Во Грција е канонизиран преподобниот старец Георгиј (Карслидис) Нов Исповедник

georgios

На 2 ноември за време на посетата на Патријархот Константинополски Вартоломеј I во градот Драма се изврши канонизација на преподобниот старец Георгиј (Карслидис) Нов Исповедник.

Преподобен Георгиј се родил во 1901 година во понтиското место Аргируполи во Мала Азија. Во 1919 година примил монашки постриг во Грузија, во манастирот на Живоносниот Извор. За време на болшевистичките репресии бил затворен и осуден да биде стрелан. По трикратно ранување со чудо преживеал и бил ослободен. Во 1929 година со помош на некое грчко семејство отпатувал во Грција.

Во 1930 година старецот пристигнал во населбата Сирса, близу градот Драма. Во 1934 година таму бил изграден манастир на Вознесението Господово, каде што старецот го поминал останатото време од својот живот.

На тешко болниот старец постојано му помогале неговите духовни чеда, бидејќи тој не можел самостојно да се движи. Преподобен Георгиј се преставил во 1959 година.

Светиот старец Георгиј (Карслидис) Нов Исповедник поучувал вака: „Љубете ги сите луѓе, дури и вашите непријатели. Тоа е најосновното. Секогаш имајте љубов; и кон оние што нѐ љубат и кон оние што нѐ мразат. Да им простиме и да ги љубиме сите, па нека ни го прават и најголемото зло. Тогаш ќе бидеме вистински Божји чеда” (Седмица.Ru)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s