Воведување на Пресвета Богородица во храмот

vovedenie

Голем и знаменит во животот на Богомајката е денот кој стана предзнак за тоа, дека Пресвета Дева ќе биде поставена повисоко, не само од светите, туку и од Ангелите, Херувимите и Серафимите. Воведувањето на Пресвета Богородица во храмот  – според Преданието – било на следниот начин: Родителите на Дева Марија, праведните Јоаким и Ана, молејќи се за разрешување од неплодноста, дале ветување, дека – ако им се роди дете – ќе го посветат на служење на Бога.

Кога Пресвета Дева наполнила три години, светите родители решиле да го исполнат своето ветување; ги собрале роднините и блиските, ја облекле Пречиста Марија во најубава облека и со пеење свештени песни, со запалени свеќи в раце, ја одвеле во Ерусалимскиот храм. Таму Богородителката ја пречекал првосвештеникот со многу свештеници. До храмот воделе петнаесет високи степенеци. Изгледало дека Марија не ќе може сама да се искачи по степениците. Но, тукушто ја поставиле на првиот степеник, поткрепувана од Божјата сила, таа бргу поминала и по наредните степеници. Потоа првосвештеникот, по вдахновение од горе, ја вовел Пресвета Дева во Светињата на светињите, каде што од сите луѓе само еднаш годишно влегувал првосвештеникот со очистителна жртва. Сите присутни во храмот му се восхитувале на необичниот настан.

Праведните Јоаким и Ана, откако го предале детето на волјата на Небесниот Отец, се вратиле дома. Преблагословената Марија останала во одделот за девојки при храмот. Околу храмот, како што сведочи Светото Писмо (Изл. 38; 1 Цар. 1, 28; Лк. 2, 37) и историчарот Јосиф Флавиј, имало многу простории за сместување во кои престојувале посветените на служење на Бога.

Со длабока тајна е покриен земниот живот на Пресвета Богородица од детството до вознесувањето на небо. Скриен бил и нејзиниот живот во Ерусалимскиот храм. Ако некој би ме прашал мене – вели блажен Јероним – како го минувала детството Пресвета Дева – јас би одговорил: тоа Му е познато Само на Бога и на Архангел Гавриил, нејзиниот неотстапен чувар.

Но, во Црковното предание се зачувале сведоштва, дека во времето на престојот на Пречиста Дева во Ерусалимскиот храм, таа се воспитувала во друштво на благочестиви девојки, го читала Светото Писмо, се занимавала со ракоделие, постојано се молела и возрастувала во љубовта кон Бога. За споменување на Воведението на Пресвета Богородица во Ерусалимскиот храм, Светата Црква од древни времиња установила торжествен празник. Укажувања за извршување на празникот во првите векови на христијанството се наоѓаат во преданијата од палестинските христијани, во кои се говори дека светата царица Елена изградила храм во чест на Воведението во храмот на Пресвета Богородица.

Историја на установување на празникот

За празнуваниот настан дознаваме од древно црковно предание, кое е одразено во црковните песни. За воведението на Пресвета Дева во храмот по достигнувањето на тригодишна возраст спомнуваат, антиохискиот епископ Еводиј (I в.), блажен Јероним (IV в.), свети Григориј Нисаски (IV в.), Герман и Тарасиј, патријарси Константинополски (VII в.). Времето кога е установен праздникот во чест на овој настан – не може точно да се определи. На Исток праздникот бил широко распространет уште во VIII-IX век. Во IX век Георгиј митрополит Никомидиски го составил канонот на празникот („Отверзу уста моя…”) и неколку стихири, а во Х век Василиј Пагариот архиепископ Кесариски, составил и втор канон на празника („Песнь победную…”). Овие стихири и канони Црквата ги пее на празничната богослужба.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s