Никита Михалков: Работам трудејќи се да снимам православен филм

nmВо Волоколамск на 19 ноември заврши петтиот меѓународен фестивал на воено-патриотски филм. Главeн настан на фестивалoт стана двочасовната средба на гледачите со режисерот Никита Михалков. Тој веднаш го предложи нејзиниот формат; прашање-одговор: «Кога одговараш на конкретно прашање од конкретен човек, постои надеж дека барем тој едниот е заинтересиран да слуша».

Меѓу многуте прашања, едно од првите беше: «Никита Сергеевич, како поверувавте во Бога?» – «По Божја милост, како што се родив, така и тоа се случи и во таа смисла се сметам себеси за многу среќен човек» – рече режисерот. Мајката на Никита Михалков, родена 1903 година, била постара од таткото 10 години и затоа, кога на авторот на државната химна му приговарале дека неговата сопруга е верничка, тој одговарал: А, што да правам, таа е постара од мене и е родена пред револуцијата. «И некако тоа така го оставиле» – си спомнува Н. Михалков.

Самиот Сергеј Михалков не се мешал во тоа што жената ги воспитувала децата во христијанските традиции. «Јас бескрајно сум му благодарен на татко ми, затоа што во нас не го скршил православниот дух. Ние бевме крстени, имав духовник, тој доаѓаше кога татко ми не беше дома, исповедуваше и причестуваше. Кога заминав во армија, ми зашија мал крст во мантилот. Тоа беше своевидно катакомбно христијанство. Тоа беше тешко, бидејќи се чувствуваш двосмислено. Јас го доживеав тоа кога еднаш на Пасха отидовме во црква – млади, поднапиени, а потоа во ресторан, и еден човек ми пријде и ме праша: «Што е Никита, се плашиш? Под палто се прекрстуваш?» Тоа беше вистина и тоа беше страшно – призна познатиот кинематографист. – Моите деца веќе беа лишени од тој страв. Тоа треба да биде (слободно), како што дишиме».

Кога човек влегува во православен храм, тој треба да разбира. А кој да му објасни? – прашува режисерот. И резимира: «Основи на православната култура треба да се предава. Во тоа нема клерикализам, сето тоа е либерална лага».

Кога режисерот го прашаа; се подготвува ли во догледно време да сними православен филм, тој одговори: «Се надевам дека само и работам трудејќи се да снимам православен филм. Православен филм – тоа не е свештеници и митрополити со капи и како се поклонуваат. Туку таков филм каде што има љубов кон човекот, каде има катарсис.» //Благовест-инфо

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s