Преподобен Амвросиј Оптински

Преподобен Амвросиј Оптински (крштелно име: Александар) се родил на 23. 11. 1812 г. во селото Голема Липовица во Тамбовската губернија, во многудетното семејство на пономарот Михаил Фјодорович (чиј татко бил свештеник) и Марта Николаевна, Гренкови. На 12 години Александар го запишале во Тамбовското духовно училиште, по кое тој учел во Тамбовската духовна семинарија. Кога тешко се разболел во последниот клас на семинаријата, Александар му ветил на Бога дека, ако оздрави – ќе отиде во манастир. Но, откако оздравел, неколку години го одложувал исполнувањето на ветеното. По завршувањето на семинаријата со успех, Александар Михајлович прво бил домашен учител, а потоа и учител во Липецкото духовно училиште. Во 1839 г. Александар отишол во Воведенската Оптина пустина, во Калужската губернија, кај преподобниот старец јеросхимонах Лав (спомен на 11 окт.). Александар Гренков бил определен во скитот на манастирот, каде што имал послушание да му помага на готвачот. Тешката работа во кујната не го вознемирила бившиот учител во духовно училиште. Тој не мислел дека послушанието не е според неговите сили, туку го прифатил со смирение, како од устата на Самиот Господ. Работата како готвач на младиот послушник му одземала голем дел од денот, така што тој не можел да оди на богослужбите, но тоа го научило на внатрешната молитва.

По три години, кога наполнил триесет години, Александар бил пострижен во монаштвото со име во чест на светителот Медиолански Амвросиј (спомен на 7 дек.) и ракоположен за јероѓакон, а по две години – за јеромонах. Кога тешко се разболел, отец Амвросиј бил пострижен во схима, по што почнал да оздравува, но никогаш повеќе целосно не закрепнал. Тој не тажел за своите болести, туку ги сметал за неопходно средство за воспитување на душата и за да ги утеши болните, велел: „Бог од болен човек не бара телесни подвизи, туку само трпение со смирение и благодарење.”

Јеромонахот Амвросиј почнал да му помога на својот духовен отец, преподобниот старец јеросхимонах Макариј во неговата работа како духовник, ги примал посетителите, учествувал во преведувањето и печатењето на творбите на светите отци и книги со духовна содржина. По упокоението на преподобен Макариј (17. 09. 1860 г.) преподобен Амвросиј станува духовен раководител на браќата. За поука кај него оделе илјадници верни и неверни луѓе од цела Русија. Кај него за совет и разговор биле големиот кнез Константин Константинович Романов, Ф.М. Достоевски, В.С. Соловев, К.Н. Леонтјев (монах Климент), А.К. Толстој, Л.Н. Толстој, М.П. Погодин и многу други. Преподобен Амвросиј никогаш не си дозволил празен збор и говорел само заради исправување и поучување. На насуштното прашање: „Како да се живее?” – тој одговарал: „Нужно жить нелицемерно и вести себя примерно, тогда дело наше будет верно, а иначе будет скверно.” Или: „ Жить – не тужить, никого не осуждать, никому не досаждать, и всем мое почтение.” Или: „Може да се живее и во светот, само не во метеж, туку да се живее тивко.” „Ние треба – говорел старецот – на земјата да живееме така, како што се врти тркалото: само една точка допира на земјата, а останатите нужно се стремат нагоре; а ние како залегнуваме на земјата, така што и не можеме да станеме.” Преподобен Амвросиј имал дар на прозорливост, тој исцелувал болни, им помогал на немоќните и бедните. За укажување помош старецот се јавувал на некои луѓе од далечина, на јаве или во сон. Преподобен Амвросиј го изградил Казанскиот Шамордински женски манастир, каде ги испраќал да живеат или сиромашните болни, или бедните благочестиви жени, девојки и сироти. Преподобен Амвросиј бил голем молитвеник. За време на молитвата, неговото лице го виделе преобразено.

Се упокоил преподобен Амвросиј на 10 окт. 1891 г. во Шамординскиот манастир и бил погребен во Оптина пустина крај гробот на преподобен старец Макариј. По упокоението, старец Амвросиј им се јавувал на многу луѓе во разни краишта на Русија, исцелувајќи болни, помагајќи на страдалници. Светоста на животот на старец Амвросиј е јавена во неговата дејствена љубов кон ближните, а православниот народ секогаш му одговарал со длабока почит. Во 1988 г., на Поместниот Собор на Руската Православна Црква, преподобен Амвросиј бил вброен во соборот на светите Божји угодници. Наоѓањето на неговите честни мошти почиваат во Воведенскиот соборен храм на Оптина пустина. Неговиот споемн се празнува 10/23 октомври, а исто така и на 27 јуни (наоѓањето на моштите) и на 11 октомври – во Соборот на Оптинските старци.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s