Спомен на светите отци од VII Вселенски Собор

Византискиот император Лав Исавријанец (716-741), победоносно одбивајќи го нападот од сарацените на Константинопол (718) и сакајќи да ја огради својата престолнина од слични напади во иднина, намислил да ги обрати арапите во христијанството. Една од важните пречки за посакуваното обратување било тоа што муслиманите го отфрлале почитувањето на иконите. Тоа зa Лав Исавријанец било повод да издаде указ со кој го забранува почитувањето на светите икони и дури нивното употребување (при молитвата). Но, неговиот указ бил пречекан со силно противење од престарениот Константинополски Патријарх Герман и од страна на клирот и народот. Папата Григориj III и големиот богослов на тогашното време Јован Дамаскин, исто така, го кренале своjот глас во заштита на Православието. Тие пречки многу го раздразниле Лав Исавријанец. Тој го отфрлил патријархот Герман, го наклеветил свети Јован Дамаскин пред калифот при кој тој служел како министер и заповедал да биде убиен папата Григориj II со меч или со отров. Но, последното не му успеало. Римjaните се вооружиле за својот папа и се одметнале од власта на иконоборецот. Против другите почитувачи на светите икони Лав Исавријанец покренал жестоко гонење, кое не престанало при двајцата следни императори: Константин Копроним и Лав IV Хазар. Но, тие не можеле да ја постигнат своjата цел, ни со прогонства, ни со затворања, ни со лишување од имот, ни со сурови казни, ни со лажливи собори. Сопругата на Лав IV, Ирина, откако ја презела власта по смртта на својот маж, во Никеа го свикала Седмиот Вселенски Собор (787 г.), кој определил да се употребуваaт во црквите и домовите иконите на Господ Исус Христос, Божjата Мајка, Ангелите и Светите, да се чествуваат со поклонување (но не со такво, какво што Му приличи на Бога), со целивање, со палење на свеќи и тимјам перед нив. Зашто, честа што се воздава на образецот, преминува кон првообразецот, а тие што се поклонуваат на икона, му се поклонуваат на лицето што е изобразено на неа.

Лав Ерменец (813-820) и потоа Теофил, го возобновиле гонењето против иконопочитувачите чија глава бил игуменот на Студискиот манастир Теодор Студит, познат по светоста на своjот живот и непоколебливата цврстина на карактерот. Тој неколку пати бил мачен со најтешки мачења и го фрлале во најстрашни затвори, но без оглед на секакви страдања, не престанувал да ги бодри и поддржува православните со своите писма. Сопругата на Теофил, Теодора, по смртта на својот маж, на Поместниот Константинополски Собор (842) ги потврдила во сета сила актите на Седмиот Вселенски Собор и во негова чест го установила празникот Торжество на Православието, кој до денес Источната Црква го празнува во првата Недела од Великиот пост.

Свети Јован, според местото на раѓање наречен Дамаскин, бил син на министер при дворот на Дамаскиот калиф. Одличното образование што го добил и заслугите му помогнале да стане градоначалник на Дамаск и прв министер на калифот. Кога византискиот император Лав со указ го забранил почитувањето на иконите, свети Јован напишал во нивна заштита неколку дела и ги испратил во Константинопол. Неговите писма жедно се читале во Константинопол и многумина поддржале во Православието. Лав, кога дознал за авторот на тие писма и нивното влиjaние на народот, му испратил на дамаскиот калиф писмо со фалсификуван ракопис на свети Јован Дамаскин, во кое небаре Јован ветувал дека ќе го предаде Дамаск на византиската војска. Измамен, калифот заповедал да му биде пресечена десната рака на измислениот предавник. Јован застанал со отсечената рака пред иконата на Богомајката и Ја молел да биде оправдан. Изнемоштен од крварењето – заспал, а кога се разбудил – раката му била исцелена. Во радоста, тој запеал: „Заради Тебе се радува, Благодатна, секое создание…” Потоа калифот сакал да го врати Јован на претходната должност, но Јован одбил. Откако го раздал својот имот на бедните, тој се оддалечил во ерусалимскиот манастир Свети Сава. Таму целосно се посветил на сочинување творби за полза на Црквата. Најважни од нив се: систематското учење за православната вера и особено, неговиот канон на Света Пасха, каноните на Рождество Христово, Богоjaвление, Вознесение Господово, воскресните служби, поделбата на 8 гласови (Октоих), и многу погребни песни. Како песнописец свети Јован Дамаскин е недостижен и го добил името Златоструен. Тој се упокоил во длабока старост, во 104-та година од животот. (Извор: История Седьмого Вселенского Собора )

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s