и поглаварот на Естонската Апостолска Православна Црква (Константинополска Патријаршија). Сепак, уште на 10 октомври во Истанбул, Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил изјави дека учеството на Руската Црква на средбата „не треба да се смета како фактичко признавање на автономниот статус на јурисдикцијата на Царигардската патријаршија во Естонија.”

На 12 октомври во Патријаршискиот соборен храм во Истанбул, на светата литургија сослужуваа и митрополитот Стефан (поглавар на ЕАПЦ) и митрополитот Корнилиј (поглавар на ЕПЦ). За да се разбере значењето на ова сослужување, треба да се има предвид дека на домашен терен, во Естонија, меѓу овие двајца претставници на Константинополската и Московската јурисдикција постои жестока конкуренција.

Бездруго, формата на учество на ЕАПЦ-Константинополска Патријаршија и Естонската Православна Црква Московска Патријаршија) во „Истанбулском самит” може да се разгледува како определена иновација. Тешко е да се каже дали ова „инцидентно” сослужување ќе добие продолжение како претходница на документирано признавање, бидејќи и овој пат се покажува како потешко заедничкото ставање на своите потписи, отколку заедничкото причестување од истиот свет путир. Имено, Посланието од средбата го потпишаа само ерарсите на општопризнатите помесни Цркви.

Без оглед што во тој документ се спомнува црковното единство, фактичкото единство на светското Православие сѐ уште е далеку. Многу посодветни на реалноста се зборовите искажани од Патријархот Вартоломеј: „Понекогаш ние претставуваме слика на непотполно единство, како да не сме една Црква, туку некоја конфедерација или федерација на Цркви.” Сосема очигледно е дека во таа конфедерација постојат различни фракции, меѓу кои постои спротивставеност. Во текот на „Истанбулскиот самит” јасно се назначија оние прашања, од чии одговори зависи смекнувањето или понатамошното продлабочување на тие спротивставувања.

Собранието на Претстоителите во Истанбул може да биде поаѓачки пункт за нова етапа во меѓуправославните односи, во кои се натрупани многу горливи прашања кои го чекаат своето разрешување. Такви се: проблемот на канонскиот статус на црковната дијаспора, проблемот на богословско разбирање на првенството во Православната Црква, и секако, различните „локални конфликти,” од кои во Истанбул беа спомнати само естонскиот и украинскиот спор. И макар што проблемите во односите меѓу Руската и Константинополската Црква остануваат нерешени, сосема извесно е дека Московската Патријаршија ќе земе активно учество во укажаните интеграциони процеси.

Истанбулскиот „самит на православни лидери,” во својот конечен документ отвора важни перспективи; ќе излезе ли меѓуправославниот дијалог од ќор-сокакот, ќе успеат ли неговите учесници да дојдат до конкретно решение на постојните проблеми? Да веруваме дека во решението на тие проблеми раководен принцип ќе биде стремежот кон зацврстување на црковното единство во кое свое верификувано место ќе најде и Македонската Правослвна Црква, а заради автентичното православно сведоштво во современиот свет.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s