За историјата на установувањето на Божикниот пост и неговото значење

Божикниот пост го спомнуваат многу црковни, западни писатели уште во V-VI век. Основата врз која се појавил Божикниот пост, бил постот спроти празникот Богојавление, кој во Црквата се празнува од III век, а во IV век бил поделен на празниците Рождество Христово и Крштение Господово.

Божикниот пост првично траел кај некои христијани седум денови, кај други — повеќе. Според професрот на Московската Духовна академија И. Д. Мансветов, «белег на тоа нееднакво траење се наоѓа во најстарите Типикони, каде што Божикниот пост се дели на два периода: до 6 декември (19 декември н.с.) — поснисходителен (помалку строг) во однос на воздржувањето… и друг — од 6 декември до самиот празник» (Указ. соч. С. 71).

Божикниот пост започнува на 15 ноември//28 ноември н.с. и трае до 25 декември//7 јануари н.с., односно 40 денови, заради што во Типиконот, како и Великиот пост, се нарекува Четириесетница. Бидејќи покладите на овој пост се паѓаат на денот на св. апостол Филип (14 ноември с.с.), овој пост некогаш се нарекува и Филипов пост.

По зборовите на блажен Симеон Солунски, «постот на Божикната Четириесетница го изобразува постот на Мојсеј, кој откако постел 40 денови и 40 ноќи, ги добил на камени табли Божјите заповеди. А ние, постејќи 40 денови, го созерцуваме и го примаме живото Слово од Дева, изобразено не на камења, туку воплотено и родено и се приопштуваме на Неговата Божествена плот».

Божикниот пост е установен за да се очистиме себеси за денот на Рождеството Христово преку покајание, молитва и пост, за со чисто срце, душа и тело да можеме благоговејно да го сретнеме Божјиот Син Кој дојде во светот и за, освен обичните дарови и жртви, Нему да Му го принесеме нашето чисто срце и решеност да го следиме Неговото учење. // О Рождественском посте

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s