Eдeн монах му раскажал на старец Силуан Атонски…

…нешто што прочитал во весник и патем, го прашал: «А, Вие отец Силуан, ќе кажете ли нешто по овој повод?» «Јас, баќушка, не ги сакам весниците и нивните новости» — одговорил тој. — «Зошто така?» — «Затоа што читањето весници го помрачува умот и пречи чисто да се молиш». «Чудно — рекол монахот. — Мене, обратно, весниците ми помагаат да се молам. Ние живееме овде во пустина, ништо не гледаме и така душата постепено заборава за светот, се затвора во себе и заради тоа молитвата ослабнува… Кога читам весници гледам како живее светот и како страдаат луѓето и од тоа кај мене се појавува желба да се молам. Тогаш, служам ли литургија, се молам ли во себе во келијата, јас од душа го молам Бога за луѓето и за светот». — «Душата, кога се моли за светот, без весници подобро знае како тагува сета земја, таа знае какви потреби имаат луѓето и ги жали». — «Како може душата да знае од себе што се прави во светот?» — прашал монахот. — «Весниците не пишуват за луѓето, туку за настаните и тоа невистинито; тие го воведуваат умот во метеж и сепак, вистината од нив нема да ја дознаеш. А, молитвата го очистува умот и тој сѐ гледа подобро».

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s