Светата (богојавленска) вода

Денес, во Навечерието на Крштението Господово се подготвуваме за големиот празник на кој го споменуваме крштението на Господ Исус Христос од Јован Предтеча и Крстител во реката Јордан.

Заради важноста на утрешниот настан, Црквата установила пост на денешниот ден. Кога денот пред Богојавление е Сабота или Недела – како што се паѓа оваа година, постот не може да биде строг, што значи денес ќе постиме „на зејтин.”

На овој претпразничен ден и утре на празникот, во спомен на тоа, дека Господ со Своето крштение ја осветил водата, се извршува Голем водосвет – Чин на осветување на водата.

Во чинот на на големото осветување на водата свој израз нашле многу од библиските слики, особено евангелскиот образец за «живата вода» – која е знак на благодатта на Светиот Дух. По зборовите на светиот пророк Исаија: „Зацврстете ги ослабнатите раце, и утврдете ги растреперените колена; кажете им на ропските по душа: бидете цврсти, не плашете се; еве го вашиот Бог… Тој ќе дојде и ќе ве спаси… и ќе се претвори пустината во езеро, и жедната земја – во водни извори (Ис. 35, 3–7), и со радост ќе црпите вода од изворите на спасението (Ис. 12, 3). Во водата со молитва се спушта крстот и таа, преку силата на распнатиот и воскреснат Христос – станува света. Така на водата ѝ се предава незвидливата Божја благодат. Што значи и каква сила има осветувањето на водата што се извршува во Црквата? Тоа значи дека на водната стихија ѝ се враќа првобитната чистота и светост, благословот Господов и благодатта на Пресветиот и Животворечки Дух.

Осветената вода – е една од најголемите светињи (на грчки светата вода се вика: агиасма = светиња). Таа нè придружува низ целиот христијански живот – во неа се крштеваме, со света вода нè поросуваат во храмовите, при осветување на домовите и други објекти. Светата вода е задолжителна и при осветување на храмовите и сите предмети, и конечно со неа оросува и упокоениот човек.

Светата вода не е е просто вода со духовно значење, таа е ново битие, духовно-телесно битие, взаемна поврзаност на небото и земјата, спој на Божјата благодат и материјата. Затоа Богојавленската светиња според црковните канони се разбира како некој вид понизок степен на свето причестување: за случаите кога некому на определно време му е забрането да се причестува со Светите Тајни на Телото и Крвта Христови, во каноните е забелележано: «Само агиазма да пие».

Кон осветената вода како кон црковна светиња треба да се однесуваме благочестиво. При побожно однесување, светата вода не се расипува многу години. Таа треба да се чува на посебно место, можеби е најдобро да стои покрај домашните икони. Се употребува како и нафората, на празен стомак, после молитва, бидејќи светата вода не се пие за да ја згаснеме жедта, туку за да ги добиеме нејзините благодатни својства, за лекување на духовните и телесните болести. Затоа, таа може и треба да се пие во најразлчни прилики: во време на болест, страв, искушенија и сл. Со светата вода исто така може да ги поросуваме собите во домовите за прогонување на секое зло и скверна.

Водата што се осветува во навечерието на Богојавление и водата осветена со водосветот на денот на празникот – не се разликуваат по својствата, бидејќи и во двата случаја осветувањето се извршува со истиот црковен чин.

Осветувањето на водата не е магиско дејство. Благодатта не дејствува механички, туку според верата на христијанинот. Затоа христијанинот е должен да учествува во црковната молитва и да земе вода од црква. Но, ако човек не може да посети православен храм (заради болест или други оправдани пречки), тој може со вера и молитва да нацрпи вода во најблиската река или друга природна вода – и таа вода ќе ги има истите својства како водата што е осветена во црква, бидејќи со богојавленскиот водосвет се осветуваат сите води во природата.

Светата вода е од голема полза за христијаните кои цврсто веруваат во силата на Божествената благодат и само во тој случај случај се отвора можноста за нејзиното исцелително дејство. Ако пак човекот не верува и ја зема само од љубопитност или како што некои размислуваат: „за секој случај” а, без покајание за своите гревови, тогаш не треба да се очекува помош. Благодатта на светата вода не може да дејствува во затворено и тврдо човеково срце. Човекот што чува зло во себе никогаш не ќе може да ги прими благодатните дарови кои ни ги дава Господ.

А што може да се види на големиот и свет празник, кога стотици луѓе се туркаат и се препираат со непристојни зборови. За водата се борат како за некој трофеј кој треба да го освојат по секоја цена. Но, не треба да си дозволиме ни лоша мисла, ни лош збор, никаква неблагочестива постапка од кои светата вода ја губи светоста. Осветената вода останува света долго време, односно додека ние со нашите гревови не ја обезсветиме.

Својствата на Богојавленската вода навистина се чудесни и восхитувачки! Во историјата на Црквата постојат многу примери за тоа. Уште свети Јован Златоуст, во IV век, говорел дека светата богојавленска вода во текот на многу години останува нерасиплива, свежа, чиста и пријатна, како тукушто да била донесена од жив извор. Тоа е чудото на Божјата благодат, кое и денес секој може да го види!

Кога човек ја употребува светата вода, тогаш душата и телото се осветуваат, мислите се просветуваат и човекот се орасположува за добри дела.

Светителот Теофан Задонски вели: „Целата благодат што доаѓа од Бога преку светиот Крст, светите икони, светата вода и др. – има сила само за оние, кои се достојни за таа благодат преку покајание, молитва, смирение, служење на луѓето, преку милосрдни дела и пројавување на другите христијански добродетели. Значи, благодатта не спасува и не дејствува автоматски, таа е бесполезна за нечестивите и лажните христијани (без добродетели).”

Ќе добие ли човек полза од светата вода, зависи, пред сè, од верата на човекот во Бога – Светата и Живоначелна Троица. Во молитвата за осветувањето на водата се молиме «самиот Човекољубец Цар да дојде и со слегувањето на Светиот Свој Дух да ја освети водата и да ѝ даде благодат за избавување, благослов јордански: да ја направи извор на непропадливост, дар на осветување, за простување на гревовите, за исцелување на болестите, да биде погубна за демоните, за противничките сили непристапна, а исполнета со ангелска сила». Светата вода го осветува, обновува и преродува човекот за новиот живот во Христа. Амин.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s