Ангелот

До Мелетиј. Прислушкувачите кои божествениот Мојсеј ги испрати во Палестина, по мое мислење ги означуваат небесните Ангели, кои го надгледуваат целиот свет и промислуваат за луѓето, зашто луѓето сосема зависат од Промислата, како што  во тоа може да те увери оној Ангел, кој во вид на Македонец го молел Апостолот да се застапи за спасение на луѓето, велејќи му: „Дојди во Македонија, помогни ни” (Дела. 16, 9). // Преподобнаго отца нашего Нила ПодвижникаПисьма.

„Вo видението пред апостолот Павле застанал „некој маж, Македонец, молејќи го и говорејќи: „дојди во Македонија и помогни ни.” Можеби тоа бил ангелот на македонскиот народ во вид на маж. Македонија во тоа време била голема област на грчко-римската империја и се протегала од северозапад кон Егејското море, сега Архипелаг. Македонецот не кажува за што точно им е неопходна помош, но тоа е јасно: човештвото без Христа е осудено на пропаст и во тој однос е во беспомошна состојба. Да се проповеда Христос на народ кој што не Го познава Него – тоа и значи да му се помогне да се ослободи од пропаста што го очекува. Апостолите така и го разбрале тој повик и „се согласиле” да тргнат во Македонија. // Архиепископ Аверкий (Таушев), „Книга Деяний Святых Апостолов.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s