Старец Гаврил Грузиски

starecgavrilМеѓу Божјите слуги на современа Грузија е и јеромонахот Гаврил (крштелно име: Ургебадзе Годердзи Василиевич), духовен отец, жив печат на историјата на Грузиската Црква. Роден е на 26 август 1929 година вo Тбилиси. Живеел како алка во ланецот за да ја продолжи непрекинатата низа сведоштва за светлината (Јн. 1,7) во најтмурните години на страдалната Грузиска Црква, чија историја, како ретко која друга меѓу Православните Цркви, била непрекинат мартирологиј, постојано маченичко сведочење за трајното присуство на Христос Исус во Неговата Црква, овде на земјата.

Овој нов многустрадален Јов со своето трпение навистина е знак на нашето разслабено време, показател на вистинската верност кон Христа и преданост до највнатрешните длабочини. Неговото безмалку-четириесетогодишно страдање е слика на страдањето на целата Грузиска Црква, кое како во него самиот да е збиено. Неговиот смирен јововски повик не обвинува никого за своите тешкотии и не осудува.

Во 1956 г. на главниот плоштад во Тбилиси била поставена бина сo говорница заради прославување на празникот на работничката класа. Зад неа, на зградата на Извршниот Комитет на Комунистичката партија секогаш ги поставувале портретите на партиските водачи, во цел раст, два спрата високи. Во екот на прославата, кога целиот плоштад бил преполн со луѓе, а претставник на владата држел говор, одеднаш гигантските портрети на Ленин и Сталин почнале да горат од долниот раб. Додека тие полека исчезнувале во пламенот, го откривале на прозорецот на вториот спрат младиот јеромонах Гаврил кој викал: „Господ рекол… Не прави за себе идол, ниту каква било слика… Не им се поклонувај и не им служи, зашто Јас Сум Господ твојот Бог… Немој да имаш други богови (2.Мој. 20,3-5). Луѓе! Вразумете се! Грузијците од секогаш биле христијани. Зошто се поклонувате на идоли? Исус Христос умре и на третиот ден воскресна. А вашите земјени идоли никогаш не ќе воскреснат. Дури и за време на животот тие биле мртви!” Говорел уште. Вратата на зградата на Извршниот комитет била заклучена. Тој се провлекол на таванот порано и чекал митингот да започне. Тогаш ги полеал портретите со керозин и ги запалил. Набргу го извлекле од таму – дошло противпожарно возило и поставиле скали. А, тогаш масата се стрчала кон него, пробивајќи ги сите барикади. Го тепале, го удирале со кундаци, дури и со пожарникарските цевки. Врескале: „Да завршиме со оваа гнида!” Секој се трудел токму тој да го згази „непријателот на народот”, да ја покаже својата ревност и лојалност. Не пукале во него, зашто тој практично веќе бил мртов. Лицето не можело да му се распознае – тоа веќе била една голема крвава дамка. Имал фрактура на черепот и седумнаесет скршеници. Лежел без свест околу месец денови. Го лечеле многу внимателно, за да може да се изврши испрашување. Подготвувале величествено судење, но обвинетиот не можеле да го донесат ниту на носилка. Постојано бил на прагот на смртта. Но, не умрел. Со постепеното оздравување станал неподнослив за безбожните власти, од една страна заради своето проповедање во затворската болница и подоцна во затворот, од друга, заради тоа што за настанот слушнале на Запад и во Америка, па на крајот одлучиле да го пуштат, со медицинско уверение дека е луд. И дури тогаш започнало страдањето.

starecgavril01Кога, значи, по неколку години го пуштиле, бил поставен под забрана за свештенодејствување. Под таа забрана останал триесет и пет години. Не само во Црквата, туку никаде не сакале да го примаат да работи – цели десет години. Среќа што имал куќа и мајка. Бидејќи бил прогласен за луд, од државата примал седумнаест рубљи месечно, од кои тој и мајката живееле. Никој не го примал дома, сите се плашеле од него. Ни тој, ниту неговата мајка не смееле да се појават дење, на улица би пуштиле кучиња врз нив. Во почетокот одел по околните села и се најмил да чува лозја. Тогаш неговата мајка од силните трауми се парализирала и тој не можел веќе никаде да оди. Неколку години бил видуван пред црквите како седи крај портата со испружена рака. Дури и свештениците го исфрлале. Само луѓе што не го познавале ќе му дале нешто. Во неговите записи од тоа време се гледа колку личел на старозаветниот Јов: „Ако говорам, страдањето не се ублажува, ако ли замолчам, зар ќе ме одмине?… Бог ме предаде на неправедни, ме фрли во раце на безбожници… Отвора рана до рана на моето тело, како бесен војник напаѓа на мене. Го зашив голото тело во вреќиште, го нурнав своето чело во правта. Ми се запали целото лице од солзи, темна сенка падна преку моите веѓи. А нема насилство во моите раце, мојата молитва секогаш беше чиста. Изброените години се навршуваат и тргнувам на пат од каде што не ќе се вратам… Зошто го криеш своето лице и ме сметаш за свој непријател? Ќе го скршиш ли листот што ветрот го носи или ќе гониш сува сламка” (Јов 16:6,11,14-17, 23; 13:24-25)?

Долго време гладувал. И тој како Јов, знаел за „Храната во неволја” (Јов 6, 7). Ноќе одел на напуштен плац зад фабриката за колачи каде што стоеле кутиите за отпад. Понекогаш тие отпадоци би му ги фрлале низ прозорчето одгоре. Тој ќе ги однел дома тие зашеќерени помии со розов и жолт прелив, ќе ги ставел на сад и велел: „Несоменено, ова некогаш било убав колач!” Ќе го благословел, јадел и Му благодарел на Бога. Тогаш одел трошките да им ги даде на птиците. Отец Антониј, кој тогаш бил момче, за кратко време му се придружил и со него го делел овој скромен оброк, се сомневал дека и птиците ќе сакаат тоа да го јадат.

Потоа јеромонахот Гаврил станал чувар на колхозна фарма. Живеел во мала колиба. Дење заминувал во шумата каде што во карпа ископал пештера во која се молел. Отец Антониј го затекнувал како плаче на молитва. А нему, кој тогаш бил ученик, тогаш му прорекол дека ќе биде монах. Отец Антониј го гледал како седи под дрвото како среде рајот и го храни птиците. Една птица стоела на неговата рака. А тој би ѝ зборувал, особено за свети Исаак Сириски, зашто добро ги познавал учењата на Светите Отци.

Свети Исаак вели дека ако некој на својот пат наоѓа непрекинат мир, значи дека е далеку од духовноста. Колку што човек повеќе напредува духовно, сè повеќе неволји сретнува. Кога доаѓаат големи неволји, значи душата неосетно се искачила на повисоко ниво. Господ не дава големи дарови без големи искушенија и за соодветни искушенија дава соодветна благодат. „Затоа се вели дека треба да се радуваме во неволјите и да му благодариме на Бога за нив.

Отец Антониј раскажува за својата последна средба со старец Гаврил:

„Беше остарен, обелен. Порано повеќе зборуваше за радоста и љубовта, зашто поднел многу несреќи и омраза. Но, сега повеќе говори за покајанието. Ми го раскажуваше и ова: „Кога бев млад, слушнав за свештеник кој се опивал. Не го познавав, но реков: Тој е недостоен да претстои пред Господовиот олтар. Самиот живеев како незнабожец, а се осмелив да осудувам човек во свештен чин! И Господ ми покажа кој е недостоен. Отстранет сум од Него веќе триесет и пет години. Често во сон се гледам себеси како принесувам Свети Дарови, но можеби и ќе умрам, а никогаш повеќе да не отслужам ни една Литургија.” Ова го зборуваше со насолзени очи. А потоа ги повтори зборовите на Јов: „Господ даде, Господ зеде. Нека е благословено Името Господово!”

„Блажени сте кога луѓето ќе ве замразат и кога ќе ве отфрлат и посрамат и го објават вашето име како лошо, заради Синот Човечки (Лк. 6,22) – рекол Господ. И старец Гаврил смирено ја преклони главата во благодарност, зашто знаеше дека за тоа е „голема наградата на Небесата” која со опипливо чувствување на Царството уште овде ја предвкусуваат страдалниците. Но, Господ на својот верен слуга, сепак уште на земјата му даде прославување: по речиси четиресетгодишното страдање, со реформите во државата и давањето поголема слобода на Црквата, старец Гаврил од верните е ценет како нов исповедник. Живеел во најпознатиот манастир на Грузиската Патријаршија, каде што служел како архимандрит.

За времето на нашето поклоничко патување низ Грузија, повеќепати слушнавме за старец Гаврил дека во определена мерка е јуродив//луд заради Христа, затоа што одбил да живее угодувајќи им на луѓето. „Кога би им угодувал на луѓето, не би бил Христов слуга” (Гал. 1,10). А на друго место апостол Павле вели: Божјата лудост е помудра од луѓето (1.Кор. 1,25). Наспроти сета негова простота, никогаш не сум сретнал човек поинтелигентен и поначитан. Оној што е луд заради Христа, е вистински мудрец кој својата мудрост ја крие под надворешна лудост.

„Сè она што е лошо во човекот” – ни кажа – „е небитно. И вие младите, не презирајте никогаш никого, дури и кога ќе видите луѓе какви што денес има сè повеќе – луѓе за очи страшни, нечисти, пијани и навредувачи. Божјиот лик е зачуван дури и во нив, на едно подлабоко ниво, за кое можеби ниту самите тие не се свесни. Едноставно, непријателот го извлакал овој лик и го покрил со нечистотија, како што и иконата може да биде загадена. Но, ако дојде во добри раце, ќе биде исчистена и ќе почне да сјае и зрачи.

Ако мразиш макар само еден човек, во неговото лице го мразиш и самиот Христос и далеку си од Божјото Царство… Во последните времиња љубовта, смирението и добрината ќе ги спасуваат луѓето. Добрината ги отвора вратите на Рајот, смирението воведува во Рајот, а љубовта ќе ни го покаже Бога.

Тешко е да се види Божјиот лик во луѓе што ве понижуваат, кои се појавуваат во ѕверски лик. Но, нив мора уште повеќе да ги жалиме, зашто душте им се осакатени, можеби непоправливо – за вечно мачење. Колку е тешко тоа – да се љубат своите непријатели – о, колку е тешко! За да се научи тоа – треба целиот живот да се посвети. Но, во таквата љубов – човек се уподобува на Распнатиот Бог.”

На крајот го прашавме; зошто ги запалил портретите на Ленин и Сталин во Тбилиси. Одговори: „Јас сум пастир и Бог ми ја довери грижата за Неговото стадо. Комунистите направија идол и сакаа да ги натераат луѓето да му се поклонат. Тоа е тип на Антихристот, човечки лик или подобро речен, лик на ѕверот и тие сакаа да му оддадат почитување какво што му приличи само на Бога. Не можев да дозволам тоа да продолжи.”

Старецот Гаврил мирно ги затворил очите на 2 ноември 1995 година.

„Во рани, во затвори, во буни, во трудови, во бдеења, во пости. Во чистота, во знаење, во долготрпение, во благост, во Светиот Дух, во нелицемерна љубов. Во зборови на вистината, во Божја сила, со оружје на праведноста десно и лево. Во слава и срам, во укори и пофалби, како измамници и вистинити; како непознати и познати, како оние што умираат, а еве живееме, како казнувани, но не убивани. Како нажалени, а секогаш радосни, како сиромашни, а многумина збогатувајќи, како оние што ништо немаат, а сè поседуваат” (2.Кор. 5-10).

монах Герасим Елиел

5 thoughts on “Старец Гаврил Грузиски

  1. Ваков Старец до сега не сум сретнала, и мислам дека штом го направиле луд тоа значи дека е Јуродив бидејќи бил луд ради Христа…….
    Нека се моли за нас на Исус Христос бидејќи навистина бил Свет и уште е…..па по неговите молитви Господ Бог да ги помилува сите православни христијани и сите кои што страдале ради Христа и уште страдаат, Старец Гаврил Грузиски моли го Исус Христос да не помилува и спаси нас грешните !!!

  2. Hmmm,Sestra tetovska,Jas sum Pravoslaven ama prasuvam pak,samo Pravoslavnite Hristijani? Jas bi rekol site Hristijani koj veruvaat iskreno i od se srce vo Bog.
    бил Свет и уште е:Kako mozi Covek “Greshnik” da e svet?
    Pa neli site Proroci pogotovo Isus Hristos rekol samo Bog sam e Svet.
    Pa kakov rezultat dava ako lujgeto se proglasuvaat za sveti “ako” Gospod sam e Svet?
    Nema da se prekrsi prviot Bozji zakon?

  3. Covekot dobro napravil so gi turnal idolite,steta sto nasata crkva e polna so idoli.

    2. Не прави идол или слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата, што е во водата и под земјата, не им се поклонувај и не им служи.

    Mislam deka e sosema jasno i bukvalno taka da sekoj moze da svati.

    Za zal ova me donese vo sostojba da ne ja posetuvam nasata crkva povejke odkako ja procitav Biblijata.
    Sega nekoj ke me narece nevernik,Bog e nasekade,prevrti eden kamen vpustina i pomolise tuka e Gospod,sekade okolu nas e Gospod,posto se okolu nas e stvoreno od nego.

  4. Da odime malce ponazad vo korenite:

    Proglasuvanjeto na lujge za sveti doajga od Vatikanot,crkvata objasnuva deka papata e “svetiot tatko” se povtoruvam od minatiot komentar (“Isus Hristos rekol samo Bog sam e Svet.”)I site sto ne veruvaat vo svetci ili praznuvanje na tie denovi ke bidat iskluceni od crkvarta,pismeno utvredno vo Vatikanot.

    Povtorno Isus ne uci:
    И никого на земјата не наречувајте го свој ‘татко’, зашто е Еден вашиот небесен Татко.

    Znaci podrzuvanjeto na ovaj akt avtomatski go narekuva ili priznava papata kako “Svetiot Tatko” so koje avtomatski go krsi prviot Bozji zakon.

  5. Pojasnuvanje da ne me deklarira nekoj vo nekoja Sekta ili druga Crkva,Ne sum clen ni na ednoto ni na drugoto,Hristijanin sum so Biblija vrace Makedonska kupena vo pravoslavna Crkva.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s