Папата би можел да ги посети регионот и Македонија во 2013 година?

Бискупиите од регионот заеднички работат  Поглаварот на римокатоличката црква да ги посети земјите од окружувањето. Ова беше истакнато на прес-конференцијата по повод Меѓународната бискупска конференција „Св. Кирил и Методиј” што се одржа во Охрид од 11-13 ноември 2008 г.

На прашање на новинарите за тоа дали и кога Папата би можел да го посети регионот, бискупот Киро Стојанов рече дека постои волја кај католичките верници, но и кај сите граѓани на Македонија тоа да се случи. Како добар тајминг за посетата Стојанoв ја посочи 2013 година кога се одбележува 1700 годишнината од указот за верски слободи на императорот Константин.