Свети великомаченик Димитриј Солунски, Мироточив

svdimitrij

Свети великомаченик Димитриј Солунски бил син на римски проконсул во Солун. Неговите родители биле тајни христијани. Кога умрел неговиот татко, Димитриј веќе бил полнолетен. Императорот Галериј Максимилиан, кој седнал на престолот во 305 година, го повикал и откако се убедил во неговата образованост и воено-административни способности, го назначил на местото на неговиот татко проконсул на Солунската областа. На младиот проконсул главна задача му било да го брани градот од варвари и да го уништува христијанството.

Откако стапил на служба, Димитриј наместо да ги гони и казнува христијаните, почнал отворено да ги учи жителите градот за христијанската вера и да ги искоренува паганските обичаи и идолопоклонството. Кога Максимилиан дознал, дека проконсулот што го назначил е христијанин, и уште дека многу римски поданици обратил во христијанството, многу се разгневил. На враќање од походот во црноморјето, тој решил со армијата да помине преку Солун, за да се справи со солунските христијани.

Штом дознал за тоа, свети Димитриј благовремено заповедал да се раздаде неговиот имот на сиромашните, а самиот се предал на пост и молитва, подготвувајќи се за примање на маченички венец. Кога во градот дошол императорот, Димитриј пред пред него смело исповедал дека е христијанин и ја осудил неправдата и суеверието на римското многубожие. Максимилиан заповедал да го затворат исповедникот. Господов Ангел слегол во затворот, утешувајќи и поткрепувајќи го светиот во подвигот.

На 26 октомври (8 ноември по н. ст.) 306 година, во подземниот затвор во мугрите дошле војници и го прободеле свети Димитриј со копја. Телото на светиот великомаченик Димитриј било фрлено да го изедат диви ѕверови, но солунските христијани го зеле и тајно го погребале.

При светиот рамноапостолен Константин (306-337) над гробот на свети Димитриј била изградена црква. Сто години подоцна, при градењето на нов величествен храм, на тоа место биле најдени негнилежните мошти на светиот великомаченик.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s