Празникот Рождество Христово

Господ наш Исус Христос, Спасителот на светот, се родил од Пресвета Дева Марија за време на царувањето на императорот Август (Октавиј) во градот Витлеем. Август заповедал да се направи сенароден попис во целата империја, во која тогаш спаѓала и Палестина.

Евреите имале обичај народните пописи да ги водат по колена, племиња и родови. Секое колено и род имале свои определен град и прататковско место, заради што Преблагословената Дева и праведниот Јосиф, како потомци од Давидовиот род, морале да одат во Витлеем (градот на цар Давид), за да ги внесат и своите имиња во списокот на поданиците на императорот. Во Витлеем тие не нашле слободно место во градските гостилници. Во штала, среде сено и слама расфрлани за храна и подлога на животните, далеку од постојаното место за живеење, меѓу непознати луѓе, во студена зимска ноќ, во просторија која не само што била лишена од земно величие, туку немала ни вообичаена удобност — се родил Богочовекот, Спасителот на светот. „Чудно таинство гледам и преславно — со восхит пее Светата Црква: „Небо е — пештерата; а Престол Херувимски е — Девојката: јаслите — место на кое легна несместливиот Христос Бог” (ирмос 9-та песна од канонот). Пресвета Дева го родила Богомладенецот безболно, сама, без помош од други, го повила и положила во јаслите (Лк. 2). Но, среде полноќната тишина, кога сето човештво било зафатено со длабок сон, веста за Раѓањето на Спасителот на светот ја слушнале пастирите кои биле на ноќно стражарање крај своето стадо. Пред нив застанал Господов Ангел и рекол: „Не плашете се: зашто, еве ви благовестувам голема радост што ќе биде за сите луѓе, зашто денес ви се роди Спасителот, кој е Христос Господ, во Давидовиот град.” Смирените пастири први се удостоиле да му се поклонат заради спасението на луѓето на оној што слезе со изглед на слуга. Освен со ангелското благовестие на витлеемските пастири, Христовото Раѓање со чудесната ѕвезда им било возвестено на мудреците – ѕвездословци и – во лицето на источните мудреци – целиот пагански свет ги преклонил своите колена пред вистинскиот Спасител на светот – Богочовекот. Кога влегле во пештерата каде што бил Младенецот, мудреците паднале и му се поклониле, ги отвориле своите дарови што ги донеле за него: злато, ливан и смирна (Мт. 2, 11).

Историја на установувањето на празникот

Установувањето на празнувањето на Христовото Рождество датира од првите векови на христијанствот. До IV век во источните и западните Цркви празникот Христово Рождество се празнувал на 6 јануари, а празникот бил познат под името Богојавление и првично припаѓал во празнувањето на Крштението на Спасителот.

Основната и првична цел на установувањето на празникот – е споменувањето и прославувавњето на настанот: јавување во плот на Божјиот Син. Но, имало и друга причина и цел за установување на празникот. Малку порано отколку во Православната Црква, празнувањето на Крштението го вовеле за себе еретиците — гностици (свионити, докети, василидијани), бидејќи тие најголемо значење во животот на Спасителот му придавале на неговото Крштевање. А, ништо толку не ги соблазнувало христијаните во ереста (особено во гностицизмот), како богослужењето на гнос¬тиците, кое било со многу хармонични и убави песни. На тој гностички празник морало да му биде спротивпоставен свој, ист таков…

И Православната Црква го установила свечениот празник Крштение Господово и го нарекла Богојавление, наметнувајќи ја мислата дека во тој ден Христос не станал првпат Бог, туку само се пројавил Себеси како Бог, застанувајќи како Еден од Троица, Божјиот Син во пло¬т. За да се уништат лажните мислења на гностиците во однос на Христовото Крштение, Црквата кон Крштението почнала да го присоединува и Рождеството Христово.

Така, во IV век низ целиот Исток Крштението и Рождеството се празнувале во еден ден, на 6 јануари, под заедничко име Богојавление.

Првична основа за празнување на Христовото Рождество на 6 јануари (како и на Крштението) била, не историската соодвет¬ност на тој број со денот на раѓањето на Господ Исус Христос, (тој датум и во древноста точно не бил познат), туку таинственото разбирање на односот меѓу првиот и вториот Адам, меѓу виновникот за гревот и смртта и Началникот на животот и спасението. Вториот Адам — Христос, според таинственото//мистичното созерцание на древната Црква, се родил и умрел во денот кога е створен и кога умрел првиот Адам — во шестиот ден, на кој е соодветен шестиот ден од првиот месец на годината.

Празникот Рождество Христово првпат бил одвоен од Крштението во Римската Црква, во првата половина на IV век (при папата Јулиј). Со пренесувањето на празникот на 25 декември Црквата сакала да создаде противтежа на паганскиот култ кон сонцето и да ги претпази верните да не учествуваат во него.

Познато е дека кај римјаните на 25 декември се празнувал паганскиот празник во чест на зимскиот солстициј, нарекуван ден (на раѓањето) на јавувањето на непобедливото сонце, кое зимата не успеала да го победи и кое од тоа време оди кон пролетта. Тој празник на «богот на сонцето» бил ден на разуздани веселби на народот, денови на забава за робовите, децата… Затоа тој ден бил најприкладен за споменување на настанот Рождество на Исус Христос, кој во Новиот Завет се нарекува: Сонце на Правдата, Светлина на светот, Спасение на луѓето, Победник на смртта.

Празнувањето на Христовото Рождество на 25 декември во Источната Црква било воведено подоцна отколку во Западната, имено; во вто¬рата половина на IV век. Првпат одделното празнување на Христовото Рождес¬тво било воведено во Константинополската Црква околу 377 година, со указ на императорот Аркадиј и благодарение на енергичноста на свети Јован Златоуст. Обичајот да се празнува Христовото Рождество на 25 декември се распро¬странил од Константинопо¬л низ целиот православен Исток.

Установувањето на празнувањето на Христовото Рождество на 25 декември имало и друга основа. Според мислењето на отците на Црквата од III-IV век (св. Иполит, Тертулијан, св. Joван Златоуст, св. Кирил Александриски, блажени Августин), 25-ти декември како датум историски е најблиску до точниот ден на самото раѓање на на Господ Исус Христос.

Од богослужбените песни посветени на Хрис¬товото Рождество, најстари, се претпоставува дека се првата стихира на «Господи воззвах», кондакот и икосот. Кондакот и икосот ги составил во VI век преподобен Роман Слаткопевец. Тој составил 24 икоси, од кои во современата служба се зачувани само првите два (кондак и икос). Тропарот и светилниот на празни¬кот, исто така, се многу древни.

Уште во VII- VIII век сe познати Минеи со служби на Рождеството во нивниот целосен облик. Во Х век имало служби на предпразништвото и попразништвото, а во XI-XII век службата посветена на Христовото Рождество на Исток во нејзините изменливи делови добива таков изглед како и современата служба.

Составувачи на современата служба на Христовото Рождество, воглавно се песнотворците од VI, VII, VIII и IX век: св. Роман Слаtкопевец (кондак и икос), св. Андреј Критски (стихирите на: Хвалите), св. Герман, патријарх Константинополски (неколку стихири на «Господи, воззвах» и стихирите на литијата), св. Јован Дамаскин (неколку од стихирите на Вечерната, канонот), Косма Мајумски (канон) и други.

2 thoughts on “Празникот Рождество Христово

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s