Трпи обрезание по тело Оној што од Отецот без отсекување и пропадливост неизречено се роди како Слово и како Бог од Бога, останувајќи во непроменетото Божество. Така по законот Оној што е над законот од клетвата на законот ги избавува сите и одгоре благослов дарува. Затоа, предоброто Негово слегување фалејќи го, пееме и благодарно прославуваме, Него молејќи го; на нашите души да им дарува голема милост.
Откако стана божји син по благодат со преродувањето на Божественото крштение, според природата и вистината, и првовечниот Син Божји и Слово, како Едносуштен на Отецот и Собезпочетен го исповедаше, преподобен Василие, а незатворената уста на еретиците со светлоста на твоите зброви ја загради. Затоа и во Вишните Царства се всели, соцарствувај со Едниот и природно царствен Христос, кој на светот богато му раздава голема милост.
Се изли благодатта во твојата уста, преподобен отче, и беше пастир на Христовата Црква, учејќи ги словесните овци да веруваат во Троица Едносуштна во Едното Божество.
Спасителот кој слезе при човечкиот род прима повивање со пелени, не се одврати од телесното обрезание, осумдневен од Мајка, Безпочетен од Отецот. Нему, верни, да му речеме: Ти си нашиот Бог, помилувај нè.
Слично: Обрезание Господово. Свети Василиј Велики.