Воплотениот Христос ме удостојува за Бога
Воплотениот Христос ме удостојува за Бога,
Христос понижениот за мене, ме вознесува високо,
Христос, животодавачот,
страдајќи во човековата природа,
ме ослободува од страдањата.
И така, му пеам благодарствена песна,
Нему кој е прославен.
Христос распнатиот ме вознесува високо,
Христос кој беше убиен, прави пак да воскреснам со него;
Христос ми дава живот.
И така, ракоплескам со радост,
Му пеам на Спасителот победничка песна,
Нему кој е прославен.
Косма Мајумски (VIII век)
Christ incarnate makes me worthy of God