Собор на светите седумдесет апостоли

Соборот на светите седумдесет апостоли бил установен во Православната Црква за да биде покажано рамночестието на секого од седумдесетте и со самото тоа да се спречи разногласјето во нивното почитување. Нив ги избрал Господ Исус Христос, за да го благовестуваат Евангелието на целата вселена.

Освен празнувањето на Соборот на светите апостоли, Црквата твори спомен и на секого од нив во текот на годината: апостол Јаков, брат Господов (23 октомври), Марко евангелист (25 април), Лука евангелист (18 октомври), Клеопа, брат на Јосиф Обручник, Симеон, негов син (27 април), Варнава (11 јуни), Јосија или Јосиф нарекуван Варсава или Јуст (30 октомври), Таддеј (21 августа), Ананија (1 октомври), Стефан, архиѓакон (27 декември), Филип од 7-те ѓакони (11 октомври), Прохор од 7-те ѓакони (28 јули), Никанор од 7-те ѓакони (28 јули и 28 декември), Тимон од 7-те ѓакони (28 јули и 30 декември), Пармена од 7-те ѓакони (28 јуни), Тимотеј (22 јануари), Тит (25 августа), Филимон (22 ноември и 19 февруари), Онисим (15 февруари), Епафрас и Архип (22 ноември и 19 февруари), Сила, Силуан, Крискент или Криск (30 јули), Крисп и Епенет (30 јули), Андроник (17 мај и 30 јули), Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апеллиј (31 октомври), Аристовул (31 октомври и 16 март), Иродион или Родион (8 април и 10 ноември). Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт (8 април), Ерма (5 ноември и 31 мај), Патров (5 ноември), Ермиј (8 април), Лин, Гај, Филолог (5 ноември), Лукиј (10 септември), Јасон (28 април), Сосипатар (28 април и 10 ноември), Олимп или Олимпан (10 ноември), Тертиј (30 октомври и 10 ноември), Ераст, Куарт (10 ноември), Евод (7 септември), Онисифор (7 септември и 8 декември), Климент (25 ноември), Состен (8 декември), Аполлос (10 септември и 8 декември), Тихик, Епафродит (8 декември), Карп (26 мај), Кодрат (21 септември), Марко, тој е и Јован, Зин (27 септември), Аристарх (15 април и 27 септември), Пуд, Трофим (15 април). Марко, внук на Варнава, Артем (30 октомври), Акила (14 јули), Фортунат, Ахаик (4 јануари).

По слегувањето на Светиот Дух апостолите проповедале во разни земји, а некои патувале заедно со Дванаесетте апостоли, како светите евангелист Марко и Лука, соподвижникот на свети апостол Павле: Тимотеј, ученикот на свети евангелист Јован Богослов: свети Прохор и други. Многумина од нив биле затвореници за Христа, многумина примиле венец со маченичка смрт.

Во 70-те апостоли се приброени уште двајца – светите апостоли Кифа, кому му се јавил Господ по Воскресението (1.Кор. 15, 5-6), и Симеон наречен Нигер (Дела. 13, 1), така што и тие се прославиле со апостолска проповед.

Особено Црквата ги почитува и фали 70-те апостоли затоа што тие поучувале да се почитува Троица Едносуштна и Неразделна.

В IX век Православната Црква од Јосиф Песнописец го прифатила канонот на денот Собор на 70-те Христови апостоли.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s