Имeто на преподобен Георгиј (Карслидис) е вклучено и во месецословот на Руската Православна Црква

osios-st-george-karslidesНа заседанието на Светиот Синод на РПЦ одржано на 24 декември 2008 г. бил ислушан рефератот на Месточуварот на Патриаршискиот престол – митрополит Смоленски и Калининградски Кирил за канонизацијата на преподобен Георгиј, која веќе е извршена во Константинополската Православна Црква.

Светиот Синод прифатил да биде вклучено името на преподобен Георгиј (Карслидис) во месецословот на Руската Православна Црква, при што е утврден и датумот на празнување на неговиот спомен: 6 ноември, исто како и во Константинополската Црква. // Patriarhia.ru

Житие

Георгиј, (со крштелно име Атанасиј), се родил во 1901 г. во понтиското село Аргируполис, во Mала Азија, во семејството на благочестивите родители Сава и Софија Карслидис. Рано останал сирак и го вопитала неговата баба, која му ја влеала љубовта кон богослужбите. Заедно со бабата и дедото, идниот подвижник се преселил во Кавказ, Ерзерум. Атанасиј бил духовно-надарено дете, го нарекувале “παιδαριογέρον” – дете-старец, слично на св. Сава Освештен, кој од рана возраст ја пројавил својата љубов кон Бога. Како момче го замолиле да биде кум на детето на својот брат и тој се согласил. Но, во моментот на крштението, видел една змија како ползи околу садот за крштевање. Се исплашил и излегол од храмот. Потоа свештеникот го прашал за причината и тој му разкажал за своето видение. Во тој момент свештеникот ја почувствувал тежината на некој свој голем грев и извикал: “Ти си надарено момче, избран Божји сад”.

Уште на детска возраст, со само девет години, Георгиј се вселува во манастирот “Живоносен извор” крај Т’билиси и таму израснува под покровителството на игуменот архимандрит Георгиј. Во 1919 г. е пострижен за монах со името Симеон. Таму го научил грузискиот јазик и на тој јазик служел света литургија. За време на комунистичкото гонење против Црквата, тој бил уапсен заедно со другите монаси од манастирот и осуден на стрелање кое требало да се изврши точно на денот на Христовото Воскресение. Групата маченици биле врзани еден за друг на раб на длабока јама и застрелани. Три куршуми го погодиле телото на монахот Симеон, а оној што одел кон срцето рикошетирал од опковот на иконата што тој секогаш ја носел со себе. Останатите куршуми го пронижале неговиот врат и нозете. Заедно со сите стрелани и тој паднал во јамата. Наспроти многуте рани, останал жив, бидејќи го покриле телата на другите осуденици. Војниците го откриле, но не го убиле, зашто постоел непишан закон, според кој; оној што ќе останел жив откако бил погоден со три куршуми, не го стрелале повторно.

По ослободувањето од затвор монах Симеон бил пострижен во голема схима со името Георгиј, а во 1925 г. бил ракоположен за ѓакон и презвитер, наспроти својата рана возраст. Потоа тој живеел во Сухуми, во Ерменија и насекаде го стекнувал почитувањето и уважувањето од луѓето како старец. Во 1929 г. со помош на грчката амбасада во Москва, отец Георгиј се преселил во Грција и се населил во селото Сипса, недалеку од Драма. Таму тој основал манастир посветен на Вознесението Господово и бил негов игумен до крајот на својот живот.

За време на Втората светска војна, во 1941 г., бил уапсен и од бугарски војници, кои добиле заповед да го застрелаат. Тој без приговор тргнал по нив, а на местото за стрелање посакал да се помоли. Потоа им рекол да ја извршат намерата. Но, војниците се зачудиле и се исплашиле од неговото спокојство и го оставиле неповреден. Старецот служел света литургија секој ден. На проскомидијата за починатите не само што ги читал имињата што му биле дадени, туку и знаел како умрел секој човек – дали го убиле турците, дали починал праведно или не. Тој тоа го споделувал со нивните блиски за да ги поттикне правилно да се грижат за душите на своите починати. Постојат многу сведоштва кои уверуваат дека за време на богослужбата старецот често не ја допирал земјата со своите нозе, а меѓу сведоците се и свети подвижници, како блажениот отец Николај Планас, отец Филотеј Зервакос и други. Господ му дал на својот служител – заради љубовта, некористољубието и аскезата дарови на прозорливост (провидување на идните и минатите нешта), пророкување, разсудителност и чудотворството. Многу луѓе оделе при него за да добијат духовен совет и утеха.

На тешко-болниот старец постојано му помагале неговите духовни чеда, бидејќи тој не можел самостојно да се движи. Преподобен Георгиј се преставил во 1959 година.

normal_gevrgios-karsilidhs-eylogon

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s