Барајте го прво Божјото Царство и Неговата праведност…

„…и сè друго ќе ви се додаде.” Оваа Господова заповед која ни ја соопштува целосната и потполна доверба во божествената Промисла е аскетски слоган и жива пракса.

Отец Херувим беше безгрижен аскет (на Света Гора), полн со вера и надеж. Тој имаше мала потешкотија со слухот и еднаш снегот го беше изолирал во неговата сиромашна испосничка келија за повеќе од недела денови без храна. Еден ден странец со натоварена мазга чукнал на неговата врата. Било речиси ноќ. Тој прашал дали има време да стигне до пештерата Свети Петар пред да се стемни, а потоа да се врати до манастирот Свети Павле.

Аскетот Херувим му рекол: „Брату мој, има толку снег што не ќе можеш да стигнеш до испосницата Свети Петар, дури ако би имал и цел ден. Остани ноќва овде и можеш да одиш утре рано наутро.”

Странецот одговорил: „Геронда, донесов некоја храна овде, која сакам да ја продадам и да се вратам на мојата работа вечерва. Ако сакаш, можеш да ми направиш услуга – така што би ја купил, а за неа би ми дал малку пари.”

„Бидејќи брзаш, остави ги овде, во овој агол, а јас ќе одам да ги земам за тебе парите што ми ги даде еден поклоник.” Тој отишол во својата соба, додека странецот је истоварувал храната, но кога се вратил – оној не бил веќе таму. Тој исчезнал. Отец Херувим погледнал надвор и повикал, но во снегот немало ниту човечки стапки, ниту животински траги. Тогаш сфатил дека сето тоа било видлива сила на невидливата Божествена Промисла која надгледува сè. Тој влегол во својот мал параклис и Му заблагодарил на Господа. Со благодарност ја ставил храната во своето мало складиште. Таа му траела цела зима. – Од Атонскиот Старечник (Word from the Desert)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s