Избран е нов претстоител на Православната Црква во Америка

Вашингтон. Петнаесетиот Сеамерикански собор на Православната Црква во Америка го избра за Митрополит на цела Америка и Канада епископот Форт-Уертски Јона, соопштува официјалниот сајт на таа Црква.

jonahЏејмс Пафхаузен, идниот епископ Јона, се родил во Чикаго во протестантско семејство. Како студент на Калифорнискиот универзитет, во 1978 година преминал во Православието и станал член на парохиската црква на Казанската икона на Божјата Мајка (Московска Патријаршија) во Сан-Диего. Во 1988 година ја завршил Свето-Владимирската семинарија.

Во почетокот на 1990-ите Џ.Пафхаузен работел во Издавачкиот оддел на Руската Православна Црква во Москва и се запознал со духот на современното руско монаштво за време на престојувањето во Валаамскиот манастир. Духовниот отец на наместникот на Валаамската обител, духовникот на Троице-Сергиевата лавра архимандритот Кирил го благословил Џ.Пафхаузен да се замонаши. Во 1995 година тој по примањето на постригот стапил во братството на Свето-Тихоновскиот манастир во Пенсилванија. Подоцна отец Јона станал настојател на манастирот Свети Јован Шангајски во Калифорнија.

Пролетта 2008 година Синодот на Православната Црква во Америка го возвел отец Јона во чин архимандрит, а во септември го хиротониса за епископ Форт-Уертски. Возведувањето на владиката Јона во чин митрополит на цела Америка и Канада ќе се одржи на 28 декември на собранието на Синодот на епископите на Православната Црква во Америка, во Вашингтон.

Претставникот на Московската Патриаршија при европските меѓународни организации – епископот Виенски и Австриски Иларион, кој порано го одби предлогот од дел од клирот на ПЦА да се кандидира на Сеамериканскиот собор, го нарече изборот на епископот Јона “истакнат настан во животот на Православната Црква во Америка”, забележувајќи дека главата на Црквата “е избран со изјавената волја на клирот и на црковниот народ кој во него го видел оној што ќе може да ја изведе Православната Црква во Америка од тешката криза”.

“Навистина: vox populi – vox Dei! Православната Црква во Америка денес како никогаш порано има потреба од млад и и динамичен Претстоител, способен да го востанови авторитетот на јерархијата во очите на верните. Подобар кандидат за таа улога тешко беше да се најде ” – изјави епископот Иларион во четвртокот.

Според неговото мислење, овој настан отвора нова страница во историјата на Православната Црква во Америка, која доби автокефалија од Руската Православна Црква во 1970 година. Како што истакна владиката Иларион, за глава на Православната Црква во Америка овој пат е избран, од една страона, “најмладиот по хиротонија јерарх”, но истовремено “никако не нов во црковното служење”, кој ќе може да го направи православното братство во Калифорни “крупен центар на монашки жиот”. (Извор: Седмица.Ru)

Vodpod videos no longer available.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s