Воплотувањето на Божјиот Син

„Да отидеме во Витлеем и да видиме дека таму се случило она за што нè извести Господ” (Лк. 2: 15).

Црквата, Христовото тело, во сите времиња чувајќи го Неговиот откупителен подвиг на земјата, денес повторно им ја возвестува спасителната вистина на ближните и далечните, на своите членови и на целиот свет.

Таа го возвестува фактот дека Бог на отците наши, Кој од љубов во почетокот го створи човекот според Својот образ и подобие, не трпејќи го падот што отпосле настана како резултат на изопачувањето на Својот образ, го пресоздаде човекот во последните времиња. Тој го пресоздаде и прероди Своето создание на начин кој го надминува човечкиот разум и сила. Бог тоа го изврши преку воплотувањето и вочовечувањето на Својот Еднороден Син од Духот Свет и Марија Дева. „Но, кога дојде полнотата на времето, Бог го ислрати Својот Син Кој се роди од жена, се потчини на законот” (Гал. 4:4).

Бог го обнови човекот откако Самиот се соедини со него во Христа. Тој Самиот стана во лицето на Исус Христос она што беше Неговото создание – човек со сите безгрешни човечки страсти.

„Тој слезе во човечката природа не престанувајќи да биде Бог, го прими човекот не како туѓ, туку како навистина Свој” – како што вели светителот Кирил Александриски (До царот Теодосиј. PG. 76, 1169D). Бог се јави во плот во определен момент на историското битисување. „Тој влезе во вселената како човек, така што стана дел од светот”, без притоа да ја изгуби Божествената слава, како што говори спомнатиот божествен отец (За правата вера. PG. 76. 1177). Тој стана човек во времето, при римскиот император Август (Октавиј), и во определено место – Витлеем во Јудеја.

Ова Таинство што го надминува секој ум, имало место далеку од очите на безумните ироди на овој свет. Христос „во незнајност се роди во пештера”, не во сила и моќ и не со власт, туку во детска беспомошност и слабост, во крајно понижување (умаление) и смирение.

Тој им се открил во пештерата на невините и чисти души кои можат да Го разберат и примат. Тој на видлив начин прво ѝ се покажа на Дева, Која се восхитуваше и чудеше, гледајќи дека се извршува она што ангелот ѝ го вети во Назарет.

Таа прва го гледа како лежи во јаслите Невидливиот и го повива со пелени Несместливиот. На Јосиф Обручник му се доверени Дева и Младенецот да ги спроведе во Египет. Ангелите – кои на небесата пеат: „Слава во висините…” –ги испраќаат простите по срце пастири, кои го паселе стадото во блиското село – кои, кога отишле во Витлеем, го виделе Младенецот, повен со пелени и легнат во јасли.

Мудреците од Исток пристигнале со дарови и благоговејно му се поклониле на новородениот Цар. Овие верни очевидци и слуги го предале ова таинство на Црквата.

Споменувајќи го Христовото Рождество и денес, по повеќе од две илјади години, Црквата го возвестува фактот на Божественото понижување//(истоштување, испразнување, умаление) и снизходење. Таа проповеда дека Христос „се истошти Себеси, откако прими вид на слуга” (Флп. 2:7), за човекот да не остане во својата падната состојба на земјата, туку да стане и да се извиши на небото.

Тоа истоштување, кое почна од вочовечувањето и раѓањето по плот на Божјиот Син, се простира до смртта на крст и погребувањето, а следствено, и до воскресението. Овој Божествен и Човекољубив образец//икона како драгоцена ризница на вистината, како непогрешлив компас во животот – Црквата му го предложува и на современиот човек.

Таа го споделува со него искуството и својата увереност, дека одговорот на прашањето за смислата на животот и решението на проблемите на човекот се во прифаќањето, усвојувањето, приопштувањето и применувањето на животниот став – исполнет со љубов кон луѓето, а кој ни се откри во Христа.

Од Божикното послание на Ерусалимскиот Патријарх Теофил III.

One thought on “Воплотувањето на Божјиот Син

  1. Колку малку, колку недоволно, колку без здив, со вера колку синапово зрно, исправени пред Него, горделиво бараме и само бараме незнаејќи што, слично како што од светот ја бараме скапата играчка или суетната слава и богатство… Така патем, мрмориме нешто што за молитва го именуваме, а веќе следниот миг во трк го бркаме новиот предизвик во светот, за да не ни избега залудно времето до смртниот час.

    А Тој Милозливиот, Преслаткиот, познавајќи ја нашата природа, трпеливо, грижливо, закрилнички не удостојува, не прекорува но и простува, не унизува и не` подига…и по кој знае кој пат ни дава нова прилика, таинствено и чудесно да го вкусиме, да го примиме слаткиот плод на верата.

    А јас, восхитена од несфатливата љубов Негова што да изустам, освен – Фала Ти, Слава Ти Господе, што сеуште ја примаш мојата слабост, ми подаваш рака, кога по којзнае кој пат покајнички верувам дека Ти се враќам!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s