Месточуварот на Патриjаршискиот престол – митрополит Кирил, смета дека на Црквата ѝ е неопходна интелигенцијата, која би можела да им сведочи за верата на образованите луѓе.
„Простите луѓе сè разбираат со срцето, иако и на нив им е потребно со разумот да научат, но постојат рационални луѓе кои критички го восприемаат туѓото мислење, секој збор од проповедта го пропуштаат низ своето сопствено разбирање, кои имаат потреба од силен духовен и интелектуален импулс” – рекол митрополитот Кирил во текот на средбата со студентите на Сретенската духовна семинарија во Москва.
„Паметам, еднаш разговарав со студенти, говоревме за неопходноста од учење јазици – и странски и древните класични. Еден ученик стана и сосема искрено праша: „Владико, зошто нè терате да учиме јазици? Што, со бабите ли ќе збориме на англиски?” Тогаш разбрав дека тој ученик всушност себеси се замислува во рамките на таа задача – да разговара „со баба” – раскажал митрополитот.
„Ние со вас мора да станеме богослови кои се способни во нашето богословско мислење да го одразуваат она што се случува во светот. Некои тоа го нарекуваат ‘богословска рефлексија’. Ние сме повикани да реагираме на актуелностите – не на начинот на политичарите, економистите, научниците, туку како пастири, свештеници, богослови. И тоа слово го очекува нашиот Божји народ” – рекол владиката Кирил во обраќањето кон семинаристите.//Интерфакс