Светатa великомаченичка Варвара

svvarvaraСветатa великомаченичка Варвара се родила во градот Илиополис (во денешна Сирија) во времето на императорот Максимиан (305-311 г.), во познато паганско семејство. Таткото на Варвара – Диоскор, чија сопруга рано умрела, бил многу приврaзан со своjата единствена ќерка. За да ја заштити убавата девојка од погледите, изградил посебен замок, во кој освен Варвара престојувале само пагански учители. Созерцувајќи ја од високата кула убавината на Божјиот свет, Варвара наскоро почнала да размислува за Причината и Творецот на светот. Таа постепено се утврдила во мислата дека бездушните идоли – како ракотворби пред кои се поклонувале нејзиниот татко и учителите – никако не би можеле да ја создадат околната природа.

Желбата да го познае вистинскиот Бог толку силно ја опфатила душата на Варвара, што таа решила на тоа да го посвети животот и да живее во девственост. Славата за нејзината убавина се распространила во градот и многумина ја барале нејзината рака, но таа, без обѕир на љубезните наговорања од таткото, ги одбивала сите понуди за брак. Варвара го предупредила таткото дека неговата упорност може да заврши трагично и да ги раздели засекогаш. Диоскор помислил дека карактерот на ќерката се изменил заради затворениот живот. Тој ѝ дозволил да излегува од кулата и ѝ дал целосна слобода во изборот на пријателки. Девојката сретнала во градот млади исповеднички на Христовата вера и тие ѝ го изложиле учењето за Творецот на светот, за Бог Троица, за Божествениот Логос. По некое време со Божја Промисла во Илиополис пристигнал од Александрија, прикриен со изглед на трговец, некој свештенник. Тој над Варвара ја извршил Светата тајна Крштение.

Во тоа време при домот на Диоскор се градела раскошна бања. По заповед на домаќинот, работниците планирале да направат во неа два прозора на јужната страна. Но Варвара, користејќи го отсуството на таткото, ги замолила да направат и трет прозорез, во знак на Троичната Светлина. Над влезот во бањата Варвара напишала крст кој останал длабоко запечатен на каменот. На камените степеници на бањата останала трага од нејзините стопала, од која подоцна потекла вода, со голема исцелителна сила, која Симеон Метафраст, опишувајќи ги страдањата на светата маченичка, ја споредува со животворната сила на водите на Јордан и Силоамскиот извор.

Кога Диоскор се вратил и изразил незадоволство заради нарушениот план за градба, ќерката му раскажала за Триедниот Бог, Кого таа го познала, за спасителната сила на Божјиот Син и за сутеноста на поклонвањето пред идолите. Диоскор се разгневил, извадил меч и сакал да ја убие. Девојката избегала од таткото, а тој тргнал да ја гони. Таа се сокрила во пештера, која на чудесен начин се отворила пред неа. После долги и безуспешни барања, двајца овчари му ја покажале на Диоскор пештерата каде што се криела светата. Диоскор жестоко ја претепал ќерката, а потоа ја заклучил под стража и долго ја измачувал со глад. На крајот, тој се откажал од неа и ја предал пред управникот на градот Мартиан.

Света Варвара ја биеле жестоко: ја бичувале со воловски жили, а раните ѝ ги триеле со грубо платно. Ноќта во затворот на светата девојка која огнено се молела на својот Небесен Младоженец, ѝ се јавил Самиот Спасител и ѝ ги излечил раните. Тогаш светата ја подложиле на нови, уште посурови мачења.

Во толпата што стоела близу до местото на мачеништвото на Варвара, се наоѓала и илиополката, христијанка Јулианија. Нејзиното срце се преполнило со сочувство кон доброволното мачеништво на убавата и угледна девојка. Јулианија исто така посакала да страда за Христа. Таа почнала гласно да ги обвинува мачителите. Затоа ја фатиле и неа. Светите маченички биле мачени многу долго време: со куки им ги влечеле телата, им ги отсекле градите, голи ги воделе низ градот за потсмевање. По молитвите на света Варвара Господ испратил Ангел, кој со светла облека ги покрил телата на светите маченички. Цврстите исповеднички на Христовата вера; светите Варвара и Јулианија биле обезглавлени. Света Варвара ја казнил самиот Диоскор. Божјата одмазда не задоцнила да ги постигне двајцата мачители Мартиан и Диоскор: тие биле пеплосани од молња.

Моштите на светата великомаченичка Варвара во VI век биле пренесени во Константинопол. А во XII век, ќерката на византискиот император Алексиj Комнин (1081-1118 г.), кнегињата Варвара, стапувајќи во брак со рускиот кнез Михаил Изjaславич, ги донела со себе во Киев, каде што се наоѓаат и денес – во соборниот храм на светиот кнез Владимир.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s