Иконографија на Рождество Христово

Христовото Раѓање, денот кога Спасителот се јави во нашиот свет – е голем настан за секој христијанин. Со чувство на радост и ликување се исполнети и црковната богослужба и иконата на празникот.

Основни извори за иконографијата на Христовото Рождество се Евангелието и Црковното предание. Најраните зачувани претстави на Христовото Рождество може да се видат во катакомбите на древниот Рим и на христијанските саркофази, кои датираат од IV век.

ikonarozdestva

Во композицијата на иконата «Рождество Христово» обично се претставуваат неколку настани од различни моменти. Во центарот на иконата се – Пресвета Богородица и Богомладенецот, зрак од Витлеемската ѕвезда одгоре слегува на Нив, укажувајќи ја «големата тајна на благочестието; Бог се јави во плот». Над Младенецот кој е легнат во јасли се наведнати магаре и вол (според преданието, тие стоеле во пештерата околу јаслите и со своето дишење го затоплувале Божествениот Младенец).

Иконата на Рождеството е насликана со најтопли бои; целото создание ликува за родениот Христос. И на горите, насликани како степеници кои водат кон небото, гледаме јасни изблици на Божествената светлина која ја осветли вселената, бидејќи Христос е – Сонцето на Вистината, Светлината што го просвети светот.

Иконата на Христовото Рождество – е слика на неминлива слава, на доброволното Христово понижување. Сите основни облици на иконата, целата нејзина композиција говорат за тоа. Иконата, која со своите облици образува печат кој го изразува празникот во неговата основна смисла, ја покажува славата на доброволното вочовечување на Христос, славата на Неговото понижување.

Оваа икона сведочи и за Богомладенецот Христос кој лежи во пештерата како во прегратка на земјата – слика која ја содржи Евангелието во зборовите на Спасителот за семето, во приказната за Небесното Царство. Синаповото семе е најмало до сите семиња, но фрлено в земја израснува како големо дрво и може да се каже дека Христос, самото воплотување на Небесното Царство, живиот Ерусалим, како синапово зрно кое е фрлено во темната пазува на земјата, серодил во темните прегратки напештерата ископана в земја. И со тоа што Божјата Мајка го положила, не во некаков дом, не на површина на земјата, туку во пештера, како во длабочините на земјата – со тоа се осветиле и осолиле самите пазуви на земјата, го примиле во себе новиот живот.

Таjната на Христовото раѓане пред сè е пасхална таjна. “Пасха” во нашата православна традиција се однесува на Велигден – празникот на Христовото Воскресение. Овој термин истовремено се однесува на секоја жртва од земната деjност на Христос, започнувајќи од Рождеството, Крштението, Преображението, па до Распнувањето. Секоја етапа – од пештерата во Витлеем до положувањето во гробот од Jосиф Ариматеjски, ја докажува мистеријата на неговиот повик – да биде жртва на љубовта на Отецот за спасението на целото човештво.

Во иконата на Рождеството таа мистерија е разоткриена на особен начин. Традиционалнотосиже го претставува Христос Младенецот во центарот на пештерата во која се родил. Не е повиен во пелени, туку во саван – погребална облека која го предвестува неговото вселување во една друга пештера, друга црна бездна, издлабена во срцето на созданието, веднаш по неговата смрт на крстот. Не е поставен во лулка, туку на жртвен олтар – место за ритуалните жртви. Тоа го посочува моментот, во коj ќе ги рашири рацете на Крстот, ќе ги почувствува клиновите во своето тело и ќе ги извикне последните зборови на човек на смртниот праг: “Во твои раце го предавам мојот дух.” (Лк 23:46)

Обично на иконата на Рождество пештерата е насликана без никакво усложнување, без обиди да се претстават детали, без обиди да се даде некакво осветлување, туку просто како рамна црна долина, како отворена уста на земјата и таа темнина со ништо не се смекнува. Таа е противпоставена на светлината од Спасителот, на ореолот околу главата и белината на платното со кое го повила Божјата Мајка.

Земјата на иконата на Рождеството не е претставена мазнаили рамна, не, таа целата е раздвижена, со врвови, долини, падини. Нејзиното движење потсетува на движење на морски бранови. И таа разбрануваност, нерамнина на земната површина не е само сведоштво за нерамнините и ридовите околу Витлеем, туку има и друга, општа, скриена смисла. Земјата го познала денот кога е посетена. Таа му одговорила на Христа така што целата оживеала, се раздвижила, како тесто почнала да нараснува, затоа што во себе го почувствувала квасецот на вечниот живот. И тие ридести и степенести предели на земјата кои ја окружуваат пештерата, не се пусти, туку се полни со возбудено и радосно движење.

Обично на иконите на Рождество се насликани и Ангелите и мудреците и пастирите. Ангелите – како први сведоци и благовестители на Христовото Рождество, мудреците и пастирите – како човечкиот род кој е повикан да му се поклони на Христа. Мудреците и пастирите не сочинуваат една група и самите по себе не се блиски едни со други. Пастирите го претставуваат избраниот јудејски род, за нив се отворило небото и го виделе соборот Ангели кои му пеат песна на Бога. Тие биле повикани да му се поклонат на Христа од лицето на целиот Израил. Тие го добиле Благовестието непосредно од Ангелите. Мудреците ја претставуваат елитатат на паганскиот свет. Различни се Благовестието и патот на пастирите и на источните цареви, а се обединети и заедно се поврзани преку Христос Емануил, кому дошле да му се поклонат.

Во горниот дел на иконата, веднаш над пештерата, се слика ѕвездата која ги води царевите да му се поклонуват на Христа. Оваа ѕвезда се слика не сосема обично. Таа како да е испратена да застане над пештерата, не стои посебно, туку излегува од небесните сфери, кои се изобразени во врвот на иконата.

Обично на иконата на Рождеството се слика и Јосиф Обручник, во длабока тага, измачуван од сомнежи, затоа што не е во состојба да ја разбере тајната на Раѓањето од Девојка. Пред него стои демон во вид на старец-пастир и се обидува да го збуни Јосиф.

Карактерно за многу икони на Рождеството е декаБожјата Мајка е свртена со лицето – не кон Спасителот, туку кон Јосиф. Нејзиното лице изразува длабока загриженост. Божјата Мајка како да сака со сите сили да му помогне на Јосиф и во таа грижа веќе се определува служењето на Божјата Мајка како Небесна Царица и застапничка за човечкиот род.

Таjната на Христовото раѓане е пред сè пасхална таjна. “Пасха” во нашата православна традиција се однесува на Велигден – празникот на Христовото Воскресение. Овој термин истовремено се однесува на секоја жртва од земната деjност на Христос, започнувајќи од Рождеството, Крштението, Преображението, па до Распнувањето. Секоја етапа – од пештерата во Витлеем до положувањето во гробот од Jосиф Ариматеjски, ја докажува мистеријата на неговиот повик – да биде жртва на љубовта на Отецот за спасението на целото човештво.

Во иконата на Рождеството таа мистерија е разоткриена на особен начин. Традиционалнотосиже го претставува Христос Младенецот во центарот на пештерата во која се родил. Не е повиен во пелени, туку во саван – погребална облека која го предвестува неговото вселување во една друга пештера, друга црна бездна, издлабена во срцето на созданието, веднаш по неговата смрт на крстот. Не е поставен во лулка, туку на жртвен олтар – место за ритуалните жртви. Тоа го посочува моментот, во коj ќе ги рашири рацете на Крстот, ќе ги почувствува клиновите во своето тело и ќе ги извикне последните зборови на човек на смртниот праг: “Во твои раце го предавам мојот дух.” (Лука 23:46)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s