Сејачот и семето

Излезе сејач да сее свое семе. И додека сееше – едно падна покрај патот, и го изгазија и небесните птици го исколваа. Друго пак падна на камен, изникна и се исуши, зашто немаше влага. Друго падна меѓу трње и трњето – растејќи со него – го задушија. А друго падна на добра земја, изникна и донесе стократен плод.” Кога го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша нека слуша!” А Неговите ученици Го прашаа, што значи оваа парабола? Тој пак им рече: „Вам ви е дадено да ги знаете тајните на Божјото Царство; а на другите им се даваат во параболи, така што: гледајќи да не гледаат и слушајќи да не разбираат. А оваа парабола значи: семето е Божјото Слово. Оние крај патот – тие чуле; потоа доаѓа ѓаволот и им го зема словото од нивните срца, за да не поверуваат и да не се спасат. На камен се тие, кои – штом чујат – со радост го примаат Словото, но ни тие немаат корен; веруваат некое време, но отпаѓаат во време на искушенија. Паднатото меѓу трње, тоа се оние, кои слушале и кога си отидат ги задушуваат грижите, богатството и животните уживања, и не донесуваат зрел плод. А она на добрата земја – тоа се оние, кои ќе го чујат Словото, го чуваат во добро и чисто срце и донесуваат плод во трпение.” (Лука 8,5-15)

Според евангелскaта приказна за сејачот и семето (Мт. 13, 18) сите луѓе во историјата на човештвото кои некогаш се сретнале и ќе се сретнат со Божјиот збор, можат да се поделат во четири групи.

  • Во првата спаѓаат оние што имаат камено срце. Во срцата на таквите луѓе никогаш не може да прo’рти и да роди евангелското семе, зашто наместо Бог, со нив веќе управува сатаната.
  • Во втората се оние луѓе кои се непостојани во добродетелта. Таквите, кога ќе го чујат Божјиот збор се воодушевуваат, но крстот и подвигот на верата ниту можат нити сакаат да ги прифатат.
  • Третата група ја сочинуваат луѓето – идолопоклоници на овој свет, поробени од сластољубие и властољубие, заради што во нив Божјиот збор згаснува и не донесува плод.
  • Дури четвртата група луѓе се споредува со добра евангелска земја. Тие, кога ќе го чујат Божјиот збор, го прифаќаат и даваат плод – некои по триесет, некои по шеесет и некои по сто (Мт. 13, 8).

Наведената приказна за сејачот и семето ни укажува на трагедијата на човековата слобода. Слободатa е голем Божји дар, кој секој човек, за жал, може да го злоупотреби и наместо да остане да живее во слободата која Бог му ја дарувал (како на Адам во рајот), тој доброволно станува роб на страстите и смртта (Јн. 8, 34).

Без обѕир на значењето и јаснотијата на оваа приказна, Црквата секогаш мора да проповеда, зашто, свети апостол Павле вели; тешко мене//нам (1. Кор. 9, 16), ако не го проповедаме Божјиот збор, Светото Писмо, без обѕир дали некој ќе го прифати или не.

sejacСпоред зборовите на свети Симеон Нов Богослов, Светото Писмо е запишан Жив збор на Живиот Бог, збор кој е сол и светлина на овој свет (Мт. 5, 14). Во Светото Писмо ни е откриен тој спасоносен литургиски дијалог на Бог со човекот и на човекот со Бог, како што вели и блажени Августин: „во молитвата ние разговараме со Бога, а во Светотот Писмо Бог разговара со нас.”

Семето на нашата Црква, т. е. учењето на Словото е Евангелието//Благовестието. Тоа е живо сведоштво дека Синот и Слово Божјо стана човек за нашето спасение; за да ни даде можност да станеме Божји чеда, одговорни распоредници на црковните таинства и по благодат учесници во Неговото доаѓање при Сеопштото воскресение. Семето на благовестието дава плод кога луѓето ќе го осознаат тој спасителен настан за светот. А, осознавање значи сознание дека навистина ништо друго не го исполнува нашето битие со увереност, надеж, сила и смелост, освен самиот Богочовек Христос.

Верниот христијанин кој го доверува својот живот на добрата Божја промисла, со својот однос во секојдневниот живот ги покажува плодовите на таа сеидба; љуби и простува, го прима својот живот со одговорност. Се бори – колку што има сили – за мир, помирување, за заедничкиот живот. Започнувајќи од своето семејство, својот град, предложува од она малку или многу што има. Кажува добар збор, го прима другиот, различниот. Опипливи се плодовите на Светиот Дух во оние што со „благо и добро (καλη̨̃ καὶ ἀγαθη) срце го слушаат словото, го држат и творат плод во трпение.” Тоа е светоста!

Според учењето на Светото Писмо, запишаниот збор на Вистината има вечно и непроменливо значење, зашто Самиот Господ Христос кажал дека небото и земјата ќе поминат, но Неговите зборови нема да поминат (Мт. 24,35). Во Светото Писмо светот вооопшто се опишува како стварност што во зло лежи (1.Јн. 5,19). Тоа тврдење, уште повеќе, со право може да му се припише на данешниот свет, зашто зад него стојат безброј невини жртви, многубројни и разновидни беззаконија… Меѓутоа, токму на овој и ваков свет, денес му е најпотребно Словото на спасението како единствен збор кој на современиот човек и на човечештвото може да му даде вистинска надеж, вистинска утеха и Божји мир.

„Кој има уши да слуша, нека чуе!” Со овие зборови го завршил Господ и толкувањето на приказната, како што претходно пред народот со истите овие зборови ја завршил и самата приказна. И тоа е запишано: „извика.” Двапати се повторува истиот збор, и во двата случаја се вели: „извика.” Зошто? За да го разбуди внатрешниот слух на оглувените луѓе. За да одекне Неговата животна мудрост низ столетија и столетија и да ја чујат сите поколенија до крајот на времето. Повика човекољубивиот Пријател на луѓето, единствениот Пријател на оние врз кои навалиле црни птици како на оставен труп; повика, да укаже на опасноста; повика, да укаже на едниот единствен тесен пат за спасување од гнилежноста на овој свет, повика кроткиот и Благ Господ, зашто овде не се работи за ништо помалку од спасението на човековиот живот. Не за облека и не за имот, туку – за животот! Неговиот извик не е од гнев кон луѓето, туку извик на нежна мајка која ги видела своите деца меѓу змии, па извикала! Децата си играат и не ги гледаат змиите, а мајката ги гледа. Децата и кога ги здогледуваат змиите, не знаат по кој пат да се спасат, но мајката знае. Затоа, мајката извикала по децата. Затоа и Христос ги повика луѓето, од едниот до другиот крај на историјата: „Кој има уши да чуе, нека чуе!”

One thought on “Сејачот и семето

  1. Само со една мала проповед се почнува и завршува нештото кое сакате овде да го објасните а не го знаете зошто не се сте го напишале:
    Запишаниот извик на Господа се состои во Јован 3,5 , треба да бидете одново родени од вода и дух за да влезете во царството Божјо.
    Тоа е извикот кој треба да биде извикуван насекаде. Ако некој не биде роден од вода и дух не може да влезе во царството Божјо. И како таков не поверувал во сведоштвото Божјо кое Бог го дал за Својот единороден син, ќе биде казнет за неверство.
    Што останува до семето кое паднало на камења овие камења се запишани во евангелието според Марко 7: 21-23, ова се тие камења кои се наследени камења од Адам и Ева во секој човек.
    Вие самите мислете дали сте одново родени од вода и Дух а ако не сте треба да бидете зошто тоа е Божја волја. А тоа што секој ден ќе замрзнувате во Црквите и принесувате од тоа што го имате не ви вреди ништо пред Бога, но и покрај тоа запрашај те се на кого му принесувате и дали Бог има потреба од ваквите приноси???

    Нека бог има милост кон вас и нека Тој ве благослови со Неговото евангелие на водата и Духот.
    Поздрав Марија Маринческа

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s